ЦЕФЕ Македонија активно вклучена во Еразмус+ проекти

Сподели

Во периодот од јануари до април 2025 година, тимот на ЦЕФЕ Македонија успешно креираше и беше поканет како партнер во 17 предлог-проекти во рамките на програмата Еразмус+ на Европската комисија. Нашето учество е насочено кон стратешки партнерства низ Европа и иницијативи за градење капацитети со партнерски организации од Африка и Европа.

Проектите се фокусираат на:

  • Развој на стручно образование и обука (VET)
  • Унапредување на образовните системи
  • Зголемување на економскиот потенцијал кај младите
  • Анализа на социјалните фактори што влијаат врз едукацијата и општествениот развој

Дополнително, нашите консултанти помогнаа и на КросФит Скопје да се вклучи и учествува во 4 проекти од областа на спортот, со што ја продолжуваме успешната соработка и во иднина.

Во подготовката на проектните предлози, активно инвестиравме во развој на алатки и вештини за напредно користење на вештачка интелигенција, што овозможи детална анализа и квалитетен фидбек. Благодарение на овие иновации, квалитетот на нашите предлози значително се подобри, постигнувајќи резултати од 60 до 90 поени при оценувањето.

Голема благодарност до сите партнери и соработници за нивната поддршка и експертиза. Очекуваме успешна имплементација на одобрените проекти во периодот 2026–2028 година и остануваме посветени на позитивни промени во образованието и економскиот развој на младите.