Вести

Вести

Учениците во Уганда сакаат искуствено учење и кога се на училиште

Од 19 до 22 ноември 2024 година, во Кабале, Уганда, се реализира уште една обука за бизнис вештини според познатата ЦЕФЕ методологија. Предводена од сертифицираниот ЦЕФЕ обучувач Џералд Аребахона, обуката овозможи 15 девојки и 2 момчина од стручното училиште „Ворк Уганда“ да ги усвојат основните претприемачки вештини и да развијат иновативни концепти за нивните бизнис идеи. Обуката се одвиваше во тренинг центарот на организацијата „Прауд Уганда“, во Кабале, благодарение на соработката меѓу организациите и училиштата. Учесниците го искажаа своето максимално задоволство преку дневни и финални оценки на обуката. А ова се дел од коментарите: „Методологијата беше доста забавна и научив многу за да размислам за свој бизнис“ „Начинот на работа беше толку различен од секојдневните предавања, и се прашувам зошто до сега не не учеле вака и во училиште“ Во текот на обуката, учесниците успешно ги поминаа модулите за бизнис идеја, поставување цели, маркетинг, производство, финансии и организација. Преку овие теми, тие стекнаа важни знаења и алатки кои ќе им помогнат во развивањето и управувањето со сопствените бизниси. Оваа обука е дел од пошироката иницијатива на ЦЕФЕ Македонија за промовирање на претприемачката култура во Уганда, со визија да се поттикнат младите на економски развој и одржлив напредок. Следните обуки се планирани за ноември и декември 2024 година, продолжувајќи ја мисијата за создавање можности и посветла иднина за младите во овој регион.

Вести

Обука за користење на дигитални алатки за 3Д дизајн

Во периодот од 04 до 08 ноември 2024 година, ЦЕФЕ Македонија, заедно со ученици од партнерските училишта, учествуваше во мобилноста во рамките на проектот ВИРТУАЛ (Јакнење на дуалното образование во туристичкиот сектор преку виртуелна и проширена реалност). Настанот се одржа во Перуџа, Италија, во просториите на ТУЦЕП, организацијата која го координира проектот. Повеќе информации за проектот можете да најдете на официјалната страница: https://www.virtual-erasmusproject.eu/. Целта на обуката беше запознавање на учесниците со алатки и отворени онлајн ресурси за 3Д моделирање и дизајн, како и примена на виртуелната и проширената технологија. Акцентот беше ставен на дигитализација и зачувување на културното и историското наследство, со што ќе се овозможат виртуелни туристички посети на различни локации. Оваа активност индиректно ќе придонесе за развој на туристичкиот сектор во нашата земја. Проектот ВИРТУАЛ има за цел да го подобри нивото на компетенции, вештини и потенцијалот за вработување кај учениците од стручното образование (ВЕТ секторот) преку нови и иновативни образовни програми од областа на туризмот (угостителство и ресторани). Специфично, проектот се фокусира на примена на иновативни технологии, како што се виртуелна реалност (VR), проширена реалност (AR) и симулатори, во ВЕТ институциите од Западен Балкан. Оваа иницијатива е дел од поширокиот концепт на Образование 4.0, кој ги интегрира современите технологии во образованието.

Вести

Зацврстување на соработката со училишта во Уганда

Во месец октомври и ноември 2024 година, ЦЕФЕ Македонија потпиша меморандуми за соработка со организации и училишта од Уганда.  Чест ни е што имаме пријатели и соработници во стручните училишта од Кабале регионот: Целта на меморандумите е соработка во активности поврзани со претприемништво како и заеднички проекти за економско и социјално јакнење на локалните заедници. Овие меморандуми ќе овозможат организирање на уште 7 обуки  за 120 учесници до април 2025 година во Уганда.  Учесниците на обуките ги изучуваат темите: претприемачки карактеристики, анализа на бизнис идеи, маркетинг план, финансиски план, план на производство и организација, како и околина на бизнисот. Следните обуки ќе се одржат во ноември и декември 2024 година, а визијата на оваа соработка е да се поттикне претприемачка култура и компетенции кај младите од регионот Кабале, со што ќе се создадат нови можности за економски развој и одржлива иднина.

Вести

Повик за учесници на обука за финансиска писменост во Грција

ЦЕФЕ Македонија, заедно со Европски партнери, спроведува обука за финансиска писменост од 08 до 15 февруари 2025, во Киато, Грција. Киато е симпатичен и крајбрежен град, во Коринтскиот залив, на 60 км западно од Атина.  Целта на обуката е учесниците да се запознаат со основите на финансиската писменост и да се способни да ја применуваат кај себе, но и да ги советуваат луѓето околу нив. Бараниот профил на учесници е: задолжително познавање на разговорен англиски јазик, да се постари од 22 години, да се во позиција да можат да го споделат наученото со група на млади во нивната средина. Посакуван профил на учесници, но не е лимитиран, е: наставници, тренери, младински работници, социјални работници, обучувачи… едукатори кои што работат со млади. Начин на пријавување и селекција: Обуката е организирана во рамки на Еразмус+ програмата за мобилност и едукација. Трошоците поврзани со пат, сместување, храна и материјали за обуката се покриени од организаторите.  За подетални официјални информации за патот, сместувањето, учесниците, обуката и др… најдете во овој документ. Останатите правила и услови за учество на интернационални обуки во рамки на проекти организирани или спроведени од ЦЕФЕ Македонија, ви препорачуваме да ја прочитате нашата  Декларација за Учество.

Вести

Претприемачки почетоци на младите од основно образование

Во рамки на мисијата на ЦЕФЕ Македонија за промоција на претприемништвото и креирање на општества засновани на претприемачки компетенции, на 13 ноември 2024 година, се потпиша меморандум за соработка со ООУ Јан Амос Коменски од Скопје. На средбата присуствуваа директорката на институцијата г-ѓа Татјана Јанкуловска, наставничка по хемија и ЦЕФЕ обучувач г-ѓа Александра А. Блажевска, претседателот на ЦЕФЕ Македонија, г-ин Јован Сталевски и соработничка на ЦЕФЕ Македонија од Франција, г-ѓа Ламија Бенамар.  Со овој меморандум организациите ја зајакнуваат меѓусекторската соработка, со цел да се понудат и нови иновативни пристапи на искуствено учење за учениците и наставниот кадар.  Претставниците разговараа за значењето на претприемништвото во развојот на младите генерации како креирачи на нови вредности, но и за приближувањето на можностите што ги нудат Европските образовни програми за иден развој на учениците, наставниците и соработниците.  Во месец ноември, нашата ЦЕФЕ обучувачка Александра А. Блажевска ќе реализира обука за претприемачки вештини и знаења за 9то оделенците од училиштето, како вон наставни активности, со што околу 20 ученици ќе ја искусат ЦЕФЕ Методологијата и ќе ги запознаваат нивните потенцијални карактеристики како претприемачи. Двете организации ја гледаат иднината на младите луѓе во образование засновано на компетенции, универзални вредности и свесни граѓани.

Вести

Професионално напредување за испорака на висококвалитетни обуки

Обуката за обувачи се одржа на Факултет за земјоделски науки и храна, Скопје од 29 октомври до 02 ноември 2024 година а беше специјално дизајнирана за професионалци кои сакаа да се здобијат со комплетни компетенции (знаења, вештини, ставови и навики) потребни за ефикасна испорака на обука. Учесниците се оспособуваа за планирање, дизајн, реализација и проценка на ефектите од обуката, преку богат и структуриран пристап кој се потпира на методи како искуствено учење, симулации, играње улоги, студии на случаи, групна работа, коучинг и теренски активности. Учесниците беа поттикнати на соработка и практична примена на стекнатите знаења преку динамична групна работа и реални сценарија. Обуката ја предводеше Јован Сталевски, искусен и интернационално сертифициран мастер обучувач и советник од ЦЕФЕ Македонија. Учесниците на оваа обука истакнаа дека се здобиле со: На крајот од обуката, учесниците ја оценија програмата како исклучително корисна, истакнувајќи ги искуственото учење и професионалното дизајнирање на обуките како најголеми придобивки кои ќе ги применат во својата работа. Следната обука за обучувачи ја планираме за крајот на февруари 2025 година, и доколку сакате да се професионализирате како обучувач во вашата организација, пополнете пријава за интерес и нашите советници ќе ве контактираат.