Author name: Trajche Anastasov

Вести

Повик за втора работилница за наследници на фамилијарни бизниси

Првата обука во рамки на проектот ФАБУСС, која беше одржана на 18.05.2018 во просториите на Стопанска Комора на Македонија привлече 40 претставници на семејни бизниси од Скопје, Прилеп, Битола, Радовиш, Кавадарци, М. Брод, Велес, Охрид, Ресен и други делови на Македонија. Целта на првата работилница беше да наследниците се стекнат со вештини со кои би ги научиле  родителите како да им го предадат бизнисот и беа обработени следниве две теми: Разбирање на предностите и недостатоците на семејните бизниси. Транснационални разлики и градење на компетенции на идните наследници. Следната 2-ра обука е закажана на 07.06.2018 со почеток во 09:00 часот во просториите на Стопанска Комора на Македонија. Обучувач повторно ќе биде господинот Зоран Витанов, а ќе бидат обработени следниве теми:  Стратегии за раст за семејни бизниси (ќе научите за дефинирањето, избирањето и реализацијата на стратегијата за раст, стратегија која нема да биде афектирана од генерацискиот јаз)  Лидерство на следната генерација (ќе научите за стиловите на лидерство, емоционалната интелигенција, водењето со пример и планирањето и спроведувањето на сукцесијата). Свое излагање на тема „Семејните динамики во организациските системи“ на оваа работилница ќе има и Марина Анчевска, која после долгогодишно учење од најдобрите тренери за личен развој, меѓу кои и Тони Робинс и Далај Лама, успева да креира еден поинаков, холистички пристап кон бизнисот, кој сам по себе претставува револуција во обуките за личен развој. Доколку сте потенцијален наследник на фамилираен бизнис, имате од 18 до 35 години и барате одговор на овие прашања, пополнете ја онлајн апликацијата и потврдете го вашето учество со клик на следниов линк. *Напомена: Крајниот рок за пријавување е 06.06.2018. Оние што веќе беа дел од првата обука не треба повторно да се регистрираат.

Вести

Успешно реализирана првата обука за наследници на фамилијарни бизниси

На 18.05.2018 во просториите на Стопанска Комора на Македонија беше реализирана првата од трите предвидени обуки за наследници на фамилијарни бизниси во рамки на проектот ФАБУСС, чии реализатори во Македонија се ЦЕФЕ Македонија и Националниот младински совет на Македонија-НМСМ. На обуката учествуваа околу 40ина претставници на семејни бизниси од Скопје, Прилеп, Битола, Радовиш, Кавадарци, М. Брод, Велес, Охрид, Ресен и други делови на Македонија. Темите кои што се обработија беа: Разбирање на предностите и недостатоците на семејните бизниси. Транснационални разлики и градење на компетенции на идните наследници. На оваа обука, чие мото беше „научете ги вашите родители како да ви го остават бизнисот“, наследниците на фамилијарните бизниси се стекнаа со знаења со кои би се овозможила полесна транзиција на бизнисот на новата генерација. Следната 2-ра обука е закажана на 07.06.2018 со почеток во 09:00 часот во просториите на Стопанска Комора на Македонија. Обучувач повторно ќе биде господинот Зоран Витанов, а ќе бидат обработени следниве теми:  Стратегии за раст за семејни бизниси  Лидерство на следната генерација Сите заинтересирани можат да се пријават на следниов линк.    

Вести

Повик за обука за наследници на фамилијарни бизниси со Зоран Витанов

Тема сосем нова за регионот во коj живееме, но посебно важна за млада држава како што е Македонија. Ова е периодот кога повеќето бизниси основани по осамостојувањето на нашата држава, треба да прејдат во рацете на новите генерации. Како да се изведе процесот на предавање на бизнисот? Кога е правото време за предавање на бизнисот на следната генерација? Дали наследникот треба да остане во фирмата или да замине да работи за друга компанија за да се стекне со дополнително искуство? Дали фирмата треба да се постави член од семејството како извршен директор или да се назначи надворешен управник а семејството и понатаму да управува со фирмата? Кои се предностите и недостатоците на семејните бизниси? Бидејќи ние знаеме колку се важни одговорите на овие прашања за сите млади наследници на фамилијарни бизниси, на 18ти Мај, 2018 година, во просториите на Стопанска Комора на Македонија, со почеток од 10:00 часот, ќе биде одржана првата од трите предвидени обуки во рамките на проектот ФАБУСС. На првата обука ќе бидат обработени следниве две теми: Воочување на проблемите на фамилијарните бизниси Транснационални сличности и разлики Обуките ќе ги води господинот Зоран Витанов, еден од основачите на ЦЕФЕ Македонија, неверојатно успешен бизнисмен, но воедно и консултант и обучувач на теми поврзани со претприемништво, маркетинг, финансии и развој на бизниси. Се работи за личност која во Македонија, па и пошироко, успеа да инспирира илјадници луѓе да се впуштат во претприемачките води, а воедно им помогна и при нивното градење во успешни претприемачи. Со оглед на тоа дека примерите за наследување на фамилијарните бизниси во Македонија се многу ретки, преку овие две теми ќе можете да се здобиете со следниве информации поврзани со фамилијарните бизниси: Што може да се случи при процесот на наследување? Како со тој процес маневрираат бизнисите во другите држави? Какви решенија произлегле при справувањето со настанатите проблеми? Освен обуките, во рамките на проектот е создадена и онлајн платформа која учесниците ќе може да ја користат за превземање на дигитални матријали, но воедно преку оваа платформа исто така ќе им биде овозможена и комуникација со учесниците на обуките во останатите држави, учеснички во проектот. Доколку сте потенцијален наследник на фамилираен бизнис, имате од 18 до 35 години и барате одговор на овие прашања, пополнете ја онлајн апликацијата и потврдете го вашето учество со клик на следниов линк. *Напомена: Крајниот рок за пријавување е 15.05.2018, а бројката е ограничена на 30 учесници.