Вести

Вести

ЦЕФЕ Македонија реализирани активности за 2023 година

Еразмус + Проекти  1. САПЕ Проект (Зајакнување на практикантите со претприемачки вештини) Студиска посета на стручни училишта и институции кои ги поддржуваат младите претприемачи во Естонија.  Обуки за наставници од стручни училишта во Анкара Турција – обучени 25 наставници со ЦЕФЕ алатките од Турција Македонија и Естонија  Обуки за ученици во МК ЕС ТР. Во МК се реализираа обуки во 2 стручни средни училишта во Охрид и Кочани и во факултет за бизнис менаџмент (вкупно 60 млади обучени со бизнис вештини). Во ТР и ЕС обучени 120 ученици.  Состанок на партнерите во декември 2023 во Естонија.  Во 2024 се планира обука за претприемништво на универз Апостол Павле во Охрид + камп за млади 20 претприемачи во Македонија. Во јуни 2024 г ќе се одржи Конференција за важноста на претприемништво во стручното образование.  ВИРТУАЛ проект (Подобрување на вештините кај вработените во туристичкиот сектор преку користење на виртуелна технологија) Истражување за можностите за дуално образование во секторот туризам.  Изработен каталог за побаруваните вештини и профили за вработени во туристичкиот сектор во Макеоднија, Албанија и Косово.  Изработување на интеркативна мапа за пронаоѓање на дуалните образовни програми во туризмот на Балканот.  Состанок на партнерите од Виртуал проект – онлајн декември 2023  Во 2024 – Истражувања за потребите и состојбите во секторот туризам во МК АЛБ КОС Прирачник и едукативни материјали за користење со огментирачка и виртуелна реалност.  Формирање на клубови на туристички работници кои ќе го поддржуваат стручното образование. СДЛ Проект (Поттикнување на себе насоченото учење кај младите кои не се во образование и не се вработени)  Се направи истражување за методот на себенасочено учење кај младите кои не се во образование и не се вработени.  Промотивни настани за СДЛ проектот и Еразмус+ програмата во Струмица, Битола и Скопје  Обука за 25 младински работници во Малта  Креирање на методологија за поттикнување на неет младите да се вклучат во образование или да се вработат.  Камп за 40 млади од Естонија, Малта, Турција и Македонија во Струга во декември 2023  Во 2024 – се планира обука за обучувачи во Турција и конференција за важноста на СДЛ методот во Естонија.  БЛЕС Проект – Учество на меѓународен тренинг курс за зајакнување на вештините на младинските работници кои работат со мигранти. Организиран од ЦЕФЕ обучувачи од генерација 2015  Проект за вмрежување на организации од областа на претприемачката едукација ЕнтреПартнер. 50 учесници во Талин Естонија во јануари 2023  Проект за вмрежување на организации од областа на гемификација во едукацијата во Жебжедивоцие, Полска. 30 учесници од Европа во јануари 2023.   Други проекти  ФИН ЈЕС проект – Финансиска Писменост за Млади Претприемачи Проектот започна во октомври 2023 и ќе трае до април 2024 година.  Информирање на јавноста за проектот и активностите – 40 учесници на настани во Битола, Штип, Струга.  Адаптирање на материјали за финансиска писменост од областа на бизнис финансиите преку борд игра – микро бизнис игра.  Обука на обучувачи за 20 наставници од средни училишта и професори за користење на борд гејм за изучување на бизнис финансии  Во 2024 се планирани 9 локални обуки кои што ќе бидат спроведувани од страна на обучувачите од проектот и ќе користат борд гејм МБГ, ќе се обучат над 100 ученици и студенти.  Креирање и акредитација на натпревар за финансиска писменост од областа на бизнис финансии  Конференција за споделување на резултатите од проектот  ОБУКИ Во 2023 се одржаа вкупно 61 обука и работилници на кои присуствуваа вкупно 750 учесници. 80% од обуките беа организирани и спроведени од ЦЕФЕ Македонија, а останиот дел од ЦЕФЕ обучувачите во нивна приватна режија со користење на методологијата.  Ова е список на одржаните обуки и работилници:  – Ориентација кон клиенти за 30 претставници од министерства и агенции – Менаџмент на стрес за 40 претставници од министерства и агенции – Обуки (три) за Финансиски менаџмент за 20 жени претприемачи  – Црвен Крст – во циклус од 10 обуки во 10 различни градови низ Македонија се обучија 64 едукатори и обучувачи од Црвен Крст за користење на искуствено учење и обучувачки техники во нивната работа.  – НДИ обука за 16 обучувачки од политичките партии на Р Македонија. – УНДП АВРМ (20 обуки) обучени преку 150 лица за самовработување од страна на ЦЕФЕ обучувачите  – Обуки за Финансиска писменост и едукација за 15 вработени во Американска амбасада во Скопје  – Обука за обучувачи во Полска за 25 младински работници и едукатори од Европа – Обуки за развој на бизнис идеја за проектот Рекономи. Обучени преку 100 млади од Струмица, Св. Николе, Битола и Штип преку ЦЕФЕ обучувачите Благој, Елена, Вале, Никола, Маја  – Благој Трајков одржа обуки за маркетинг за 15 учесници и обука за бизнис игри за фармери за 15 млади во Американско катче Штип  – Валетина и Елена одржаа работилница за Микро Бизнис Игри за 15 учеснички и претприемачки вештини за 15 учеснички во Американско Катче Струга – Јован одржа работилница за развој на бзинис вештини за 80 ина студенти и средношколци на ТМФ – факултетот за Технологија и Металургија во Скопје. Организирана од Ино Фаб Лаб.  – Обуки за развој на агробизнис преку бизнис игри за фармери. Одржани 10 работилници со преку 60 учесници. Обучувачи: Валентина Тодороска, Благој Трајков, Марија Чукниева Недевска, Ивана Јаневска Стаменковска, Ана Симоновска  – Обука за обучувачи за развој на агробизнис преку бизнис игри на фармери. 10 дневна обука со Германскиот Шпаркасестифтунг.  – Ана Петровска организира и спроведе работилница за еколошка свест за 50 ученици од училишта во Аеродром, Скопје.  КОНСАЛТИНГ Во 2023 година, консултантите на ЦЕФЕ Македонија изготвија вкупно 34 бизнис планови и им помогнаа на 34 претприемачи да најдат финансирање за нивните бизниси: – За АППРМ се креирани 33 бизнис планови за самовработување со грант во 2023 – консултанти Јован Сталевски, Катерина Кимовска Геровска и Деан Стојановски. – Изготвен бизнис план за Електрична централа со инвестиција од 65 милиони евра -консултант Јован Сталевски.  ЦЕФЕ МРЕЖА И ОБУЧУВАЧИ – Градење на капацитети за Елена и Јован – обука на обучувачи за МБГ во Косово – Јован Сталевски – Спикер на конференција за Подобро образование во Европа и Евроазија организирана од Џунио Ачивмент Македонија.  – Глобална недела на претпримеништвото – финансиска писменост за 40

Вести

Виртуелни технологии за реформи во туристичкиот сектор

На 29 и 30 јануари 2024 година, во рамки на проектот ВИРТУАЛ (Vocational Innovation Renewing Tourism Advanced Learning) претставници на ЦЕФЕ Македонија се состанаа во кампусот на Универизтетот за Бизнис и Технологии (UBT) во Приштина, Косово со останатите партнери од проектот. На состанокот се разговараше за произведените резултати во работниот пакет 2: Истражување за дуалните модели на стручно образование во туристичкиот сектор во Македонија, Косово и Албанија. Целосниот извештај на Англиски јазик видете го овде. Истражување за состојбата во туристичкиот сектор во Македонија, Албанија и Косово; потребите на туристичките капацитети за квалификуван кадар и опис на вештините и компетенциите потребни за работни места во туризмот со измените што се барани како последица на дигиталната трансформација, еколошките стандарди и ковид кризата. Извештајот видете го овде. Исто така се поставија цели и планови за креирање на производи од работниот пакет 3: Материјали за учење за експерти и наставници како да користат Виртуелни Технологии во процесот на подготовка на учениците за работа во туристичкиот сектор; Обуки за наставен кадар и експерти во Тирана, Албанија; Локални обуки во стручните училишта од областа на туризмот; Проектот ВИРТУАЛ има за цел да го подобри нивото на компетенции, вештини и потенцијал за вработување кај учениците од стручното образование (ВЕТ секторот) преку нови и иновативни образовни програми од областа на туризмот (угостителство и ресторани), конкретно со примена на иновативна технологија како што е виртуела реалност (VR), проширена реалност (AR) и симулатори во ВЕТ институциите од Западен Балкан. Ова е популарно наречено Образование 4.0. Партнери на проектот се 6 организации, универзитети, компании и ВЕТ провајдери: ТУЧЕП – Италија, АРТЕС Италија, Професионален Колеџ Тирана – Албанија,  Европскиот Универзитет Тирана – Албанија, Универзитет за Бизнис и Технологии – Косово; Во Македонија, проектот се спроведува од ЦЕФЕ Македонија, со поддршка од бројни соработници, меѓу кои и Агенцијата за Промоција на Туризмот на Р. С. Македонија.

Вести

Официјално потпишување на соработка со Гимназија „Јосип Броз – Тито“ Битола

На ден 26.01.2024 година, здружението на граѓани ЦЕФЕ Македонија и Средното Општинско Училиште Гимназија „Јосип Броз – Тито“ од Битола, потпишаа документ за разбирање и соработка. Двете организации се договорија да соработуваат во јакнење на своите капацитети и соработка меѓу професорите на Гимназијата и обучувачите на ЦЕФЕ Македонија, со цел креирање на поквалитетно образование, можности за учење на нови теми, нови методи на учење и нови пријателства за учениците и младите од Македонија.  Моментално соработуваме на проектот „Финансиска писменост за млади претприемачи“ кој е поддржан од Американската Амбасада во Скопје. На 25 и 26 јануари 2024 во Гимназијата се одржа обука за финансиска едукација преку Микро Бизнис Игри, на која учествуваа 15 учесници и се здобија со вештини и знаења за финансискиот менаџмент и водење на микро бизнис.  Обуката ја водеше професорката Фанија Наумовска, која е обучувач во овој проект и учествуваше на обука за обучувачи за микро бизнис игрите во Декември 2023 во Струга. Планирано е во текот на 20244 година да се направат уште 2 обуки за финансиска писменост преку микро бизнис игри, бидејќи учениците изразија голема заинтересираност и има побарување од страна на нивните врсници. Гимназијата „Јосип Броз – Тито“ Битола е една од најстарите, најреномираните и најквалитетни средни училишта во Македонија. Денешната гимназија „Јосип Броз – Тито“, започнала да работи во 1892 година и тоа како нижа гимназија. Зградата во која се отвора гимназијата му припаѓала на богатиот битолски бег Сали паша. Историјата на институцијата е импресивна и важна за нашата држава бидејќи произвела значајни личности како академици на МАНУ, градоначалници, амбасадори, политичари и бројни лидери. За целосниот историјат ве покануваме да прочитате на нивната веб страна.

Вести

ЦЕФЕ Македонија ќе биде дел од Глобална Недела на Претприемништво (ГНП) 2023

ЦЕФЕ Македонија ќе биде дел од Глобална Недела на Претприемништво (ГНП) 2023 на 14ти Ноември од 18 до 19:30 часот! По повод овој голем настан, ЦЕФЕ Македонија ќе ве информира за влијанието на финансиската едукација врз претприемачите и нивната успешност. Гости говорници:  Елена Гагачева. Маркетер, обучувач, претприемач Јован Сталевски. Претприемач, обучувач, дизајнер на проекти Зошто е важно да ги знаеме финансиите аспекти од бизнисот? Најважно – да можеме да носиме правилни одлуки, како и да ја зголемуваме нашата конкурентност. Исто така финансиските знаења овозможуваат поголема парична независност и согледување на повеќе можности.  Главните апсекти кои секој претприемач е пожелно да ги знае и разбира се: разбирање на финансиските биланси, разбирање на кредитните извештаи, познавање на главните финансиски соодноси, знаење како да пресмета повраток на инвестиција, солидно разбирање на готовинскиот тек, разбирање на даноците и како тие влијаат на бизнисот. Како заклучок може да кажеме дека разбирањето на бројките во бизнисот, креирањето и користењето на системи или алатки што функционират за претприемачот и знаење за различни финансиски достапни можности се клучни за вашата финансиска едукација и со тоа може да изградите одржлив бизнис сега и во иднина.  Пријавете се на следниот линк до 13ти ноември, очекувајте емаил со линк до ЗООМ.  Се гледаме на 14ти Ноември (вторник) во 18 часот да слушнеме и размениме примери и совети како да ја подобрите вашата финансиска едукација или од каде да започнете. Контакт: info@cefe.mk  Глобална Недела на Претприемништво (ГНП) е организиран настан секоја година околу месец Ноември, и учествуваат повеќе од 180 држави. ГНП е најголемиот светски настан што ги прославува иноваторите и претприемачите кои спроведуваат старт-ап компании, а кои допринесуваат во развој на идеи, економски раст и проширување на човечката благосостојба. ГНП се случува секаде, низ целиот свет, и е наменета за секого, секаде, во секое време.

Вести

Повик за учесници од Македонија за Еразмус+ проектот „Self-directed learning competencies for NEET-youth“

Ги покануваме мадите од 18 до 30 години, кои не се вработени и не се во процес на образование, да земат учество на интернационалниот камп за млади, наречен SDL4NEET (себе  насочено учење). Интернационалниот настан ќе се одржи во периодот од 25 ноември до 10 декември 2023г. во Хотел Дрим – Струга. На кампот ќе учествуваат вкупно 40 учесници од 4 земји: Естонија, Малта, Турција и Македонија. Во нив ќе има по 8 млади од секоја земја, 1 младински работник-ментор и 1 истражувач кои работат на темата себе насочено учење. Ова е можност да се дружите со ваши врсници и исомисленици, но и да имате продлабочен разговор можеби со некој кој може да ви помогне за развој на вашата кариера или животна цел. Овој интернационал камп има за цел: да ги развие способностите на учесниците за планирање и поставување лични цели, нивна реализација и личен развој,  унапредување на нивното активно учество во заедницата.  учесниците да работат заедно, да се забавуваат, да се соочат со предизвик и откривање на нови перспективи, уметност, спорт, традиција. На почетокот од нашата соработка, како и на крај од оваа едукативна и животна авантура, пополнувате прашалник кој ќе биде анонимен и ќе биде искористен во истражувачки цели на проектот.  Познавање на Англиски јазик се препорачува. Не е задолжително да знаеш перфектно, важно да не ти е срам да се разбереш со оние околу тебе. Патните трошоци од местото на живеење до Струга ќе бидат рефундирани/подмирени од страна на организаторот во износ на автобуска карта. Сместувањето ќе биде во Хотел Дрим во Струга. Учесниците ќе имаат можност да делат соба со свои врсници од сопствената или друга земја во супериор двокреветни соби. Планирани се три балансирани оброци на ден, користење на спа центар (базен, џакузи и сауна), интернет како и спортските терени на хотелот. Предвидени се екскурзии како и крстарење по Охридското езеро и запознавање на регионот со културата, историјата и традицијата. Со вас треба да понесете ентузијазам , желба за дружење и промена, за другото ќе се погрижи тимот на ментори кој ќе работи со вас. Напомена: Постојат две можности да бидете вклучени во овој проект.  Првата е да се пријавите на кампот и да работите со ментор на остварување на своите цели. За оваа опција имаме 8 места за учесници. а втората  доколку сметате дека временскиот период од 14 дена е голема инвестиција за вас, може да се пријавите и да бидете индиректни учесници во програмата и да работите на своите цели самостојно. За оваа опција имаме 12 отворени места. Пријавете се до 15 ноември 2023 со пополнување на онлајн формата и ќе ве исконтактираме. Можеби ти се следната добра приказна.  Контакт за прашања и информации: Валентина Тодороска –  t.valentina23@gmail.com 075/451926 Проектна координаторка на проектот „Self-directed learning competencies for NEET-youth“

Вести

Повик за учесници на обука за обучувачи

ЦЕФЕ Македонија, во рамки на проектот „Финансиска писменост за млади претприемачи -FinYes, организира обука за обучувачи (Training of Trainers) за финансиска писменост за водење на мал бизнис. Обуката е структуирана според методологија на искуствено учење, односно предвидена е да се одвива преку игри и симулации, кои ќе бидат интерактивни и симулативни, како и натпреварувачки и предизвикувачки. Оваа обука претставува  високо интерактивен тренинг за микро-претпиремачи и за луѓе кои сакаат да научат како во пракса успехот и истрајноста на старт-ап компаниите и малите бизниси може да бидат подобрени. Зошто? Кои придобивки ќе ги имате од обуката? Зголемување на знаењето и вештини за финансиите и претпримништвото при започнување на микро бизнис; Способност да се препознаат нови бизнис можности; Справување со неизвесни и непредвидливи настани и ризици, како и планирање на инвестиции; Сертификат за присуство (се издава со присуство од најмалку 80% активно учество); Соработка и вмрежување со други учесници и потенцијални нови пријатели; Кој? За кого е наменета оваа обука? Концептот на водење на бизнис веројатно веќе им звучи познато, но и страшно, на многу луѓе. Затоа оваа работилница е за сите заинтересирани кои сакаат да искусат колку е лесно или тешко да се води еден мал бизнис. Професори во средни училишта и на факултети, младински работници, обучувачи, едукатори во формално и неформално образование, фасилитатори, сите се добредојдени да аплицираат. Кои ќе бидат вашите обучувачи/фасилитатори? Обучувачи кои инвестирале во 10-дневна обука за тренери со германскиот Sparkassenstiftung и нивните матер обучувачи. Луѓе кои се подготвени да придонесат за економскиот развој на Македонија, а се професионалци во своите области: консултанти, обучувачи, професори, менаџери, координатори, наставници.  Имињата на фасилитаторите и менторите:  Јован Сталевски ( Интернационален Мастер ЦЕФЕ обучувач) Елена Гагачева (Интернационален ЦЕФЕ обучувач) Валентина Тодороска (Интернационален ЦЕФЕ обучувач) Кога? 30.11.2023 – 03.12.2023  Каде?  Локацијата ќе биде дополнително потврдена. Колку и како? Програмата се состои од 30 часа или 4 фази – Општата цел на програмата е да се доживее како ефективно да се управува со микро бизнис, користејќи пристап заснован на искуство.Процесот на учење се карактеризира со четири фази: Учесниците се поделени во групи, секоја група го презема раководството на бизнисот, донесува менаџерски одлуки и добива увид во внатрешните и надворешните фактори кои влијаат на перформансите на нивниот бизнис (Акција). Учесниците добиваат повратни информации и го рефлектираат нивниот напредок во рамките на симулацијата, како и нивните сопствени акции (Рефлексија). Своите новостекнати знаења учесниците ги применуваат во текот на обуката (Апликација). Во трансфер сесиите, симулацијата ги поттикнува учесниците да ги имплементираат своите новостекнати вештини во нивната деловна практика (Имплементација). Обуката ќе се води на македонски јазик Трошоци – Сместување, храна, патни трошоци во висина на повратен автобуски билет и материјалите кои ќе ги користат учесниците на обуката ќе бидат покриени од страна на организаторот. Како да се пријавите и да учествувате? За да се пријавите на обуката потребно е да го пополните следниов линк. Краен рок за пријава: 20.11.2023 За резултатите од селекцијата на кандидатите ќе бидете информирани најдоцна до 23.11.2023 За учество на Обуката за Обучувачи ќе бидат избрани вкупно 20 пријавени. Важно* – Учесниците на обуката за обучувачи е потребно да знаат дека за стекнување на Сертификат за обучувач за финансиска писменост е потребно да ги реализираат следниве работи по завршување на обуката: Дисеминација на обуката за 15-20 учесници (млади на возраст од 15-25 години) во тим од 2 или 3 фасилитатори. Во период од декември, 2023 до февруари, 2024 година Да пријават учесници за натпревар за финансиска писменост кој е планиран да се реализира во месец април 2024 година. Да ги менторираат учесниците кои ќе учествуваат на натпреварот за финансискат писменост. Да земат учество на завршниот настан на проектот. Да кажат некој убав збор за проектот доколку се задоволни и исполнети од активностите Контакти за информации: Благој Трајков / Телефон: +389 71 324 959  Валентина Тодороска / Телефон: + 389 75 451 926 Е-пошта: info@cefe.mk Организатори: Оваа програма е испорачана во Македонија од страна на ЦЕФЕ Македонија со поддршка од тимот на германскиот Sparkassenstiftung во Албанија и С. Македонија. Обуката за обучувачи е дел од проектот „Финансиска писменост за млади обучувачи – FinYes“ поддржан и ко-финансиран од страна на Американската амбасада во Скопје За проектот FinYes (Финансиска писменост за млади претприемачи) има за цел да ги опреми едукаторите и младите поединци во Северна Македонија со основни финансиски вештини и знаења. Во услови на висока инфлација, несигурност на цените и геополитички хаос, ефективно финансиско планирање и управување со ресурсите станаа клучни во денешниот свет кој брзо се менува. Општата визија на проектот е да им овозможи на младите од провинциските области на Македонија да планираат и да работат на нивната финансиска независност. Главна цел на проектот Главната цел на овој проект е да обезбеди сеопфатна програма за обука за финансиска писменост на едукаторите, оспособувајќи ги со потребните знаења и вештини за ефективно да ги обучуваат своите млади учесници, со посебен акцент на младите девојки. ЦЕФЕ Македонија, е официјален провајдер на обуката за финансиска писменост дизајнирана од страна на групацијата Sparkassenstiftung. Во текот на 2022 година беа обучени 10 тренери од ЦЕФЕ Македонија за испорака на производи за бизнис игри за финансиска писменост (Заштеда на игри, микро бизнис игра и бизнис игра на фармери). Обуките се дизајнирани да имаат влијание врз пошироката публика, со фокус на младите, жените и земјоделците. Резултатот од оваа соработка беше соработката со Народната банка на Република Северна Македонија, за да стане еден од официјалните даватели на обука за финансиска писменост и да придонесе за националната стратегија за зголемена финансиска едукација на македонското население.