Вести

Вести

Дали фамилијарните бизниси во Македонија се наследуваат?

Имате или познавате некој фамилијарен бизнис? ЦЕФЕ Македонија е пријател на вашиот бизнис и сакаме да ви помогнеме успешно да го наследат вашите поколенија.Пријавете се во истражувањето кое го вршиме низ цела Македонија и добијте значајна поддршка. Пишете ни на info@cefe.mk за повеќе информации. Добивки што ќе ги понуди проектот ФАБУСС за успешно наследување на фамилијарните бизниси е следно: – Иновативни тренинг материјали кои ќе ги обучат следните наследници на бизнисот за успешно водење; – Онлајн платформа за учење и споделување добри и лоши практики со бизниси од Јужна Европа; – Поврзување со потенцијални клиенти и соработници од Јужна Европа; – Експерти и консултанти; – Можност за долгорочна соработка и поврзување со финансиски институции за поддршка на бизнисот; ФАБУСС (Успешна сукцесија на фамилјиарни бизниси) е двегодишен проект финансиран од Еразмус+ програмата на Европската Унија. Целта е да им помогне на младите луѓе кои што се поврзани во фамилијарен бизнис да станат ефективни и успешни наследници на истиот. Целна група се млади луѓе од 18 – 35 години кои во иднина би го наследиле бизнисот на нивната фамилија. Овие надежни претприемачи имаат потреба од вештини и знаење за ефективно развивање на бизнисот преку иновативни стратегии како проширување на странски пазари, вмрежување и соработка со слични претпријатија од други земји.

Вести

Повик за учество на тренинг во Полска

Ние, во ЦЕФЕ Македонија сме среќни да објавиме дека е создадовме уште една одлична можност за подобрување на вашите бизнис вештини. Бидете меѓу 3 Македонците за учество на курс за обука “Социјално претприемништво за инклузија”, кој ќе се одржи 01-10 Јули 2017 година во Торун, Полска. Патување и трошоци за сместување ќе бидат покриени од страна на организаторот.. Заинтересирани? Пријавете се на следниот линк најдоцна до 18 Мај или контактирајте не на info@cefe.mk Организатор: Fundacja Dobry Rozwój, Полска. Поддржано од: Еразмус + програма на Европската комисија

Вести

Повик за учество на обука за бизнис вештини во Скопје

ЦЕФЕ Македонија ве поканува на обука за претприемништво и бизнис планирање, во Скопје. Главната цел на овие обуки е да ве обучи и да ви даде знаења и вештини за бизнис активностите како и подигање на свеста на кандидатите за можностите кои ги нуди започнувањето самостоен бизнис. За кого е оваа обука? За сите потенцијални и постоечки претприемачи (за да ги надоградат своите бизнис перформанси), вработени во организации кои го помагаат претприемништвото (за да можат да ги разбираат потребите на прпетприемачите и да овозможуваат подобра околина за нив), едукатори, креирачи на политики, родители, вработени, студенти, како и невработени лица. На обуката по претприемништво, ќе се усовршуваат вештини од генерирање и селекција на идеи, преку организација, маркетинг, истражување на пазарот, финансирање, се до главната цел, да се креира бизнис план. Обуките ќе се одржуваат по светски познатата ЦЕФЕ методологија, која што повеќе од 30 години покажува дека праксата е најдобриот учител за стекнување бизнис компетенции. Оваа метода содржи вежби кои се интерактивни и практични, како и симулации на реални ситуации кои ги ставаат учесниците во чевлите на еден претприемач или тим идаваат дополнителна вредност на целокупното стекнато знаење. Теми кои ќе се разработат на обуката се: -Лични претприемачки карактеристики -Генерирање и селекција на идеи -Поставување на цели и менаџирање на околина -Организација и производство -Маркетинг и истражување на пазар -Финансиски менаџмент -Бизнис планирање После оваа обука вие ќе бидете способни да: -Го препознаете својот претприемачки капацитет; -Воспоставите мрежа на бизнис контакти; -Ги разберете клучните структури и принципи на претприемачкото планирање; -Ги разбирете основните принципи на фнкционирање на пазарната економија; -Знаете како да го проценувате вашиот удел на пазарот; -Го препознаете влијанието на окружувањето врз вашата работа; -Сте свесни за слабите и јаките страни на својата бизнис идеја и конкуренцијата; -Ги пресметате основните средства; -Изготвите биланс на состојба; -Постигнете подобри резултати во водењето на компанијата, користејќи инструменти за финансиска анализа и планирање. Производи кои ќе ги понесете од оваа обука се: -Рафинирана бизнис идеја која одговара на личноста -Канали за Финансирање на Вашиот бизнис и Вашата бизнис идеја -Изработена СВОТ анализа -Студија од пазарот -Како до финансиски план -Како до бизнис план Обуката е дизајнирана да се реализира во 5 дена, а целите ќе се постигнат во неколку сесии составени од практични и интерактивни вежби, дискусии, истражувања, фидбек сесии, работа на терен, работа во мали групи и минимум теоретско предавање. Кој ќе не обучува? Обуките ќе ги водат сертифицирани ЦЕФЕ обучувачи. Сите со долгогодишно искуство како обучувачи, бизнис консултанти и консутанти за личен развој. КОГА ќе се одржува?  22 – 26 Мај 2017 година. Сесиите на обуката ќе траат од 16:00ч до 20:00ч. Истражувањата ќе се одвиваат во пладневните часови. КАДЕ?  Обуката ќе се реализира во просториите на ЦЕФЕ Македонија, на ул. Партизанска 27а, во Скопје (веднаш до Т.Ц. Буњаковец, над Комерцијална Банка). ВАЖНО: Местата се ограничени на 25 учесници. Што добивам дополнително? -Секој кој што успешно ќе ја заврши обуката (активно присуство на најмалку 80% од обуката) се стекнува со сертификат издаден од ЦЕФЕ Македонија и потпишан од обучувачите (наскоро и признаен од Центар за Образование на возрасни на Р.Македонија). -Материјали во печатена форма; -Листа на контакти за ваше идно вмрежување и соработка; -50% Попуст за дополнителни консултации при изработката на професионален бизнис план; -Освежување, кафе и храна за време на обуката; Што треба да инвестирам за себе?  Покрај време и посветеност, се очекува од учесниците да инвестираат и мали финансиски средства. Реалната – пазарна цена на чинење за овој тип на обука е 18.000 денари по учесник. Благодарение на мисијата на ЦЕФЕ Македонија, оваа обука ќе ви биде овозможена со инвестиција од само 4.200 денари* Промотивни услови: 1. За рано пријавување и уплата до 12 Мај, следува 30% попуст (или 3.000 денари). 2. За групно пријавување, следува попуст од 15% (или вкупно 3.500 денари) за вториот учесник и 30% (или вкупна цена од 3.000 денари) за третиот. 3. За невработени лица и студенти, попустот изнесува 20%, (или 3.360 денари) а истиот се одобрува со приложена потврда од Агенција за Вработување на РМ или индекс. Како да се пријавам?  Пријавете се со пополнување на електронската пријава со целна дознака „Обука за претприемништво“ до 18 Мај 2017 година. Потврдата на учеството се обезбедува со уплатената сума на сметка на организаторот. Контактите на организаторот на настанот од ЦЕФЕ Македонија: Кристијан Костовски, 078/241-181; k.kostovski@cefe.mk; info@cefe.mk Само инвестицијата во себе е сигурен капитал, Ве очекуваме да соработуваме. *– Во случај на поголем број пријавени кандидати ЦЕФЕ Македонија го применува принципот „first come – first served“ (во случајот: прв пријавен – прв услужен). – Во политиката на работа на ЦЕФЕ Македонија нема исклучоци при плаќањето на надомест за учество доколку лицето отсуствува на дел од обуката или е претставник од здружение на граѓани. Погледнете дел од атмосферата на претходните ЦЕФЕ обуки Future Entrepreneurship Ambassadors Бизнис планирање за жени претприемачи Претприемачки Гази Баба [embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=k6jbQzoydsk[/embedyt]

Вести, Медиа

Зоран Витанов: ИДНИНАТА Е ВО ПРЕТПРИЕМНИШТВОТО

На почеток на 2017 година, деловниот магазин „Економија и Бизнис“ направи мега интервју со човекот кој што е меѓу најзаслужните што ЦЕФЕ Методологијата за креирање на претприемачи успешно се негува во Македонија. Зоран Витанов е еден од основачите на ЦЕФЕ Македонија. Во оваа објава ви го пренесуваме делот од интервјуто каде што зборува за ЦЕФЕ Македонија и ЦЕФЕ Методологијата. За да се прочита целосното интервју, а верувајте дека не сакате да го прескокнете, кликнете на официјалната страна на Економија и Бизнис,. Влеговте во претприемничките води и мошне сте активен во неколку области. Да започнеме со ЦЕФЕ. Реализирате обуки со користење на светски позната методологија што се применува во повеќе од 80 земји. Објаснете ни за што поточно станува збор и од каде доаѓа големата популарност на методологијата. З. Витанов: Јас сум голем должник на ЦЕФЕ како методологија. Мојот живот ја доживеа првата метаморфоза во далечната 1997 година кога присуствував на првата ЦЕФЕ-обука на Балканот. До таа мера сум благодарен на моите ЦЕФЕ-обучувачи, особено на претседателот на ЦЕФЕ Интернационал Еберхард Баренц, што не можам, а да не го споменам. Да не беше ЦЕФЕ, јас немаше да влезам во претприемничките води. ЦЕФЕ е кратенка од „креирање претпријатија преку оформување претприемачи“. Тоа е германска методологија за „производство“ на претприемачи, развиена во доцните осумдесетти години од минатиот век од страна на Министерството за развој на Германија, во која учествувале експерти од областа на психологијата и на економијата. Тогашната Влада на Германија го предвидела распадот на Источниот блок, па со цел да им се помогне на населението, пред сѐ од Источна Германија, почнале со развивање на методологија за обука на претприемачи со цел луѓето поподготвено да влезат во економија базирана на конкурентност каде што претприемничките вештини се од суштинска важност. Денес, по 20 години, ЦЕФЕ Македонија е една од водечките членки во ЦЕФЕ Интернационал. Преку нас се развива ЦЕФЕ на Балканот, наши експерти обучуваат претприемачи, но и нови ЦЕФЕ-обучувачи на сите континенти. Со гордост можам да кажам дека во моментов се при крај преговорите за стратешка соработка со Министерството за образование на Јамајка каде што во наставната програма на „голема“ врата се очекува да влезе и изучувањето на претприемништвото. Главниот курикулум е доверен да го изработи токму ЦЕФЕ Македонија за што веќе во март следува посета на Јамајка. Ништо помалку не е значајна и соработката со Агенцијата за развој на претприемништвото на Чиле! Во август обучивме и нови ЦЕФЕ-обучувачи во Филипини, во Германија… Новиот подмладен тим на ЦЕФЕ Македонија со сигурност ќе постигне резултати со кои сите ние ќе се гордееме! Популарноста на методата доаѓа оттаму што преку неа се успева да се разбере економијата наместо да се научи. Успеавме економијата да ја објасниме „во круши и јаболка“. Таа веќе не е апстрактна теорија. Ние не произведуваме теоретичари, туку претприемачи со соодветни вештини кои ги правиме поконкурентни на пазарот. Кај нас предавањата се сведени на минимум. Ние немаме ученици, туку учесници. Разликата е во една буква „с“ која суштински ги менува работите. Кога имате учесници тие работат во симулирани ситуации, активни се и учат додека работат. Нашата улога е сменета, па наместо професори и предавачи ние сме само олеснувачи во процесот на учење, а низ искуството учесниците сами доаѓаат до заклучоците. Наместо да ги „тераме“ да научуваат, ние им олеснуваме да разберат. Со ЦЕФЕ организирате разни обуки, вклучително и обука за вработување и напредок во кариерата за младите, обуки од отворен тип за бизнис-вештини итн. За кои обуки постои најголем интерес, како се реализираат тие? З. Витанов: Од досегашното искуство, најголем интерес има кај луѓето со лични амбиции, кај оние кои се стремат кон натпросечен успех во животот, без оглед на нивната возраст, пол, религија и образование. Ние како да сме створени за сите кои бегаат од просечноста, имаат амбиции за личен развој, но не знаат како да го направат тој крупен исчекор во животот. Тие се обично неколкудневни обуки, се реализираат со групи не поголеми од 24 луѓе заради запазување на групната динамика и за да можеме на секој поединечно да му влијаеме за полесно совладување на вештините и на знаењата. Целосното интервју кое го водеше Зоран Јовановски прочитајте го на линкот Економија и Бизнис Содржината и фотографиите се превземени со претходна согласност од уредниците на магазинот.

Вести

Работилници за градење на тим

Искуството е најдобар учител. Сесии за градење на тимови на академијата за извидници организирана од Сојуз на извидници на Македонија – Scout Association of Macedonia Работилниците беа реализирани според ЦЕФЕ методот за практично учење. Линк до галеријата Праксата покажува дека учењето е на виско ниво и задоволството на учениците исто така.   Резултати од сесијата – Креирање на виското продуктивни тимови Област Резултат Проценти Задоволни Неутрални Незадоволни Задоволни Неутрални Незадоволни Квалитет на презентација 38 8 0 82.6 17.4 0.0 Постигнување на цели 40 5 1 87.0 10.9 2.2 Учење од учесниците 32 13 1 69.6 28.3 2.2 Подобрување на знаењето 38 8 0 82.6 17.4 0.0 Лично учество 34 11 1 73.9 23.9 2.2 Логистика 43 3 0 93.5 6.5 0.0 Вкупно 225 48 3 81.5 17.4 1.1    

Вести

Презентација на проектот „Претприемачко знаење кај младите“

28.03.2017 – Промотивен настан за проектот “Претприемачко знаење кај младите“, поддржан од @Erasmus+ преку акцијата за стратешки партнерства за креирање иновации. Целта на настанот беше да ги запознае присутните со можностите кои ги нуди Еразмус + програмата, добивките за младите луѓе со помалку можности да се вклучат во бизнис академијата, како и презентација на целокупниот проект и неговите активности и производи. Благодарност до сите што дојдовте и што со вашата проактивност 3 саати ни поминаа како 5 минути. Ќе ни претставува задоволство да ги информирате сите заинтересирани млади што сакаат да се приклучат да се пријават на http://bit.ly/biz-aka-cefe-ka2 Да не беа дечките од тимот Кристијан Костовски, Наталија Николова, Атанас паланов, Јован Сталевски, Христијан Кочанковски оваа констелација немаше да се случи! Голем аплауз! И секако благодарност до ЕУ Инфо Центар, нашите поддржувачи: Valoso Hub, Адвокатска Канцеларија Маја Ристова, Асоцијација на Менаџери на Македонија, www. inovativnost.mk и сите медиуми кои помогнаа оваа информација да се прошири до се повеќе млади. http://www.mrt.com.mk/node/39437 http://play.mrt.com.mk/play/6862 http://www.inovativnost.mk/mladi-pretpriemaci-od-makedonij…/ http://kanal5.com.mk/vesti_detail.asp?ID=120473 http://faktor.mk/-press-release–startuva-akademija-za-pret… http://tvnova.mk/…/pretpriemnichko-uchenje-za-mladi-za-nam…/ http://vecer.mk/…/pretpriemnichko-uchenje-za-mladi-za-namal… http://www.biznisvesti.mk/startuva-akademija-za-pretpriemn…/ http://a1on.mk/archives/720207 http://bi.mk/startuva-akademija-za-pretpriemnishtvo-za-mla…/ http://reporter.mk/…/%D0%BF%D1%80%D0%B5%D1%82%D0%BF%D1%80%…/ http://sitel.com.mk/pretpriemnichko-uchenje-za-mladi-za-nam… http://skopjeinfo.mk/pretpriemnichko-uchenje-za-mladi-za-na… http://www.mia.mk/mk/Inside/RenderSingleNews/385/133628134 http://kapital.mk/startuva-akademija-za-pretpriemnishtvo-z…/