Author name: Trajche Anastasov

Вести

Обука за деловна комуникација

Професионалната комуникација и техниките на преговарање во поголема или помала мера се присутни во сите активности на современиот деловен човек. Ефикасната деловна комуникација е од суштинско значење за креирање и одржување на успешна компанија, па затоа, основните функции на менаџментот (планирање, организирање, кадровско екипирање, насочување и контрола) не можат да се изведат без ефективна комуникација која е регулирана со одредени правила и норми. Со оглед на тоа дека компаниите и поединците имаат се поголема потреба од регулирање и усовршување на комуникацијата внатре во самата организацијата, но и надвор од неа при преговарање со клиенти, ЦЕФЕ Македонија организира обука за „Деловна комуникација и преговарање“, која ќе одговори на овие потреби. Целта на оваа обука е унапредување на комуникациските вештини во деловното опкружување со акцент на подобрување на личната комуникација, меѓучовечките односи и подобрување на перформансите во однос на справување со секакви клиенти и соработници. За кого е наменета оваа обука? Од оваа обука ќе имаат корист сите што се во секојдневна професионална комуникација и преговарање со клиенти и добавувачи, менаџери, продажни агенти, обучувачи, лица што работат во сектори за грижа за корисници и секој што сака да ги подобри и организира своите вештини за многу кратко време, но и да се стекне со вештини за креација на оптимизиран канал на комуникација со сите лица со кои доаѓа до вербална и невербална комуникација. Што ќе добиете по обуката Разбирање на различните стилови на комуникација Посветеност на вработените и клиентите кон фирмата и производите/услугите Поголемо разбирање и доверба помеѓу вработените и клиентите Поголем број на задоволни корисници и нивна лојалност Свесност за можностите и однесувањата на клиентите во различни комуникациски ситуации Ефективни преговори и разбирање на процесот на преговарање Разбирање на пристапот победник-победник Програма Обуката ги опфаќа следниве области: Комуникациски стилови Вербална и невербална комуникација – значење Активно слушање, парафразирање Поставување на прашања Пишана комуникација Асертивна комуникација – примена и значење Емпатија во комуницирање со клиенти / колеги Пречки во комуникацијата Преговарањето како процес на соработка Техники на преговарање Што се Win-Win ситуации Методологија Начинот на кој што се изведуваат нашите обуки е по светски познатата ЦЕФЕ методологија, која веќе 30 години континуирано дава резултати, се подобрува и иновира според добиениот фидбек од клиентите. Методите кои што се применуваат во обуките: структурирани вежби за искуствено учење, симулации, играње на улоги, студии на случаи, минимални предавања, групна работа, коучинг и работа на терен. Материјали Во текот на обуката учесниците ќе добијат материјали за деловна комуникација и деловно преговарање на македонски јазик во печатена и електронска форма кои ќе можат и понатаму да ги користат во секојдневната работа. Обуката е дизајнирана за реализација со времетраење од два дена (09:00 – 17:00 часот) и ќе биде одржана на  28ми(Петок) и 29ти(Сабота) јуни 2019, во просториите на ЦЕФЕ Македонија,  Бул. „Партизански Одреди бр. 27/А/3 (Над Комерцијална Банка во Т.Ц Буњаковец). Вашата инвестиција за оваа обука ќе изнесува 6. 000 денари. Во политиката на работа на ЦЕФЕ Македонија, изборот на учесници се прави по принципот, прв дојден, прв услужен, а уплатата ќе може да се изврши на две рати. Бидејќи местата се ограничени, Ве молиме резервирајте го вашето место навреме со регистрација на следниов линк. За повеќе информации, обратете се на нашиот контакт телефон: 078/201-854 или на е-меил: info@cefe.mk

Вести

Партнерски состанок во Кавала, Грција

На 17, 18 и 19 мај 2019 година, во Кавала, Грција се одржа четвртиот интернационален состанок во рамки на проектот „Искуствено учење за угнетените групи на возрасни“ (Experiental Pedagogy of the Oppressed for Adults). На состанокот присуствуваа ЦЕФЕ Македонија, ГЕГЕД од Турција, АЕДДП од Грција, ЕУРО НЕТ од Италија и БАСД од Бугарија. Овој проект цели кон развивање на вештините на мигрантите и помагање во нивната социјална интергација, развивајќи ги нивните компетенции и учејќи ги како да ги избегнат или надминат конфликтите преку подобрување на условите за живеење, писменост, пристап до јавни услуги, ИКТ и јазични вештини и поттикнување на интеркултурно учење и физичко-социјален развој; преку развој на активности за обука и создавање разни интелектуални производи, вклучувајќи истражување за нивните потреби и прирачник насочен кон обучувачи и експерти кои работат со оваа целна група. Имено, на состанокот во Кавала се зборуваше за резултатите од активностите кои беа реализирани во изминатиот период и за активностите кои следуваат. На вториот ден од состанокот, акцентот беше ставен на обуката за обучувачи на која домаќин ќе биде ЦЕФЕ Македонија и ќе биде реализирана во периодот од 7ми  до 13ти  јули 2019 година во Охрид.

Ресурси

МЛАДИНСКА ВРАБОТЕНОСТ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Оваа студија е подготвена од страна на Институтот за европска политика – Скопје, во соработка со Асоцијацијата за едукација Младиинфо Интернационал со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Студијата е изработена во рамки на проектот Младински Банки каде ЦЕФЕ Македонија е партнер. Целосната студија можете да ја погледнете со клик на следниов линк.

Вести

Обука за обучувачи во ЦЕФЕ Македонија

Живееме во ера каде неформалното образование зема се поголем замав, па професионалците не се воздржуваат и несебично го споделуваат своето знаење и искуство. Како и секоја друга професија, така и обучувањето бара одредена структура и континуитет во работата за да обучувачите прераснат во професионалци кои своето знаење го пренесуваат беспрекорно. Бидејќи обуките се важен дел од развојот на човечкиот капитал, за да бидат успешни обучувачите мора да бидат подготвени да ги применуваат техниките на обучување согласно барањата на целната група. Секој обучувач мора да го има техничкото знаење за да може со помош на методите и техниките за обучување да го пренесе своето знаење и искуство на учесниците, мора да ги знае меѓучовечките односи, за да во текот на обуката биде запознаен и со групните процеси. Оваа обука е дизајнирана да ве запознае со начините на работа со возрасни. Секој тематски дел е комбиниран со вежби и техники кои вие понатаму ќе можете да ги моделирате и прилагодувате во однос на вашите потреби. Целта на оваа обука е да ве обучиме вас, учесниците, за методологија на испорачување на обука (структура на обука, енерџајзери, јавно говорење, употреба на практични вежби, држење на вниманието на учесниците и сл.) Предвидените цели ќе се постигнат преку предложените модули: Важност на обуките Како учиме Обука на возрасни Успешни обучувачи Значење на комуникацијата Методите и техниките за обучување Искуствено учење Меѓучовечки односи Групните процеси и управувањето со нив Обуката ќе биде спроведена од Јован Сталевски, обучувач со домашно и интернационално искуство. Јован е интернационално сертифициран, сениор – обучувач, од страна на ЦЕФЕ Интернационал. Поседува над 10 години искуство во обуки за претприемништво, кариерен развој, проектен менаџмент и обуки за обучувачи по светски признатата ЦЕФЕ Методологија. Во портфолиото на учесници се вбројуваат вработени во корпорации, државни институции, фондации, универзитети се до претприемачи, млади и едукатори од целиот свет. Кога станува збор за обуки и коучинг за обучувачи, неговата биографија освен бројни тренинзи во Македонија, вклучува и обуки за обучувачи во Турција, Хрватска, Холандија, Јамајка и Филипини. Методите кои што ќе бидат применети при обуката се: структурирани вежби за искуствено учење, симулации, играње на улоги, студии на случаи, минимални предавања, групна работа, коучинг и работа на терен. По завршувањето на обуката, учесниците ќе добијат соодветен пакет со материјали кои се потребни за нивниот професионален развој: Прирачник за обука на обучувачи на 80 страници; Примери за: креирање на ППТ презентации, дизајн на курикулум, дизајн на агенди, буџети за обука, евалуација на обука, информативни листи за учесници и др; Сет со вежби за енергизирање и креативно поттикнување на учесниците; Истите може да ги прилагодуваат и применуваат потоа во тековното работење; Сертификат за успешно завршена обука за обучувач. Обуката ќе биде одржана на 18ти,19ти и 24ти Мај 2019, во просториите на ЦЕФЕ Македонија,  Бул. „Партизански Одреди бр. 27/А/3 (Над Комерцијална Банка во Буњаковец). Вашата инвестиција за оваа обука ќе изнесува 12. 000 денари. Во политиката на работа на ЦЕФЕ Македонија, изборот на учесници се прави по принципот, прв дојден, прв услужен, а уплатата ќе може да се изврши на две рати. Бидејќи местата се ограничени, Ве молиме резервирајте го вашето место навреме со регистрација на следниов линк. За повеќе информации, обратете се на нашиот контакт телефон: 078/201-854 ; 070/338-355 или на е-меил: info@cefe.mk  

Вести

Успешно реализирана првата трибина за семејни бизниси

На 14.03.2019 во Јавна Соба, беше реализирана првата „Трибина за семејни бизниси“. Идејата за реализирање на ваков настан беше поттикната за време на истражувањето кое ги опфати семејните бизниси во Македонија кои потенцираа дека најсоодветен начин за стекнување со знаења и вештини потребни за успешно водење на бизнисот, е преку обука, како и споделување на искуства со други претставници на семејни бизниси.   За таа цел ЦЕФЕ Македонија и Центарот за Бизнис Психологија ја организираа оваа трибина на која сопствениците и наследниците на семејните бизниси имаа прилика меѓусебно да се инспирираат и мотивираат, а воедно и да остварат нови контакти. Откако Јован Сталевски, Марина Анчевска и Зоран Витанов се претставија пред публиката и ги запознаа гостите со проектот „ФАБУС“, од каде произлезе потребата за организирање на еден ваков настан, започна првата сесија во која сопствениците на семејни бизниси (Љупчо Ашкилов – Магнаскен; Ена Норлинд – ДАН – МАК; Снежана Станојковиќ – Бучен Козјак; Сашко Станоевски – Еуросолид; Мери Терзиеава – Идила) одговараа и дискутираа на прашања поврзани со нивното гледиште и искуство при предавањето на бизнисот на нивните наследници, за нивната поврзаност и како се родила идејата да го започнат бизнисот.   Во втората сесија, која беше наменета за наследниците на семејни бизниси (Бојан Ашкилов – Магнаскен; Бојан Георгиевски – Шпедиција „ДИМА“; Иван Богоевски – Б Вач; Анита Спасовска – Бучен Козјак; Дина Муцунска – Хотел Манастир) се отвори интересна дискусија за тоа како изгледа предавањето на бизнисот од нивна перспектива, со какви предизвици се соочуваат, како тие гледаат на бизнисот и како наоѓаат начин да имплементираат иновации и промени кои не се баш добро прифатени од нивните родители.   Освен сопствениците и наследниците на семејните бизниси, на овој настан учествуваа и претставници на финансиски институции. Ива Ковачевиќ од Европска Банка за Обнова и Развој и Игор Маџов од South Central Ventures, кои ги претставија нивните модели на финансисрање и помагање на семејните бизниси, а воедно споделија и искуство од веќе реализирани соработки со некои семејни бизниси во Македонија. Настанот беше заокружен со коктел на кој сите учесници имаа прилика подобро да се запознаат, да се вмрежат и да остварат бизнис контакти за идна соработка.  

Вести

Отворен повик за градeње ментори за социјално претприемништво

Започнавме со нов проект кој цели кон градење ментори и фасилитатори за социјално претприемништво, во соработка со партнерски оганизации од Азербејџан, Хрватска, Грција, Бугарија и Турција. Учесниците  добиваат обука, менторство и пракчтична реализација, во времетрање од 1 година, со што се стекнуваат со потребното знаење и искуство да бидат ментори и фасилитатори за социјално претприемништво, добивајќи меѓународно признаен сертификат.  Бараме луѓе кои се гледаат себеси како идни професионалци во оваа област, доколку сте заинтересирани, погледнете го инфо пакот, пополнетe ја апликацијата и пратете ни ваше CV на info@cefe.mk со назнака “CV за ментор и фасилитатор за социјално претприемништво“. Учесниците кои што ќе го поминат целиот процес, на крајот на проектот ќе добијат можност да склучат соработка со ЦЕФЕ Македонија, со што ќе бидат вклучени во нашата дата база, со над 60 експерти и консултанти, која се користи при аплицирање на тендери и проекти.