Повик за учесници на обука за финансиска писменост во Грција

Сподели

ЦЕФЕ Македонија, заедно со Европски партнери, спроведува обука за финансиска писменост од 08 до 15 февруари 2025, во Киато, Грција.

Киато е симпатичен и крајбрежен град, во Коринтскиот залив, на 60 км западно од Атина. 

Целта на обуката е учесниците да се запознаат со основите на финансиската писменост и да се способни да ја применуваат кај себе, но и да ги советуваат луѓето околу нив.

Бараниот профил на учесници е: задолжително познавање на разговорен англиски јазик, да се постари од 22 години, да се во позиција да можат да го споделат наученото со група на млади во нивната средина. Посакуван профил на учесници, но не е лимитиран, е: наставници, тренери, младински работници, социјални работници, обучувачи… едукатори кои што работат со млади.

Начин на пријавување и селекција:

  1. Пријавувањето на интерес за учество до 15 декември 2024 година со пополнување на следната форма, која се состои од информации за вас, вашата мотивација и како ќе го примените знаењето. 
  2. Изборот на учесници ќе биде извршен од 20 до 25 декември 2024 година од страна на обучувачите на обуката и организаторите од Грција – YouthHorizons https://youthhorizons.gr/ 

Обуката е организирана во рамки на Еразмус+ програмата за мобилност и едукација. Трошоците поврзани со пат, сместување, храна и материјали за обуката се покриени од организаторите. 

За подетални официјални информации за патот, сместувањето, учесниците, обуката и др… најдете во овој документ.

Останатите правила и услови за учество на интернационални обуки во рамки на проекти организирани или спроведени од ЦЕФЕ Македонија, ви препорачуваме да ја прочитате нашата  Декларација за Учество.