Вести

Вести

Меѓународна обука Family Matters во Измир, Турција

Во периодот 8–14 март, во Измир, Турција, се одржа втората меѓународна обука во рамки на Erasmus+ проектот Family Matters, која ги обедини 25 младински работници од Естонија, Малта, Турција и Македонија. Оваа обука претставуваше клучен чекор во развојот на проектот – премин од креирање кон практична примена на иновативните алатки за работа со млади и нивните семејства. Во текот на обуката, учесниците:🔹 ги тестираа и искусија 15-те развиени алатки базирани на методи од семејна терапија🔹 работеа директно со експерти и психолози за нивно унапредување🔹 развија практични вештини за фасилитација и примена во реални услови🔹 креираа јасен план за пилотирање во своите земји Следниот чекор е пилот фазата, во која младинските работници ќе ги применуваат овие алатки со:120 млади лица и нивните семејства (по 30 во секоја земја – Естонија, Малта, Турција и Македонија) Целта е да се постигнат конкретни позитивни промени кај младите:✔ подобрена комуникација во семејството✔ зголемена самодоверба и емоционална стабилност✔ намалување на конфликти✔ развој на вештини за донесување одлуки и решавање проблеми✔ поддршка во личниот и кариерен развој Оваа обука уште еднаш покажа дека преку соработка, иновација и споделување знаење можеме да создадеме силни алатки кои имаат вистинско влијание врз животите на младите. Продолжуваме со имплементација и со нетрпение ги очекуваме резултатите од пилотирањето!

Вести

FAMILY MATTERS – Тимска средба во Македонија и подготовка за следната фаза од проектот

На 20 февруари во Македонија се одржа состанок на националниот тим на проектот Family Matters, со цел подготовка за следната клучна фаза од имплементацијата на проектните активности. На состанокот учествуваа експерт психологот Даниела Нестороска, академскиот истражувач Александра Томан, младинските работници Никола Дукоски, Благој Трајков, Маја Давкова и Весна Ефремова, како и проектниот менаџер Јован Сталевски. Главна тема на состанокот беше подготовката за претстојната меѓународна обука за младински работници која ќе се одржи во периодот од 8 до 14 март во Измир, Турција. Во рамки на обуката, учесниците ќе имаат можност да се запознаат со 15 алатки развиени на претходната обука одржана во Битола (Хотел Молика), да ги тестираат и применуваат методите во пракса преку циклусот на искуствено учење, како и да добијат експертски импут од психолози и семејни терапевти. Дополнително, за време на обуката ќе се финализира и планот за пилотирање на методологијата во Македонија. По завршувањето на обуката во Турција, тимот ќе започне со пилот фаза во Македонија, во која ќе бидат вклучени 30 млади лица на возраст од 16 до 30 години заедно со нивните семејства. Пилот активностите имаат за цел да придонесат кон зајакнување на младите преку развој на самодоверба, подобрување на комуникацијата со родителите, пријателите и пошироката средина, развивање вештини за решавање конфликти, поставување лични цели и избор на кариера, како и зајакнување на вештините за донесување одлуки и решавање проблеми. Воедно, активностите ќе придонесат и за поттикнување на претприемачки дух, иницијативност и проактивност кај младите. Проектот има за цел да поттикне позитивни промени преку соработка меѓу младите, нивните семејства и стручниот тим. Доколку сте млади на возраст од 16 до 30 години и сакате да се вклучите во проектот заедно со вашето семејство, можете да не контактирате на следната електронска адреса:info@cefe.mk

Вести

Годишно собрание на ЦЕФЕ Македонија и усвојување на Акциониот план за 2026 година

ЦЕФЕ Македонија го одржа своето редовно годишно собрание, на кое се собраа дел од членовите на организацијата со цел заедничка дискусија и донесување одлуки поврзани со идниот развој на ЦЕФЕ. Во фокусот на состанокот беше Годишниот акционен план на ЦЕФЕ Македонија за 2026 година, со посебен акцент на долгорочниот институционален развој, јакнењето на организациските капацитети и стратешката насока на делување во наредниот период. Преку отворена и конструктивна дискусија, членовите разговараа за приоритетите, програмските активности и визијата за одржлив раст и зголемен општествен импакт. Годишниот акционен план за 2026 година беше едногласно усвоен од сите присутни членови на ЦЕФЕ Македонија, со што се постави јасна рамка за имплементација, следење и понатамошно унапредување на активностите на организацијата. Во рамките на собранието, беа свечено доделени сертификати на новите Национални ЦЕФЕ обучувачи и советници, со што дополнително се зајакнува ЦЕФЕ мрежата на обучувачи и се обезбедува континуитет во квалитетот, менторството и професионалниот развој. ЦЕФЕ Македонија продолжува да гради силна, одговорна и одржлива заедница, насочена кон претприемништво, едукација и позитивни општествени промени.

Вести

ЦЕФЕ Македонија и Охрид Тек Сити потпишаа Меморандум за соработка

ЦЕФЕ Македонија и Охрид Тек Сити потпишаа Меморандум за соработка со цел унапредување на претприемништвото, иновациите и развојот на екосистемот во Македонија. ЦЕФЕ Македонија, како организација која повеќе од две децении работи на развој на претприемачки и лидерски компетенции преку искуствено учење, и Охрид Тек Сити, како заедница која ги поврзува стартапите, технолошките компании и иноваторите, ќе работат заеднички на креирање нови можности за едукација, вмрежување и поддршка. Преку ова партнерство се отвора простор за заеднички иницијативи, програми и активности насочени кон млади, стартап тимови и претприемачи, со цел поттикнување одржлив раст, иновации и долгорочен развој.

Вести

Успешно заврши првата меѓународна обука во рамки на проектот Family Matters

Во периодот од 2 до 6 декември 2025 година, во прекрасната природна средина на Националниот парк Пелистер, во хотел Молика – Битола, ЦЕФЕ Македонија успешно ја организираше и реализираше првата транснационална обука во рамки на Erasmus+ проектот Family Matters – “Transforming Youth Work: Design and Innovation Techniques”. Обуката собра 25–26 учесници – младински работници, експерти, истражувачи и проектни менаџери од Естонија, Турција, Малта, Италија и Македонија, кои заеднички работеа на развој на иновативни методологии за поддршка на млади кои се соочуваат со семејни предизвици. Процес на учење, ко-креација и иновација Првиот ден беше посветен на запознавање, вмрежување и тимско градење, како и на усогласување со целите на проектот и очекувањата од обуката. Учесниците добија вовед во системската семејна терапија, нејзините основни принципи и нивната примена во младинската работа. Преку заедничка дискусија беа дефинирани темелните принципи на квалитетна младинска работа и јасни критериуми за избор на интервенции. Во текот на следните денови, процесот се продлабочи преку: презентации на истражувачки трудови и научни докази, анализа и селекција на докажани интервенции од семејната терапија, дискусии и експертска размена меѓу партнерите, и практична работа на дизајнирање ефективни сесии (цели, активности, очекувани резултати и евалуација). Посебен фокус беше ставен на структурирање и документација на алатките, со цел тие да бидат практични, применливи и корисни за младинските работници низ Европа. По пет интензивни и продуктивни работни дена, обуката заврши со извонредни резултати: Покрај работниот дел, учесниците имаа можност да ја почувствуваат и културната и социјалната димензија на Битола. Во рамки на програмата, тие присуствуваа на културен перформанс во Кабаре Клуб „Голд Фелиција“, се запознаа со македонската традиционална поезија, носии, музика и танци, и го доживеаја живиот младински дух и ноќен живот на градот. Финалната евалуација покажа исклучително високо ниво на задоволство: ЦЕФЕ Македонија е исклучително благодарна на сите партнери и учесници за нивната посветеност, експертиза и инспирација. Со оваа обука успешно е поставен темелот за понатамошниот развој на проектот Family Matters.

Вести

Успешно одржана Интензивна обука за претприемништво за млади во Скопје

На 13 и 14 декември, во Скопје, тренерите на ЦЕФЕ Македонија реализираа дводневна интензивна обука за претприемништво. Обуката беше наменета за млади претприемачи – луѓе кои се „млади“ во бизнисот или планираат да започнат сопствен приватен бизнис. Поради специфичноста на методологијата, обуката беше со ограничен број места. ЦЕФЕ методологијата ги води учесниците низ процес на учење преку искуство: целата програма е интерактивна, со симулации на реални пазарни активности, од кои природно произлегуваат научените лекции и практични заклучоци. На обуката учествуваа млади од различни градови низ Македонија, а групата се пополни во рекордно краток рок, што уште еднаш ја потврдува потребата од ваков тип практични претприемнички обуки. Поттикнати од големиот интерес и позитивните реакции, во текот на следната година ќе продолжиме со организирање слични интензивни програми, преку кои секој учесник ќе може да стекне конкретни, применливи вештини за успешно навлегување во претприемништвото. Следете нè за да не ги пропуштите следните термини – бројот на места на секоја обука ќе остане ограничен, со цел да обезбедиме квалитетна и интерактивна работа со групата.