Вести

Вести

ЦЕФЕ Македонија активно вклучена во Еразмус+ проекти

Во периодот од јануари до април 2025 година, тимот на ЦЕФЕ Македонија успешно креираше и беше поканет како партнер во 17 предлог-проекти во рамките на програмата Еразмус+ на Европската комисија. Нашето учество е насочено кон стратешки партнерства низ Европа и иницијативи за градење капацитети со партнерски организации од Африка и Европа. Проектите се фокусираат на: Дополнително, нашите консултанти помогнаа и на КросФит Скопје да се вклучи и учествува во 4 проекти од областа на спортот, со што ја продолжуваме успешната соработка и во иднина. Во подготовката на проектните предлози, активно инвестиравме во развој на алатки и вештини за напредно користење на вештачка интелигенција, што овозможи детална анализа и квалитетен фидбек. Благодарение на овие иновации, квалитетот на нашите предлози значително се подобри, постигнувајќи резултати од 60 до 90 поени при оценувањето. Голема благодарност до сите партнери и соработници за нивната поддршка и експертиза. Очекуваме успешна имплементација на одобрените проекти во периодот 2026–2028 година и остануваме посветени на позитивни промени во образованието и економскиот развој на младите.

Вести

Менторска поддршка за успешни европски проекти со програмата „Креативна Европа“

Во текот на април и мај, експертите и консултантите од ЦЕФЕ Македонија активно соработуваа со организации од областа на културата и креативните индустрии, овозможувајќи им пристап до уникатните можности што ги нуди програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија. Со повеќе од 120 часа менторство и советодавни активности, ЦЕФЕ Македонија ги поддржа следните организации: Фрајдеј Комуникации ДООЕЛ, Здружение за културен и рурален развој „Орнамент“, Танцов колектив „Х2“ и ЦЕФЕ Треининг и Едукација ДООЕЛ, во креирањето и поднесувањето на шест предлог-проекти. Проектите, кои аплицираат за финансиска поддршка од 200.000 до 1.000.000 евра, опфаќаат различни теми и области, како што се: Преку менторската поддршка, организациите добија конкретни придобивки: Програмата „Креативна Европа“ располага со годишен буџет од околу 56 милиони евра и е отворена за македонски организации кои имаат визија и капацитет за меѓународна соработка, продукција и промоција на дела наменети за европската публика. ЦЕФЕ Македонија ги поканува сите заинтересирани организации и уметници да се обратат за менторска поддршка и советување при развојот и поднесувањето на нивните креативни идеи. Контактирајте нè на info@cefe.mk или +389 78 437 267 и започнете ја вашата европска приказна со фондовите на Европската комисија!

Вести

ЦЕФЕ Македонија на европски семинар за вмрежување на претприемнички организации во Шпанија!

Од 18 до 24 мај 2025 година, во Беналмадена, Шпанија, се одржува семинар за вмрежување на организации и компании посветени на развојот на претприемништвото во Европа. На настанот учествуваат повеќе од 25 претставници од 12 земји: Македонија, Србија, Шпанија, Летонија, Естонија, Германија, Норвешка, Полска, Грузија, Украина, Португалија и Шведска. ЦЕФЕ Македонија е дел од оваа значајна иницијатива, претставена од Јован Сталевски и Весна Ефремова. Покрај можноста за нови партнерства и заеднички проекти, присутните разменуваат добри практики и алатки за поддршка на претприемачите. Посебен акцент беше ставен на ЦЕФЕ Методологијата – искуствен пристап кон учење кој ги јакне клучните компетенции на претприемачите. Настанот е дел од програмата Еразмус+ и е организиран од Costa Connect (Шпанија) и Life Zone Group (Естонија).

Вести

Какво е чувството да се преселиш во сосема нова земја и да поминеш речиси една година таму?

Благодарение на соработката помеѓу ЦЕФЕ Македонија и Rouge Youth Center, и со поддршка од Европскиот корпус за солидарност – младите имаат можност да волонтираат во странство, да истражат нова култура и да придонесат значајно во локалната заедница. Следните прашања ќе ви помогнат подобро да разберете какво е навистина ова искуство. Може ли да се претставите и да ја објасните вашата улога во ESC проектот? Сандра Смиљкова – Имам 24 години и доаѓам од Македонија. По завршувањето на факултетот сакав да направам нешто што ќе биде значајно, возбудливо и ново – тогаш го открив волонтирањето. Моментално сум волонтер преку Европскиот корпус за солидарност и работам во младински центар во Роуге, Естонија. Александар Мишев – Имам 24 години и сум од Македонија. По работа на различни работни места и во различни земји, сакав да направам нешто поразлично, нешто предизвикувачко – и тогаш слушнав за ESC, што беше токму она што го барав. Сега ја вршам мојата волонтерска служба во младински центар во Роуге, мало село на југот на Естонија. Еле Лакс – Имам 25 години и работам како менаџер за младинска работа во Роуге, Естонија. Целиот мој живот сум во полето на младинска работа и активностите водени од млади секогаш ми биле блиски. Исто така, ми е важно да им давам можности на другите. Навистина е убаво искуство да ги угостиме нашите прекрасни волонтери. Која е мисијата на примачката организација и што работите таму? Општината Роуге е многу мала и се наоѓа во рурална област. Многу млади таму немаат контакти со луѓе од други земји и најчесто живеат во мали места. Нашата мисија е да го прошириме светогледот на младите и да им дадеме можности преку младинска работа. Најважно ни е да им овозможиме на младите да се откријат себеси преку неформално учење и младински активности. Моментално, нашата главна активност е обезбедување на отворени младински услуги во 7 куќи. Како примачката организација придонесува во локалната заедница? Ние сме главната точка на поврзување помеѓу младите и возрасните. Младинските работници се важни личности кои создаваат врски со младите, а преку тоа RNTK е вклучен и ги охрабрува младите да учествуваат во локалната заедница. На какви задачи и одговорности работите како волонтери? Како волонтери, нашата главна улога е да креираме и водиме разни активности и работилници за младите. Осмислуваме забавни предизвици, учиме нови работи заедно и ја споделуваме нашата култура и традиции.Исто така, сме вклучени во локалната заедница. На пример, учествуваме во меѓугенерациски активности како „утрински чај со танцување“ со постарите, каде што разменуваме традиции, танцуваме и слушаме музика од двете култури.Друг дел од нашата работа е посетување училишта низ општината – особено за децата кои не можат да го посетуваат младинскиот центар. Соработуваме и со други локални организации фокусирани на младите и претприемништвото, и заедно организираме активности и настани. Кои вештини ги развивте преку ова искуство? Една од највредните работи што ги научивме е подобро да ги разбираме младите – како размислуваат, комуницираат и се вклучуваат, дури и кога има јазична бариера. Ги подобривме нашите комуникациски вештини и адаптибилноста во мултикултурна средина.И, на полесна нота, совладавме една важна културна вештина: да бидеме точни – секогаш и насекаде! 😀 Може ли да споделите некои предизвици со кои се соочивте како волонтери и како ги надминавте? Селидбата во нова земја, далеку од дома, секогаш е предизвик. Културните разлики и времето беа тешки за прилагодување на почетокот. Но, со отворен ум, прифаќање на промените и обид да се вклопиме, работите постепено станаа полесни.Создавањето пријателства тука навистина направи разлика. Чувството на поврзаност со луѓето ни помогна побрзо да се прилагодиме и да се чувствуваме како дома. Какви културни разлики доживеавте преку овој проект? Веќе ја споменавме првата – да бидеш точен насекаде, што беше голема промена за нас, но и вредна! Друга културна разлика е тоа што луѓето тука се по резервирани отколку што сме навикнати.Со текот на времето, научивме да ги разбереме и почитуваме овие разлики. Тоа беше наградувачко искуство за двете страни – да се сретнеме на средина, да ги почитуваме пристапите едни на други и да растеме преку размената. Како волонтирањето во странство ве промени лично и професионално? Ова искуство беше огромна можност за раст. На личен план, научивме како да се прилагодуваме, да се поврзуваме и да градиме пријателства со луѓе од различни културни средини.Професионално, стекнавме практично искуство во младинска работа – нешто што не е толку развиено кај нас. Возбудени сме да го пренесеме наученото дома и да инспирираме нови идеи и иницијативи. Би ги охрабриле ли другите млади да се вклучат во Erasmus+ или слични волонтерски програми? Зошто? Дефинитивно ДА! Волонтирањето преку Erasmus+ е искуство што го менува животот. Личниот раст, професионалниот развој, можноста да се истражуваат нови култури и пријателствата што ги создаваш – сето тоа е неверојатно вредно. Ова е искуство што ќе го носиме со нас засекогаш и навистина веруваме дека повеќе млади треба да ја имаат оваа можност.

Вести

ЦЕФЕ обука за бизнис вештини во Уганда: Претприемачка иницијатива инспирирана од проектот GET YES 2

Во периодот од 7 до 11 април 2025 година, во стручното училиште „Шалом“ во Кабале, Уганда, се одржа обука за развој на бизнис вештини за 20 ученици. Обуката се спроведе според ЦЕФЕ методологијата, овозможувајќи им на младите да ги унапредат своите способности за: Целта на обуката е учениците од стручните училишта да научат како да ги искористат своите технички вештини за креирање одржливи бизниси. Горди сме што нашата работа продолжува да има влијание дури и по завршување на проектите. Обуката во Кабале е резултат на ангажманот на Џералд Ареебахона, кој во 2021 година беше обучен преку Еразмус+ проектот GET YES 2 www.getyesproject.com Денес, преку неговата организација Drucilla, тој ги пренесува стекнатите знаења на ученици и наставници во регионот на Кабале. Според Џералд, интересот е огромен – учениците веќе работат на свои бизнис идеи, а и наставниците побараа обука за ЦЕФЕ методологијата. Ова е доказ дека иницијативите базирани на практични, искуствени методи можат да предизвикаат долгорочни позитивни промени во локалните заедници. Оваа соработка не завршува тука – се планира продолжување преку идни обуки за проектен менаџмент од 2026 година, со цел натамошно јакнење на претприемачките капацитети во Уганда.

Вести

Прв јавен настан од проектот Beyond Digits: Финансиска едукација за сите!

Во петок, на 4 април 2025 година, се одржа првиот мултипликативен настан во рамки на проектот Beyond Digits, кофинансиран од програмата Erasmus+. Настанот беше организиран од партнерите Ploes и Omega Technology во Грција, и беше наменет за професионалци, засегнати страни и членови на локалната заедница кои работат со ранливи категории на граѓани. 📚 Мисијата на проектот е да обезбеди инклузивна, достапна и ефективна финансиска едукација за сите, особено за возрасни лица со попреченост. На настанот беа претставени резултатите од спроведеното истражување, кое опфати: 🔍 Наодите потврдија дека: 💬 Како што истакна Константина Кирими: „Невродивергентните лица можат и треба да се обучуваат во финансиска писменост – тоа значи повеќе автономија, подобра инклузија, поквалитетен живот и олеснување за нивните семејства. За ова е потребен систем на поддршка кој ги вклучува самите корисници, нивните семејства и едукаторите. Време е да ги разбиеме стигмите и предрасудите.“ Настанот заврши со отворена дискусија во која учесниците ги споделија своите искуства и размислувања, потврдувајќи ја важноста од понатамошна соработка помеѓу професионалците, семејствата и заедницата. Следниот чекор на проектот е развој на практични и достапни едукативни материјали – дигитални и недигитални – кои ќе одговорат на утврдените празнини. ЦЕФЕ Македонија продолжува со својата активна улога во подготовка на обука и алатки што ќе ја направат финансиската едукација достапна за секого!