Претприемачки почетоци на младите од основно образование

Сподели

Во рамки на мисијата на ЦЕФЕ Македонија за промоција на претприемништвото и креирање на општества засновани на претприемачки компетенции, на 13 ноември 2024 година, се потпиша меморандум за соработка со ООУ Јан Амос Коменски од Скопје.

На средбата присуствуваа директорката на институцијата г-ѓа Татјана Јанкуловска, наставничка по хемија и ЦЕФЕ обучувач г-ѓа Александра А. Блажевска, претседателот на ЦЕФЕ Македонија, г-ин Јован Сталевски и соработничка на ЦЕФЕ Македонија од Франција, г-ѓа Ламија Бенамар. 

Со овој меморандум организациите ја зајакнуваат меѓусекторската соработка, со цел да се понудат и нови иновативни пристапи на искуствено учење за учениците и наставниот кадар. 

Претставниците разговараа за значењето на претприемништвото во развојот на младите генерации како креирачи на нови вредности, но и за приближувањето на можностите што ги нудат Европските образовни програми за иден развој на учениците, наставниците и соработниците. 

Во месец ноември, нашата ЦЕФЕ обучувачка Александра А. Блажевска ќе реализира обука за претприемачки вештини и знаења за 9то оделенците од училиштето, како вон наставни активности, со што околу 20 ученици ќе ја искусат ЦЕФЕ Методологијата и ќе ги запознаваат нивните потенцијални карактеристики како претприемачи.

Двете организации ја гледаат иднината на младите луѓе во образование засновано на компетенции, универзални вредности и свесни граѓани.