Партнерски состанок во Потенца, Италија

На 11 и 12 јануари 2019 година, во Потенца, Италија се одржа вториот интернационален состанок во рамки на проектот „Искуствено учење за угнетените групи на возрасни“ (Experiental Pedagogy of the Oppressed for Adults). На состанокот присуствуваа ЦЕФЕ Македонија, ГЕГЕД од Турција, АЕДДП од Грција, ЕУРО НЕТ од Италија и БАСД од Бугарија.

Овој проект цели кон развивање на вештините на мигрантите и помагање во нивната социјална интергација, развивајќи ги нивните компетенции и учејќи ги како да ги избегнат или надминат конфликтите преку подобрување на условите за живеење, писменост, пристап до јавни услуги, ИКТ и јазични вештини и поттикнување на интеркултурно учење и физичко-социјален развој; преку развој на активности за обука и создавање разни интелектуални производи, вклучувајќи истражување за нивните потреби и прирачник насочен кон обучувачи и експерти кои работат со оваа целна група.

Моментално се работи на финален развој на бесплатен прирачник со конкретни методологии и работни практики за оние кои работат во овој сектор, кои ќе бидат тестирани на 2 обуки, една во Турција (одржана во ноември 2018 година), а друга во Македонија, која ќе се спроведе во јули 2019 година. Овој прирачник се изработува на англиски јазик и на сите јазици на партнерските организации (турски, италијански, грчки, бугарски и македонски) кои ќе бидат бесплатно дистрибуирани до сите заинтересирани страни, за да служат како алатки за понатамушна употреба во развој и имплементација на обуки “