На 20 февруари во Македонија се одржа состанок на националниот тим на проектот Family Matters, со цел подготовка за следната клучна фаза од имплементацијата на проектните активности.
На состанокот учествуваа експерт психологот Даниела Нестороска, академскиот истражувач Александра Томан, младинските работници Никола Дукоски, Благој Трајков, Маја Давкова и Весна Ефремова, како и проектниот менаџер Јован Сталевски.
Главна тема на состанокот беше подготовката за претстојната меѓународна обука за младински работници која ќе се одржи во периодот од 8 до 14 март во Измир, Турција. Во рамки на обуката, учесниците ќе имаат можност да се запознаат со 15 алатки развиени на претходната обука одржана во Битола (Хотел Молика), да ги тестираат и применуваат методите во пракса преку циклусот на искуствено учење, како и да добијат експертски импут од психолози и семејни терапевти. Дополнително, за време на обуката ќе се финализира и планот за пилотирање на методологијата во Македонија.
По завршувањето на обуката во Турција, тимот ќе започне со пилот фаза во Македонија, во која ќе бидат вклучени 30 млади лица на возраст од 16 до 30 години заедно со нивните семејства.
Пилот активностите имаат за цел да придонесат кон зајакнување на младите преку развој на самодоверба, подобрување на комуникацијата со родителите, пријателите и пошироката средина, развивање вештини за решавање конфликти, поставување лични цели и избор на кариера, како и зајакнување на вештините за донесување одлуки и решавање проблеми. Воедно, активностите ќе придонесат и за поттикнување на претприемачки дух, иницијативност и проактивност кај младите.
Проектот има за цел да поттикне позитивни промени преку соработка меѓу младите, нивните семејства и стручниот тим.
Доколку сте млади на возраст од 16 до 30 години и сакате да се вклучите во проектот заедно со вашето семејство, можете да не контактирате на следната електронска адреса:
info@cefe.mk

