Во периодот од 04.11.2024 г. до 29.11.2024 г., во просториите на СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани, во рамките на меморандумот за соработка и иницијативата на ЦЕФЕ Македонија, се спроведоа обуки за „Интензивни бизнис вештини“ според ЦЕФЕ методологијата.
Учесници во обуките беа 33 ученици од трета година економска струка, поделени во две паралелни групи, кои работеа по 4 дена интензивно развивајќи ги своите претприемнички компетенции потребни за основање и управување со бизнис. Обуките ги водеше Весна Ефремова, професорка по бизнис и претприемништво, која е сертифициран ЦЕФЕ обучувач за бизнис вештини.
Учениците научија како да:
- препознаваат претприемачки карактеристики;
- управуваат со ризик;
- генерираат и селектираат бизнис-идеи;
- поставуваат цели;
- анализираат околина преку SWOT анализа;
- креираат маркетинг-стратегија;
- произведуваат и се организираат во тимови;
- подготвуваат финансиски план;
- донесуваат одлуки во реално бизнис-опкружување.
Во следниот период, учениците под менторство на професорката ќе ги применуваат стекнатите знаења и вештини преку разработка на потенцијални бизнис-идеи. Овие идеи ќе им овозможат учество во следните активности организирани од ЦЕФЕ Македонија.
Оваа обука претставува значаен чекор во развојот на практичните и претприемничките способности на учениците, кои ќе ги подготват за предизвиците на идниот пазар на трудот.












