Менторска поддршка за успешни европски проекти со програмата „Креативна Европа“

Сподели

Во текот на април и мај, експертите и консултантите од ЦЕФЕ Македонија активно соработуваа со организации од областа на културата и креативните индустрии, овозможувајќи им пристап до уникатните можности што ги нуди програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија. Со повеќе од 120 часа менторство и советодавни активности, ЦЕФЕ Македонија ги поддржа следните организации: Фрајдеј Комуникации ДООЕЛ, Здружение за културен и рурален развој „Орнамент“, Танцов колектив „Х2“ и ЦЕФЕ Треининг и Едукација ДООЕЛ, во креирањето и поднесувањето на шест предлог-проекти.

Проектите, кои аплицираат за финансиска поддршка од 200.000 до 1.000.000 евра, опфаќаат различни теми и области, како што се:

  • Танцови претстави за подобрување на менталното здравје
  • Музички настани и концерти со зелена агенда
  • Производство на текстилни производи за одржлив развој
  • Зачувување на традицијата преку изработка на дрвени играчки
  • Уметнички изложби за подигнување на свеста за органодарителството
  • Иновативни ВР/АИ претстави во театрите

Преку менторската поддршка, организациите добија конкретни придобивки:

  • Поврзување со релевантни експерти и партнери од Европа и Македонија
  • Техничка поддршка за управување со ЕУ порталите
  • Трансформација на иновативни идеи во конкретни проектни предлози
  • Користење на потенцијалот на вештачката интелигенција во процесот на креирање проектни предлози
  • Јакнење на капацитетите и организациските вештини за развој на европски проекти

Програмата „Креативна Европа“ располага со годишен буџет од околу 56 милиони евра и е отворена за македонски организации кои имаат визија и капацитет за меѓународна соработка, продукција и промоција на дела наменети за европската публика.

ЦЕФЕ Македонија ги поканува сите заинтересирани организации и уметници да се обратат за менторска поддршка и советување при развојот и поднесувањето на нивните креативни идеи.

Контактирајте нè на info@cefe.mk или +389 78 437 267 и започнете ја вашата европска приказна со фондовите на Европската комисија!