Вести

Вести

Oука за обучувачи за претприемачки компетенции според ЦЕФЕ Методологијата во Турција

Обуката се реализира во рамки на проектот “Зајакнување на претприемачките компетенции на практикантите од стручните училишта”. Проект поддржан од Националната Агенција на Турција, во областа на стручното образование, преку програмата Еразмус+. Официјалниот почеток на обуката, со свои инспиративни и поздравни говори, го означија директорот на Фондацијата за развој на претприемачи (МЕСВАК) гин Нуредин Конакли и гдин Јашар Коџак од Националниот директорат за образование на Анкара. На крајниот дел од обуката не посети и директорот на Националниот Директорат за образование при што напомена дека овој тип на проекти е од големо значење за Анкара бидејќи има преку 20.000 училишта, 30.000 наставници и околу 1.300.000 ученици, само во регионот на Анкара. На интернационалната обука учествуваа 20 наставници, едукатори и професори од Македонија, Естонија и Турција. Нивните најголеми очекувања беа тие лично да ги искусат карактеристиките на претприемачите за да можат да ги разберат и потребите на младите потенцијални претприемачи кои учат во нивните стручни училишта. ЦЕФЕ Македонија придонесува во овој значаен проект преку развој на програма за претприемништво (ЦЕФЕ Методологија) што ќе се спроведува од едукаторите во нивните училишта и организации и обучувачи кои ќе спроведат обука за обучувачи. Исто така нашата стратегија за реализирање на овој проект во Македонија ќе го оствариме во соработка со нашите соработници: Устијана Речкоска Шикоска (Универзитет за информатички науки и технологии “Св. Апостол Павле“ – Охрид), Ирена Ралева Најдовска (наставник во ЕМУЦ Св Наум Охридски), Христина Серафимовска (професор нс Факултет за туризам и бизнис логистика), Весна Ефремова (наставник во СОУ Љупчо Сантов) и Бобан Русески (едукатор и уметник). Тие ќе обучат преку 40 млади практиканти од Македонија во периодот ноември декември 2023. Сите заинтересирани млади што учат во стручни училишта во Македонија и посетуваат пракса, ако се гледате како потенцијални претприемачи – пријавете се за обуки за бизнис вештини и не ја пропуштајте оваа можност. Контактирајте не на info@cefe.mk

Вести

Нови обучувачи за претприемништво во Естонија, Турција и Македонија

На 30 септември 2023 заврши обуката за обучувачи за претприемачки компетенции во Анкара, Турција. На обуката учествуваа 20 наставници и професори од стручни училишта и факултети од трите земји. Целта на обуката беше учесниците да се здобијат со претприемачки компетенции како и нови методи за обука на нивните ученици и практиканти.  Сите учесници изразуваа голема благодарност до обучувачите Јован Сталевски (ЦЕФЕ Мастер Обучувач) и Мустафа Ердоган (Експерт за искуствено учење), што направија микро космос каде можеа самите да се пронајдат во карактеристиките на претприемачите и можеа да искусат како реагираат и делуваат во одредени  претприемачки активности. Исто така, учесниците,  ја препознаа и прифатија моќта на ЦЕФЕ методологијата, како една од најдобрите начини на креирање на претприемачи и развој на бизнис вештини. Следен чекор за нашите учесници од Македонија: Устијана Речкоска Шикоска (Универзитет за информатички науки и технологии “Св. Апостол Павле“ – Охрид), Ирена Ралева Најдовска (ЕМУЦ Св Наум Охридски), Христина Серафимовска (Факултет за туризам и бизнис логистика), Весна Ефремова (СОУ Љупчо Сантов) и Бобан Русески (едукатор и уметник), ќе биде да обучат преку 40 млади практиканти од Македонија во периодот ноември декември 2023. Завршната церемонија за доделување на сертификатите беше организирана од агенцијата за развој на претприемништво – МЕСВАК и Националниот директорат за образование на Анкара. На свеченоста присуствуваа највисоките претставници на институциите, кои ги доделуваа и сертификатите на учесниците. Нашите пријатели од Турција уште еднаш потврдија дека се одлични домаќини и гостопримлив народ, за што сме многу благодарни.

Вести

Потпишан меморандум за соработка со Факултетот за туризам и бизнис логистика

Во просториите на Факултетот за туризам и бизнис логистика во Скопје, беше потпишан меморандум за соработка меѓу претседателот на ЦЕФЕ Македонија, Јован Сталевски, и деканката на Факултетот за туризам и бизнис логистика, проф. д-р Татјана Бошков. Меѓусебната соработка на потписниците ќе се реализира во различни домени преку проектот „Зајакнување на претприемачките способности на учениците во стручните образовни институции“. Станува збор за проект поддржан од Еразмус+ програмата за едукација и мобилност на Европската Комисија, а учество во проектот од редот на професорите ќе земе доц. д-р Христина Серафимовска. Главната цел на проектот е да придонесе во инвентивноста на образовните методи во стручното образование во Турција, Македонија и Естонија преку јакнење на меките вештини и претприемачките компетенции на практикантите и студентите преку обуки, работилници, размена на добри практики меѓу државите, како и изработка на нови едукативни материјали. Проектот носи придобивки за студентите, како што се: подобрување и стекнување на меки вештини и претприемачки компетенции, учество на интернационални работилници, подобрување на јазичните способности, анализа и изработка на бизнис идеи, вмрежување со претприемачи, можност за финансирање на нивните идеи и сл. Додека стручните училишта, факултетите и нивните вработени ќе се стекнат со вештини за развој на искуствено учење и креирање на компетентни претприемачи, развојна програма за градење на претприемачки способности кај практикантите и студенти, интернационално искуство на наставниот кадар, подобрување на едукаторските и обучувачки способности, вмрежување со институции, бизниси и органзиации од Европа, алатки за оценување на способноста на учениците за претприемачки вештини и сл. Главен координатор на проектот е Фондацијата МЕСВАК од Анкара, Турција, која веќе 20 години ги поддржува претприемачите од стручните училишта со цел економски развој на Турција. Од Македонија, партнер на проектот е ЦЕФЕ Македонија, а со овој меморандум за соработка, Факултетот за туризам и бизнис логистика станува дел од тимот на проектот. Останати партнери на проектот се: Развојниот центар на Вору регионот од Естонија (соработник на централната и локалната власт на Естонија за систематски развој и поддршка на млади претприемачи во Естонија) и Директоратот на Национална Едукација од Анкара (АДНЕ) (втора најголема институција за образование после министерството за образование на Турција која ги извршува сите активности во основното и средното образование, вклучително и стручното образвоание.

Вести

Креирање на способни обучувачи за негователи на стари лица и лица со попречености

Во периодот декември 2021 до август 2023 година, соработувавме со Црвениот Крст на Македонија за да ги зајакнеме капацитетите на обучувачите во нивните општински центри низ државата. Во текот на долгорочната соработка се спроведоа 10 обуки за обучивачи во градовите: Скопје, Куманово, Битола,  Кичево, Струга, Штип, Велес, Гостивар, Струмица и Дебар. Обуките имаа за цел да ги подобрат вештините на едукаторите кои обучуваат негователи како да препознаат потреби за обучување, како да дизајнираат и подготват обука, како да ја реализираат со возрасни лица и како да ја оценат обуката за да направат препораки за следна обука. Дополнителна цел на обуките беше обучувачите да се запознаат со циклусот на искуствено учење во подготовката на способни негователи низ државата. Со оваа соработка индиректно влијаеме на квалитетот на негата и заштитата на старите лица и лицата со попреченост во нашата држава. Во сите центри обуките траеја по 20 часа и се обучија вкупно 64 обучувачи, кои се стекнаа со сертификат за обучувачи од ЦЕФЕ Македонија. Учесниците беа од различни профили, но најчесто: доктори, медицински сестри, психолози, социјални работници, координатори и младински работници. Обуките беа оценети со вкупно задволство од 97%, а повратната информација и коментарите на учесниците ни ја оправдуваат нашата мисија во креирање на компетентни општества: Топло ја препорачувам обуката на сите и нови и постари предавачи (Радмила) Прекрсана обука во која беа исполнети сите мои очекувања. Топло ја препорачувам обуката и да ја следат, по можност, со физичко присуство зошто техниката може да затаи Вреди многу да се посети обуката Треба секој што има можност обавезно да присуствува на вакви обуки Убаво искуство и учење преку пракса, во групи, со активно учество на сите учесници Многу битна обука, во која што постојано треба да има нови учесници Вреди секој поминат час на обуката Позитивно лично искуство од учество на обуката за обучувачи. Исполнети ми се сите очекувања како нов обучвуач. Внимателно да се следи обуката има мнооогу да се научи ЗАДОЛЖИТЕЛНО присуство Многу корисна обука и одличен обучувач од кој може многу да се научи Корисна обука која би ја препорачала на колеги Обуките беа организирани од локалните центри на Црвениот Крст во градовите во кои се одвиваа, а финансиската поддршка е обезбедена од Австриското Министерство за социјална работа, Австриската Агенција за развој и Австрискиот Црвен Крст преку проектите: „Ублажување на ефектите и последиците од Ковид 19 врз најранливите во општеството, со фокус на постарите“, и проектот „КОНЕКС БАЛКАН – Ковид-19 Одговор за подобрување на социо-економската ситуација на маргинилизираните лица од 6 држави во Западен Балкан“  

Вести

ЦЕФЕ обучувачите подготвуваат невработени лица за самовработување

Во периодот јуни – јули 2023 година, обучувачи кои поседуват и сертификација од ЦЕФЕ Македонија (Елена Гагачева, Јован Сталевски, Ѓорѓи Милушев, Марија Манева и Катерина Кимовска Геровска) беа дел од тимот на обучувачи на УНДП во Македонија, да обучат и подготват невработени лица да станат претприемачи и да се самовработат. Нашите обучувачи реализираа преку 15 обуки во Пелагонискиот, Крушевскиот, Штипскиот и Струмичкиот регион, за преку 150 учесници.  Обуките беа организирани и се одвиваа во центрите за вработување на Македонија заедно со УНДП. Програмата за самовработување функционира повеќе од една деценија, се покажа како една од најуспешните програми за отварање на бизниси и креирање на работни места, и до сега, преку неа се имаат отворено преку 10.000 нови бизниси во цела Македонија. 

Вести

Креиравме 33 потенцијални бизниси за Пелагонискиот регион

Консултанти од ЦЕФЕ Македонија (Катерина Кимовска, Геровска, Деан Стојановски) во периодот мај – август 2023 година, им помогнаа на 33 учесници во програмата за самовработување да креираат свои бизнис планови што ќе се реазлизираат во Пелагонискиот регион на Македонија. Програмата за ваучерско советување за бизнис план е реализирана од Агенцијата за Поддршка на Претприемништвото на Р.С. Македонија. Овие претприемачи ќе донесат најмалку 33 нови  вработувања во регионот за следната 2024 година и се надеваме преку нивниот раст, за уште многу во иднина. Секторите во кои што работат се: угостителство, трговија, градежништво, производство, транспорт, услуги за разубавување, интелектуални услуги и друго. Агенцијата за поддршка на претприемништвото на Македонија ги ангажира нашите консултанти да го изработат нивниот бизнис план за кој што претприемачите апликанти би добиле грант од државата во износ од 5.000 евра до 10.000 евра.