Author name: Trajche Anastasov

Вести

Трибина за семејни бизниси

Настан кој што ќе ве инспирира и мотивира и на кој ќе имате можност да запознаете нови контакти! Во Македонија семејните бизниси завземаат речиси две третини од вкупната бројка и имаат голем удел во бруто домашниот производ, како и во понудата на работни места, со што се клучни фактори во македонската економија. Главна одлика на семејните бизниси, доколку се добро менаџирани, е нивната долготрајност, флексибилност и најважно од се, освен пренесувањето на капиталот – трансферот на вештините,  знаењето и вредностите од една на друга генерација. Според податоците од истражувањето направено на територијата на Р. Македонија, кога станува збор за знаењата и вештините, како најсоодветни за претставаниците на семејните бизниси кои беа дел од ова истражување, се наведува потребата од: Алатки и механизми за разбирање и менаџирање на клучни прашања поврзани со бизнисот; Алатки и механизни за донесување на одлуки со компромис; Познавања и вештини за креирање и имплементација на реалистична стратегија за раст на семејниот бизнис; Испитаниците се изјаснија дека најсоодветен начин за стекнување со овие знаења и вештини е преку обука, како и споделување на искуства со други претставници на семејни бизниси. За таа цел, ЦЕФЕ Македонија, во соработка со Центарот за бизнис психологија, ја организира оваа прва „Трибина за семејни бизниси“. Зоран Витанов, Марина Анчевска и Јован Сталевски преку дискусија со основачи и наследници на семејните бизниси, ќе ви ги пренесат добрите практики кои им овозможиле континуиран раст и развој на нивните компании, како и решенија кои се покажале како најефикасни за надминување на предизвиците. Бизнис трибината ќе се состои од два дела: Во првиот дел ќе се обработуваат теми кои ги засегаат основачите на семејните бизниси, а специјалните гости ќе дадат одговор на следниве прашања: Како го започнале бизнисот? Како дошле до идеја? Дали е ова тоа што го започнале или имало промена? Со кои предизвици се справувале? Што е тоа што може да го споделат како совет? Кои се нивните наследници? Дали ако немаат наследник би го продале бизнисот? Дали се врзани за бизнисот? Во вториот дел ќе се обработуваат теми кои ги засегаат наследниците на семејните бизниси, а специјалните гости ќе дадат одговор на следниве прашања: Како го чувствуваат бизнисот? Како и зошто станале дел од бизнисот? Со што се справуваат? Бидејќи секоја нова генерација се разликува од претходната, какви промени направиле и како на тоа реагирале основачите на бизнисот? Како семејниот систем влијае на организацискиот систем? Дали можат да го одвојат семејството од организацијата или се испреплетени? Освен знаењето и практичното искуство кое ќе ви го пренесат нашите почитувани гости, дополнителна вредност на овој настан е што по завршувањето на официјалниот дел, предвиден е и коктел, каде во релаксирана атмосфера ќе имате можност да се запознаете и да се вмрежите со останатите претставници на семејните бизниси, како и претприемачи со кои би можеле да остварите понатамошна соработка и размена на искуства. За кого е оваа трибина? За сопствениците на бизниси кои сакаат да им го предадат бизнисот на нивните наследници; За оние што веќе работат во бизнисот и имаат некакви вештини за водење и превземање на бизнисот; За оние на кои што родителите сакаат да им го предадат бизнисот, но не се во бизнисот и немаат основни вештини за водење и превземање на бизнис; Настанот ќе биде одржан на 14.03.2019 во просториите на Јавна Соба, со времетраење од 11:00 до 14:00 часот. Вашата инвестиција за овој настан ќе изнесува 600 денари, со вклучен пијалок и коктел. Бидејќи местата се ограничени, Ве молиме резервирајте го вашето место навреме со регистрација на следниов линк. Влезниците ќе може да ги купите на денот на одржувањето на настанот.

Вести

Мобилна апликација која ги зголемува шансите за вработување и професионален развој!

Преку игра на мобилен телефон ќе ги зголемиме нашите шанси за вработување и професионален развој! Од Шпанија го започнуваме новиот проект VOCCESS каде што со партнери од Италија, Шпанија, Турција и Бугарија ќе креираме софтвер за кариерно ориентирање и професионален развој за младите во светот. Планот е да им ја олесниме работата на кариерните центри и да го направиме професионалниот развој поинтересен за младите. Овој викенд претставници од ЦЕФЕ Македонија се сретнаа со партнерите во Валенсија, за да ги разговараат деталите околку реализацијата на VOCCESS. На 23 и 24 фебуари се одржа kick-off состанок, каде што ги поставивме целите и вредностите на проектот. Почнуваме со полна пареа, следете не за повеќе информации!

Вести

Завршна конференција на проектот за поддршка на фамилијарните бизниси

На 23ти јануари, во Атинската комора за трговија и иднустрија се одржа завршната конеференција на проектот за поддршка наследниците на фамилијарните бизниси и нивното успешно наследување – ФАБУСС (FAmily BUsiness Successful Succession). Проектот е дел од  Еразмус+ програмата, со времетраење од 24 месеци, а во него учествуваа партнерски организации од 6 зејми, во координација на Атинската Стопанска Комора. Целта на овој проект беше да им се помогне на младите инволвирани во фамилијарните бизниси да стант успешни и ефективни наследници. Во Македонија се смета дека над 50% од бизнисите се фамилијарни и имаат голем удел во вкупниот БДП, како и во понудата на работни места, со што пружаат голема поддршка на македонската економија. Во име на партнерите од Македонија – ЦЕФЕ Македонија и НМСМ, зборуваше претседателот на ЦЕФЕ – Јован Сталевски, кој истакна дека “овој проект ги разбуди наследниците, претприемачите, поддржувачите и експертите за фамилијарни бизниси да делуваат проактивно во успешното наследување на фамилијарните бизниси. Зошто? Бидејќи повеќе од две третини од сите мали и средни претпријатија во државата се истоветуваат со фамилијарни бизниси, а тоа е значаен дел од Македонскиот БДП и конкретните работни места во сите региони на државата”. На конференцијата се зборуваше и за важноста на проектот, неговата имплементација и постигнатите резултати. Зборувајќи на конференцијата, претседателот на Атинската Стопанска Комора, г. Константинос Михалос, итакна дека: „Преку обуките во FABUSS проектот на учесниците им беше дадена можност да се здобијат со соодветни вештини и знаења, за да можат ефективно да управуваат и развиваат фамилијарни бизниси, како и да ги имплементираат иновативните стратегии, да ги искористат можностите за вмрежување и соработка со претпријатија од други земји. Создавањето на подобри услови за транзиција на фаилијарните бизниси од една на друга генерација беше потребата на која сакавме да одговориме со FABUSS. Со други зборови сакавме да им помогнеме на помладите членови на семејството да станат компетентни и ефективни наследници. Во тој контекст, организиравме партнерство на актери од шест земји: Грција, Италија, Кипар, Бугарија, Португалија и Македонија, преземајќи ја улогата на координатор. Првиот чекор беше да се спроведе истражување за да се идентификуваат потребите, по што следеше 25-часовна програма за семинари, каде што вкупно, беа обучени 235 лица кои учествуваа бесплатно. Сите овие, сегашни или идни сопственици на фамилијарни бизниси, имаа можност да присуствуваат на презентации, да учествуваат во дискусиите и да учат специјален едукативен материјал за успешна деловна сукцесија. Сакавме оваа работа да создаде добра практика, поглавје на искуство и материјал кој ќе биде експлоатиран во иднина, како од Атинската Стопанска Комора, така и од партнерите, а и од други засегнати страни за поддршка на процесот на сукцесија во фамилијарните бизниси. Во оваа смисла, верувам дека овој проект ќе продолжи да ја исполнува својата цел, дури и по неговото завршување.“ Во овој проект се постигнаа следните резултати: Се идентификуваа и се нагласија најдобрите практики за обука и поддршка на идната генерација на лидери во фамилијарните бизниси; Им се овозможи на идната генерација лидери да дојдат до потребните знаења, вештини и контакти- национални и меѓународни; Се зајакнаа знаењата и вештините на идните лидери, преку транснационални практики, експертиза и тимска работа со членовите од целната група од други земји; Се поддржаа долговечноста на фамилијарните бизниси, нивно обновување и интернационализација, со цел реализација на нивниот социјално-економски придонес;  Се идентификуваа и анализираа регионалните потреби во полето на фамилијарните бизниси и младинското претприемништво; Се креираше и имплементираше онлајн платформа за подобрување на нивото на претприемачки знаења и вештини на младите-наследници на семеен бизнис. За време на конференцијата, беа направени повеќе предлози за експлоатација на програмата FABUSS: Искористување на производите на FABUSS и на други организации за дополнување на нивните сопствени програми Пренесување на материјал за обука на FABUSS до заинтересирани провајдери на обуки во регионот Идивидуален коучинг на двете генеррации Развивање на програми за претприемачки вештини кај децата Развивање на нови претприемачки програми според потребите на двете генерации ЦЕФЕ Македонија веќе работи на следните активности кои продолжуваат да пружаат поддршка на фамилијарните бизниси. Од февруари започнуваме со спроведување на обуки со материјалите произведни во ФАБУСО, а спремаме и  форум на фамилијарни бизниси кој ќе се одржи во октомври оваа година.

Вести

Обука за CANVA Design

Едноставноста и можностите кои ги нуди CANVA Design платформата предизвикаа голем интерес кај бизнисите во Македонија, но и кај поединците кои сакаат да ги надоградат своите вештини. Поради можностите кои ги нуди дигиталниот маркетинг, се’ повеќе компании пројавуваат интерес за овој тип на промоција што предизвика цената на овие услуги нагло да пораснат во изминатите неколку години и да претставува луксуз за микро, малите и средни бизниси, особено за оние кои штотуку започнуваат со работа. Бидејќи мисијата на ЦЕФЕ Македонија е да ги гради претприемачките и менаџерските компетенции на економските актери во општеството, т.е. да им помага на микро, малите и средни претпријатија и оние кои сакаат да започнат бизнис, ви нудиме решение кое што ќе ве позиционира во светот на визуелните комуникации – ефикасна обука за користење на CANVA Design платформата. Што е CANVA Design? Тоа е онлајн платформа каде можете да го креирате дигиталниот идентитет на вашиот бизнис. Зошто е потребна оваа обука? Сите ќе признаеме дека живееме во време на дигитализација, каде што квалитетот на дигиталниот маркетинг е еден од есенцијалните елементи, клучни за успехот и продажбата на сите организации и компании. Оние компании кои што ја имаат препознаено оваа потреба, денес остваруваат огромен напредок и профит, благодарение токму на дигиталната промоција и визуелниот идентитет. Што ќе научите на оваа обука? Поради едноставните алатки и готови темплејти на CANVA Design платформата, ќе можете сами да создавате рамки за вашите промотивни фотографии на социјалните медиуми или пак да креирате постери, флаери или темплејти за вашите Power Point презентации или материјали за печатење. За таа цел го ангажиравме обучувачот, Предраг М. Клекачкоски да ви ги пренесе техниките, советите и искуствата за како да извлечете максимум од Канва, како и основите на дизајнот и визуелниот идентите на една компанија. Со оваа работилница ќе ги поставите основите за креација на вашите идни промотивни материјали и ќе се здобиете со знаење кое понатаму ќе ви помогне при создавањето на квалитетни дизајни, а шансите вашиот бизнис да биде виден и препознаен од потенцијалните клиенти ќе бидат поголеми. Работилницата ќе се одржи на 31.01.2019 во просториите на ЦЕФЕ Македонија,  Бул. „Партизански Одреди бр. 27/А/3 (Над Комерцијална Банка во Буњаковец), со времетраење, од 16:30 до 20:00 часот. Вашата инвестиција во оваа вештина ќе изнесува само 700 денари. Бидејќи местата се ограничени, Ве молиме резервирајте го вашето место навреме со регистрација на следниов линк. Во политиката на работа на ЦЕФЕ Македонија, изборот на учесници се прави по принципот, прв дојден, прв услужен. А за потврда на резервацијата за учество, ја земаме во предвид уплатата на нашата жиро сметка: НЛБ Банка, АД Скопје 210-0637710601-47, Цел на дознака: Обука CANVA Design.

Вести

Партнерски состанок во Потенца, Италија

На 11 и 12 јануари 2019 година, во Потенца, Италија се одржа вториот интернационален состанок во рамки на проектот „Искуствено учење за угнетените групи на возрасни“ (Experiental Pedagogy of the Oppressed for Adults). На состанокот присуствуваа ЦЕФЕ Македонија, ГЕГЕД од Турција, АЕДДП од Грција, ЕУРО НЕТ од Италија и БАСД од Бугарија. Овој проект цели кон развивање на вештините на мигрантите и помагање во нивната социјална интергација, развивајќи ги нивните компетенции и учејќи ги како да ги избегнат или надминат конфликтите преку подобрување на условите за живеење, писменост, пристап до јавни услуги, ИКТ и јазични вештини и поттикнување на интеркултурно учење и физичко-социјален развој; преку развој на активности за обука и создавање разни интелектуални производи, вклучувајќи истражување за нивните потреби и прирачник насочен кон обучувачи и експерти кои работат со оваа целна група. Моментално се работи на финален развој на бесплатен прирачник со конкретни методологии и работни практики за оние кои работат во овој сектор, кои ќе бидат тестирани на 2 обуки, една во Турција (одржана во ноември 2018 година), а друга во Македонија, која ќе се спроведе во јули 2019 година. Овој прирачник се изработува на англиски јазик и на сите јазици на партнерските организации (турски, италијански, грчки, бугарски и македонски) кои ќе бидат бесплатно дистрибуирани до сите заинтересирани страни, за да служат како алатки за понатамушна употреба во развој и имплементација на обуки “

Општо

Partners Meeting in Potenza, Italy

On 11th  and 12th of January 2019, in Potenza, Italy, CEFE Macdonia participated in the second international meeting, together with the project partners GEGED from Turkey, AEDDP from Greece, EURO NET from Italy and BASD from Bulgaria,  which was held in the framework of the Experiential Pedagogy of the Oppressed for Adults. This project aims to develop the skills of the migrants and help them in their social integration by developing their competencies and by teaching them how to avoid or overcome conflicts by improving living conditions, literacy, access to public services, ICT and language skills and by encouraging the intercultural learning and physical and social development; through the development of training activities and the creation of various intellectual products, including research on their needs and a handbook which will be used by the trainers and the experts who are going to work with this target group. At this moment, we are working on the final development of a free manual containing concrete methodologies and working practices for those working in the sector, which will be tested in 2 training courses, one in Turkey ( held in November 2018) and another in Macedonia (which will be conducted in July 2019). This manual is produced in English and in all languages ​​of the partnership (Turkish, Italian, Greek, Bulgarian and Macedonian) and will be distributed free of charge to all interested parties in order to serve as an operational tool-kit.