Вести

Вести

Интервју за Блумберг Адриа – Како до добар бизнис план?

Им благодариме на Блумберг Адриа за препознавањето на важноста на бизнис планирањето при основање и водење на еден успешен бизнис. Повелете дел од разговорот во текстуална верзија. Што е целта на програмата за самовработување и советување за бизнис план? Целта е да им се дадат на потенцијалните претприемачи советодавни услуги за изработка на бизнис план. Поинаку кажано е, заеднички да ги истражиме и најдобро прикажеме можностите и ризиците од одредена бизнис идеја. Програмата официјално ја спроведуваат АППРМ, АВРМ, УНДП и сите советници и советодавни правни тела (како ЦЕФЕ Македонија). Кој може да добие поддршка? Потенцијални претприемачи – невработени, регистрирани во агенцијата за вработување Постоечки МСП со потреба за советување во подобрување на производ, иновација, процеси, менаџмент финансии, планирање, извоз, сметководство, итн… Каков тип на бизнис идеи или претприемачи се пријавуваат на програмата? Точна и официјална бројка немам, но според нашите увиди од ЦЕФЕ Македонија, од изработени над 300 бизнис планови од 2015 до сега, и  според нашиот делокруг на работење, може да кажеме за Пелагонискиот дел од републиката, бидејќи 90% од клиентите се од Битола, Прилеп, Демир Хисар, Ресен, Крушено, итн…во оваа програма околу 50% од бизнисите се формализирање на веќе постоечки бизниси кои до сега работеле како фриленсери, или тестирање на идејата, или добивање на искуство и пробивање на пазарот (биле во сивата економија), а останатите 50% се трговија, јакнење на семејни бизниси, услуги и креативни индустрии..  Еве неколку примери:  забележавме дека после ковид пандемијата имаше зголемен пораст на отворање (или реотварање) на угостителкси објекти, но со подобрени услуги како достава, онлајн нарачки, онлајн комуникација со клиенти, онлајн плаќања итн… Или поради недостик на услуги од занаетчиството и значителниот пораст на цените за тие услуги (молери, електричари, водоводџии, плочкари, дрвопреработувачи..) значително се охрабрја многу од нив кои работеа како физички лица. Интересно е да се спомене и дека имаме тренд и за отворање на бизниси од кративните индустрии од страна на млади лица: програмери, фотографи, дизајнери, маркетери…) и сите тие го гледаат светот како потенцијален пазар, не само Македонија, но избрале во нашата држава да плаќаат даноци.  И секако се зголеми и интересот на бизниси од областа на трговијата, бидејќи последните неколку години, пргорамта дозволи набавка и на трговски стоки за натамошна препродажба. Бидејќи порано средствата од грантот може да се искористат само за набавка на нова опрема и материјали за доработка – репроматеријали. Според мене, оваа програма е доста успешна во три сегменти: Формализирање на бизнисот и давање реална слика колку време и колкава бројка од бизнисите им треба за да ја препознаат потребата од официјализирање на бизнис процесите.  Одлична основа за поддршка и креирање на нови семејни бизниси, бидејќи повеќето од дополнителните нови вработувања што се предвидуваат со бизнисите, повеќе од 80% планираат вработување на своите сопружници, или деца или поблиска фамилија во развојот на бизнисот.  Поттикнување на младите креативци да отпочнат свој бизнис во државата Поттикнување на младите креативци да отпочнат свој бизнис во државата. Што е потребно за добар бизнис план? Реално, многу од клинтите го гледаат бизнис планот како парче хартија, или документ кој им служи за добивање на финансиските средства од 5 или 10 илјади евра.  Но откако ќе ја поминеме фазата на бизнис планирање, претпримачите увидуваат дека бизнис планот не е само добар за нив, туку им наоѓа употреба и за претставување на бизнисот на своите вработени, добавувачи, банкари, клиенти, итн… т.е им дава информации за планирање и предвидување. Друг аспект е дека увидуваат дека досегашната математика на работење и финансии не им излегува кога ќе се додадат и аспектите на легално водење на бизнис, па мораат да размислат како ќе ги зголемат приходите или намалат трошоците. И самиот наслов кажува план…а за да заврши успешно која и да е работа е потребен план. И најважно претприемачите учат дека истражувањето, предвидувањето и планирањето си бара одредено време. Или сфаќаат дека 80% од некоја работа треба да ја поминат во планирање а само 20% во успешна реализација. Што е ЦЕФЕ Македонија и кои се неговите членови? ЦЕФЕ Македонија е здружение на професионални обучувачи и консултанти формирано во далечната 1997 година а регистрирано како непрофитна организација во 2008 година.  Визијата е македонското општество да биде водено од претприемачи и  работните места да бидат креирани од способни претприемачи, и најмалку од популистички политички мерки. Нашите членови се обучувачи кои ја прифатиле и употребуваат ЦЕФЕ Методологијата за креирање на компетентни претприемачи. Експерти во области како бизнис, едукација, трговија, граѓанско општество, иновации, проектен менаџмент и др. Од 2015 година соработуваме со Агенцијата за Поддршка на Претприемништвото  на РС Македонија,  Агенцијата за Вработување на  Р С Македонија и УНДП во Македонија при реализација на програмите за самовработување со грант од 5 до 10 илјади евра. Наш предлог од советниците од ЦЕФЕ Македонија, за развој на програмата е системско следење на новоснованите бизниси во првите 3 години и давање дополнителна поддршка во зависност од потребите  (дигитализација, наоѓање нови пазари, обуки за менаџмент вештини…). Напишано од: Јован Сталевски, економист, обучувач за претприемнички компетенции според Германската ЦЕФЕ Методологија. Претседател на ЦЕФЕ Македонија и основач на ЦЕФЕ Едукација и Тренинг ДООЕЛ.

Вести

Работна посета во Вору, Естонија во рамките на проектот “САПЕ“

Во периодот од 22.05-26.05.2023 година, претставници на ЦЕФЕ Македонија заедно со претставници од СОУ “Љупчо Сантов“-Кочани, OЕМУЦ ”Св. Наум Охридски” – Охрид и  University of Information Science and Technology – St. Paul the Apostle  учествуваат на работна посета во областа Вору, Естонија во рамки на проектот “САПЕ – Зајакнување на претпримачките капацитети кај практиканти“.  Целта на посетата е размена на добри практики и искуства за поддршка и зајакнување на претприемачките вештини кај младите преку неформално образование. Првиот ден од посетата започна со претставување на учесниците од сите партнерски организации и кратка презентација на Võrumaa Arenduskeskus кои воедно беа и домаќини на средбата.  Истиот ден беше остварена посета на Võru Gümnaasium, каде беа презентирани активностите и програмите на оваа образовна институција во делот на претприемништвото, и успесите кои ги имаат постигнато на национално и меѓународно ниво. Првиот ден заврши со посета на Фондот за Осигурување на невработени лица, како и посета на Võru HUUB, центар за развој и поддршка на млади претприемачи. Вториот и третиот ден учесниците на работната посета имаа можност да го посетат Võrumaa Vocational Education Center,  центарот за компетенции Tsenter – Puidutöötlemise ja mööblitootmise kompetentsikeskus, фабриката за преработка на дрво Barrus , хотелот Кубија, како и областа Rõuge. Учесниците се запознаа со начинот на работа на стручните училишта и со можноста за практична работа на учениците која им ја нуди самиот образовен центар, како и голем дел од приватниот бизнис сектор во областа Вору. Исто така, тие се запознаа и со образовниот систем и модел во Естонија, кој дава одлични резултати и ја рангира Естонија помеѓу водечките земји во делот на образованието во светски рамки. Претприемништвото и ИТ вештините се суштински дел од нивниот образовен модел и се изучуваат од најмала возраст, што ја прави Естонија една од најнапредни држави во делот на дигитализацијата и начинот на основање и водење на сопствен бизнис. Проектот “САПЕ – Зајакнување на претпримачките капацитети кај практиканти“ е проект поддржан од Еразмус + програмата на Европската Комисија

Вести

Потпишан меморандум за соработка со Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“.

ЦЕФЕ Македонија потпиша меморандум за соработка со Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“. Целта на овој меморандум е преку взаемна соработка двете организации да иницираат активности кои ќе поттикнуваат претприемнички иницијативи во земјава, како и интерeс за наука, технологија и иновации кај младите. Студентите од универзитетот досега имаа една обука за развој на бизнис идеја преку ЦЕФЕ Методлогијата на која што обучувачи беа сертифицираните ЦЕФЕ тренери Валентина Тодороска и Елена Гагачева. Меморандумот за соработка беше потпишан од страна на Јован Сталевски од ЦЕФЕ Македонија и професор д-р Устијана Речкоска Шикоска проректор на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“.

Вести

Повик за учество на обуки за развој на бизнис идеја

ЦЕФЕ Македонија во рамки на проектот Рекономи, поддржан од страна на Импакт Фондација,  ве поканува на уникатни обуки за претприемништво и развој на бизнис идеја. Главната цел на овие обуки е да ве обучи и да ви даде знаења и вештини за бизнис селекција и презентација на бизнис идеја,  како и подигање на свеста на кандидатите за можностите кои ги нуди започнувањето самостоен бизнис. За кого е оваа обука? За сите потенцијални и постоечки фриленсери (за да ги надоградат своите бизнис перформанси), вработени во организации кои имаат идеја да започнат сопствен бизнис, едукатори, креирачи на политики, родители, вработени, студенти, невработени. Најважно – на обуките ќе им се даде предност за учество на лица со помалку можности! На обуката по претприемништво, ќе се усовршуваат вештини од генерирање и селекција на бизнис идеи и презентирање на истите. Обуките ќе се одржуваат по светски познатата ЦЕФЕ методологија, која што веќе 30 години покажува дека праксата е најдобриот учител за стекнување бизнис компетенции. Оваа метода содржи вежби кои се интерактивни и практични, како и симулации на реални ситуации кои ги ставаат учесниците во чевлите на еден претприемач или тим и даваат дополнителна вредност на целокупното стекнато знаење. Теми кои ќе се разработат на обуката се: Лични претприемачки карактеристики Генерирање и селекција на идеи Барање и презентација на бизнис идеи После оваа обука вие ќе бидете способни да: Го препознаете својот претприемачки капацитет; Воспоставите мрежа на бизнис контакти; Ги разберете клучните структури и принципи на претприемачкото планирање; Производи кои ќе ги понесете од оваа обука се: Рафинирана бизнис идеја која одговара на личноста Разработена бизнис идеја Обуката е дизајнирана да се реализира во еден или два дена со вкупно траење од 8 час. Целите ќе се постигнат во неколку сесии составени од практични и интерактивни вежби, дискусии, фидбек сесии, работа во мали групи и минимум теоретско предавање. Кој ќе не обучува?  Обуките ќе ги водат ЦЕФЕ обучувачи и ментори за претприемништво кои ја користат ЦЕФЕ методологијата .  КОГА ќе се одржува?   Сесиите ќе траат 4 часа дневно доколку обуката трае два дена, или вкупно 8 часа доколку трае еден ден. Дополнително ќе биде утврден  временскиот распоред. Сесиите ќе се одвиваат во пладневните часови.  КАДЕ? Работилниците ќе се реализираат во Струга, Битола, Штип, Струмица и Свети Николе.  Битола – Градска Библиотека (04.03 од 11.00 -19.00 часот) Струга – Х. Солферино (25-26.02.2023, од 11:30 до 15:30 часот) Штип – МладиХаб (Дом на култура) ( 10.03.2023 од 16.00-20.00 и 11.03.2023 од 10.30-14.30) Струмица – Europe House (18.02.2023 – сабота, од 09 до 17 часот) Свети Николе – Градска Библиотека (11.03.2023, од 10 до 18 часот) ВАЖНО: Местата се ограничени на 20 учесници по обука, или вкупно 100 учесници. Приоритет ќе се дава на учесници со помалку можности (млади невработени лица, студенти, лица кои потекнуваат од рурална средина, млади лица со ниски примања, лица кои се соочуваат со социјална дискриминација, лица со физички или ментални бариери итн) Што добивам дополнително? Секој кој што успешно ќе ја заврши обуката (активно присуство на најмалку 80% од обуката) се стекнува со сертификат издаден од ЦЕФЕ Македонија и потпишан од обучувачите; Материјали во печатена и електронска форма; Листа на контакти за ваше идно вмрежување и соработка; Освежување, кафе и закуски за време на обуката; Што треба да инвестирам за себе? Време, посветеност, активно учество Како да се пријавам? Пријавете се со пополнување на електронската пријава Контактите на организаторот на настанот од ЦЕФЕ Македонија: Благој Трајков 071/324-959,  blagoj.t@cefe.mk  ;   * – Во случај на поголем број пријавени кандидати ЦЕФЕ Македонија го применува принципот „first come – first served“ (во случајот: прв пријавен – прв услужен). – Нецелосните пријави ќе се разгледуваат последни. Организаторите го задржуваат правото на промени на датумите или локацијата со најава на учесниците. Организаторите го задржуваат правото на комбинирање на групите заради хомогеност или хетерогеност, во зависнот од целите на обуките. Погледнете дел од атмосферата на претходни ЦЕФЕ обуки: https://www.facebook.com/media/set/?vanity=CEFEMacedonia&set=a.3451847588194597 https://www.facebook.com/media/set/?vanity=CEFEMacedonia&set=a.3475862765793079 https://www.youtube.com/watch?v=k6jbQzoydsk Еве што кажаа дел од учесниците од претходни обуки:

Вести

ЦЕФЕ Македонија го одржа своето годишно Собрание

За да постигнете големи работи и да успеете потребно е да се има квалитетен тим, но не било каков. Потребен е тим од членови кои имаат иста визија и цел и кои сакаат навистина да направат нешто вредно во она што го работат. Горди сме што во нашиот тим имаме членови кои ја делат нашата визија и на тој начин одиме напред. На 21.01.2023 година, тимот на ЦЕФЕ Македонија го одржа своето годишно Собрание. На ова Собрание официјално се разговараше за неколку точки. Им кажавме добредојде на осум нови членови кои пристапија во ЦЕФЕ Македонија и со тоа здружението сега брои 15 челнови. За претседател на здружението е реизбран Јован Сталевски, за потпретседател на ЦЕФЕ Македонија е избран Благој Трајков и за секретар е Елена Гагачева. Разговаравме за програмата за работа за 2023 – 2027 и за нашите идни планови кои што сакаме да ги реализираме во периодот кој што ни следува. Навистина сме горди што во последните неколку години успеавме да го прошириме нашиот тим и нашата база на ЦЕФЕ обучувачи низ цела Македонија. Во следните неколку месеци започнуваме да ги активираме ЦЕФЕ обучувачите, бидејќи во периодот од февруари и март 2023 ќе започнеме со обуките за Агро Бизис Игрите и Развој на бизнис идеја. Линк за пријавување на обуки Агро Бизис Игри: https://docs.google.com/…/1FAIpQLSdr2CSDMgX…/viewform… Линк за пријавување на обуки за развој на бизнис идеја: https://docs.google.com/…/1FAIpQLSeJD…/viewform

Вести

Повик за учесници на обуки: Како да водам агро-бизнис?

ЦЕФЕ Македонија, во соработка со своите партнери од Здружението на Агроекономисти на Македонија (ЗАЕМ), организира обука за финансиска писменост за водење на агро бизнис, наречени Фармерс Бизнис Гејмс. Обуката е структуирана според методологија на искуствено учење, односно предвидена е да се одвива преку игри и симулации, кои ќе бидат интерактивни, како и натпреварувачки и предизвикувачки. Фармерс Бизнис Гејмс е високо интерактивен тренинг за сопственици на мали фарми, потенцијални земјоделци и претприемачи од областа на земјоделието кои имаат за цел да ги подобрат своите вештини за успешно и оддржливо менаџирање на својата фарма. Добредојдени се сите млади, жени и фармери. Зошто? Кои придобивки ќе ги имате од обуката? Да се стекнете со знаење за процесот на избор на земјоделски култури и домашни животни и за различните системи во процесот на одгледување; Да се стекнете со разбирање на менаџирање на односите  помеѓу продавачите и купувачите; Да дефинирате, раководите и анализирате финансиски документи со цел зголемување на заработката, и на тој начин да обезбедите идни финансиски можности; Да направите разумни планирања на трошоци и инвестиции; Да научите за предностите на долгорочното планирање на бизнисот; Да бидете свесни за можностите за справување со ризиците поврзани со бербата, несигурности и сезонските непогоди; Да ги разберете можностите за справување со ризиците преку штедење, осигурување и позајмици; Дополнителни добивки: Сертификат за присуство (се издава со присуство од најмалку 80% активно учество); Соработка и вмрежување со други учесници и потенцијални нови пријатели; -> Кој? За кого е наменета оваа обука? Концептот на водење на бизнис веројатно веќе им звучи познато, но и страшно, на многу луѓе. Затоа оваа работилница е за сите сегашни и потецијални земјоделци, средношколци и студенти кои планираат да се занимаваат со производство на храна и сите земјоделски претприемачи  кои сакаат да искусат колку е лесно или тешко да се води еден мал семеен агробизнис. Студенти, вработени, невработени, претприемачи од 16 години до 70 години. Единственото нешто што ви треба е: мотивација за учество; (запомнете дека нашата единствена цел на оваа планета е да учиме), десктоп или лаптоп компјутер со инсталирана апликација ZOOM; и интернет конекција. Кои ќе бидат вашите обучувачи/фасилитатори? Обучувачи кои инвестирале во 10-дневна обука за тренери со германскиот Sparkassenstiftung и нивните мастер обучувачи. Луѓе кои се подготвени да придонесат за економскиот развој на Македонија, а се професионалци во своите области: консултанти, обучувачи, професори, менаџери, координатори, наставници. Имињата на фасилитаторите: Валентина Тодороска, Благој Трајков, Марија Чукниева Недевска од ЦЕФЕ Македонија; Ана Симоновска и Ивана Јанеска Стаменковска од Зружението на Агро Економисти на Македонија (ЗАЕМ) и Факултет за Земјоделски науки Скопје. -> Кога? Февруари – Март 2023, Обука 1) – на 09,10,11 Февруари, од 16:30 до 20:30 часот (ЦЕФЕ обчувачи) Обука 2) – на 15,16,17 Февруари од 16:30 до 20:30 часот (ЗАЕМ обучувачи) Обука 3) – на 20,21,22 Февруари од 16:30 до 20:30 часот (ЦЕФЕ обучувачи) Обука 4) – на 27,28 Февруари и 01 Март од 16:30 до 20:30 часот (ЦЕФЕ обучувачи) во соработка со Американско Катче – Штип Обука 5) – на 13,14 и 15 март 2023 од 16:30 до 20:30 (ЗАЕМ обучувачи) -> Каде?  Обуките ќе се одвиваат онлајн преку платформата ЗООМ, на македонски јазик. -> Колку? Програмата се состои од 15 часа или 4 фази – преку пристапот на учење базиран на искуство: Направи; – Рефлектирај; – Аплицирај; и -Имплементирај. -> Како да се пријавите и да учествувате? Погледнете ги предложените датуми и видете во вашиот календар кога сте слободни. Потоа, пополнете го формуларот за пријава на следниот линк, https://forms.gle/VA5EWf57PMoe2jhx6 и изберете за која од предложените датуми се пријавувате. Откако ќе се пријавите, ќе добиете известување од нас дали и за кој датум сте примени на обука. За секоја обука ќе избереме најмногу 15 учесници. Контакти за информации: Благој Трајков / Телефон: +389 71 324 959 blagoj.t@cefe.mk Јован Сталевски / Телефон: +389 78 437 267 info@cefe.mk Треба да знаете дека изборот се врши по принципот прв дојден – прв услужен. Што значи, не се двоумете премногу за регистрација. Само проверете ја вашата достапност на датумите за работилниците и инвестирајте 3 минути и пополнете го формуларот за пријава. Организатори: Оваа програма е испорачана во Македонија како партнерство на: Асоцијација на агроекономисти на Македонија и ЦЕФЕ Македонија. Со поддршка од тимот на германскиот Sparkassenstiftung во Албанија и С. Македонија. Sparkassenstiftung für internationale Kooperation E.V. е заеднички ентитет на Финансиската групација на штедилниците во Германија. Од своето основање во 1992 година, Sparkassenstiftung ги поддржува финансиските институции во земјите во развој, новите и земјите во трансформација, кои го промовираат економскиот и социјалниот развој во нивните земји нудејќи финансиски услуги ориентирани кон потребите. Sparkassenstiftung ја следи целта да го подобри професионализмот на своите партнерски институции, овозможувајќи им на своите клиенти постојан пристап до финансиски производи. Германскиот Шпаркасен повеќе од 200 години дава доказ дека е можно одржливо и успешно микрофинансирање, но за тоа е потребна ефикасна организација и високо ниво на професионализам. Sparkassenstiftung ги пренесува овие основни фактори на успех на своите партнери во проектот. Денес, Sparkassenstiftung е една од најголемите приватни институции за развојна политика во Германија.