ЦЕФЕ мрежа и обучувачи
Биди дел од мрежата на повеќе од 20,000 обучувачи низ целиот свет!
ЦЕФЕ Обучувачи
За да станете ЦЕФЕ обучувач, кандидатите мора успешно да учествуваат во две активности: обука за обучувачи (ТоТ) и да водат обуки.
Обуката за ЦЕФЕ обучувачи – ги обучува учесниците да спроведуваат обуки со целната група користејќи ЦЕФЕ методи
Водење на обуки – по завршената обука за обучувачи, потребно е да се заврши квалификацијата со што учесниците ќе бидат надгледувани за време на нивната прва обука
Сертификати и лиценцирање
ЦЕФЕ Македонија има воспоставен јасен систем за сертификација и лиценцирање на обучувачи, со цел да се обезбеди квалитетна и професионална примена на ЦЕФЕ методологијата.
ЦЕФЕ сертификат добиваат кандидати кои успешно ќе ја завршат Обуката за ЦЕФЕ обучувачи (ToT) и ќе поминат менториран процес на практична примена во реални обуки. Сертификатот потврдува дека обучувачот поседува основни компетенции за работа според ЦЕФЕ методологијата.
По стекнување сертификат, обучувачите можат да добијат Национална ЦЕФЕ лиценца, која се издава на повеќе нивоа во зависност од искуството, перформансите и придонесот кон ЦЕФЕ мрежата. Лиценцата се обновува периодично и гарантира континуиран квалитет и професионалност.
ЦЕФЕ Македонија соработува со CEFE International и ги поддржува националните обучувачи во процесот на стекнување меѓународна ЦЕФЕ сертификација. Највисокото ниво се ЦЕФЕ Мастер обучувачи, кои се овластени да обучуваат нови ЦЕФЕ тренери.
За повеќе информации и аплицирање: info@cefe.mk и процесот и критериумите за цефе сертификација и лиценци 3.0 можете да ги видите на следниот ЛИНК.
