Вести

Вести

Интеграција на претприемачки вештини во образованието: Клучен фокус на Глобалната ЦЕФЕ конференција за претприемништво 2024

Глобалната ЦЕФЕ Конференција за претприемништво која што се одржа на 26.06.2024 во Јавна Соба во Скопје, а во организација на ЦЕФЕ Македонија заврши со голем успех собирајќи експерти, претприемачи, наставници, образовни експерти, претставници на граѓански организации и професионалци од различни индустрии. Оваа година, ЦЕФЕ конференцијата привлече повеќе од 100 учесници, кои дојдоа да ги споделат своите знаења и искуства и да дискутират на клучните теми кои ја дефинираат иднината на претприемништвото и образованието во Македонија. Оваа година, конференцијата се фокусираше на следните теми: Првата сесија, „16 години градење компетентни претприемачи“, го истакна напредокот и достигнувањата на ЦЕФЕ Македонија во областа на претприемништвото во последните 16 години. На оваа тема свое обраќање имаa Јован Сталевски, обучувач и Претседател на ЦЕФЕ Македонија и докажаниот Зоран Витанов, кој е еден од основачите на ЦЕФЕ Македонија. Тие ги споделија своите увиди за клучните фактори кои придонесуваат за успешен претприемачки пат и развој на бизнис идеи. Втората сесија, „Зошто претприемачките компетенции се потребни во стручното образование“, ги истакна важноста на претприемачките вештини за модерното образование и како тие можат да помогнат во развојот на иновативни и конкурентни кадри. На панел дискусијата учествуваа претставници и наставници од стручните образвони институции кои ги споделија своите увиди и експертиза за тоа како претприемачките компетенции можат да се интегрираат во образовните програми. Третата панел дискусија, „Како претприемачите самостојно да се поттикнуваат да учат?“, се фокусираше на стратегии и техники за континуиран личен и професионален развој. Учесниците беа инспирирани со методи за самостојно учење и мотивација, кои можат да им помогнат во нивниот претприемачки пат. Исто така за време на оваа панел дискусија, беа промоовирани алатки и методологии за поттикнување на учење кај младите претприемачи. Последната панел дискусија на темата , „Потребите на туристичкиот сектор во Македонија – на каде да одиме?“, привлече големо внимание. Се зборуваше за предизвиците и можностите за развој на туризмот во Македонија, претставувајќи конкретни стратегии за подобрување на секторот и неговото приспособување кон модерните трендови и барања. Оваа сесија поттикна жива дискусија меѓу учесниците, кои разменуваа идеи и решенија за унапредување на туристичкиот потенцијал на Македонија и како технлоогијата може да го подобри развојот на туризмот во Македонија. „Оваа конференција беше одлична можност за споделување идеи и најдобри практики за развој на претприемачките компетенции и иновации во различни сектори. Задоволни сме од позитивниот одговор и од самиот ангажман на учесниците,“ изјавија од ЦЕФЕ Македонија, организаторите на конференцијата. Конференцијата заврши со заклучок дека интеграцијата на претприемачките вештини во образованието се клучни за иднината на и дека е потребно да се продолжи со вложувањата во нивното интегрирање во образовните програми.

Вести

Учењето е знаење – знаењето е корисен ресурс

На 6 и 7 јуни 2023 во Роуга, Естонија се одржа завршна интернационална конференција за проектот “Self-directed learning competencies for NEET youth“.  Овој проект е кофинансиран од Еразмус+ програмата и Естонската агенција за европски едукативни програми, со што соедини организации и млади лица од Турција, Естонија, Малта и Македонија во траење од 18 месеци. Тимот од Македонија кој присуствуваа на конференцијата во Естонија, значително придонесе за успешно креирање и спроведување на резултатите во Македонија но и на Европско ниво.  Елена Гагачева ја модерираше и водеше конференцијата, при што сподели и нејзино искуство од креирање на тренинг материјали и работење со млади луѓе.  Валентина Тодороска и Борјан Исајловски како ментори и координатор на проектот споделија искуства од работењето со младите луѓе но и од добивките што тие професионално ги стекнаа, преку фасилитирање на работилници, менторирање на млади луѓе за кариера и едукација, справување со конфликтни и емоционални ситуации но и интернационална димензија на работењето.  Маја Давкова како соработничка на проектот ги промовира методите на себенасочено учење до своите колеги и ученици за да се надоградуваат и едуцираат.  Јован Сталевски се осврна на препознавањето и негувањето на учењето кај претприемачите, како една од најважните карактеристики за професионален раст и развој.  Сандра Смиљкова и Александра Томан споделија свое искуство од учество на кампот за млади лице кој 14 дена се одржуваше во Струга во декември 2023 година, и како ги поттикна да размислуваат и направат план за кариерата што сакаат да ја градат. Останатите интернационални говорници се осврнаа на исксутвеното учење како влијае на поттикнувањето да учиме, како емоционалната интелигенција и менталното здравје влијаат на учењето, како и зошто младинската работа и проектите на Еразмус+ се одлична можност за младите да останат во едукација и да се мотивираат за да градат кариера. Севкупно, овој проект, креираше методологија за развој и поддршка на младите луѓе да изградат вештини како да се поттикнуваат да учат а со тоа и да ги остварат своите цели. Оваа методологија беше и научно потврдена преку истражувања и мониторирања на контролирани групи на млади под менторство и водство на истражувач Керли Коив од Универзитет во Тарту, Естонија и истражувачи од Македонија, Турција и Малта. Овој проект направи конкретни програми за работа со млади кои не се во образование и кои не се вработени, како и материјали за стекнување на вештини за да се поттикнат самите да учат и може да бидат достапни и за вас.  Ве покануваме на конференцијата за претприемништво на 26.06.2024 година во Јавна Соба Скопје да ви ги презентираме и да ви ги дадеме програмите за работа.  Пријавете се на конференцијата до 20 јуни на следниот линк https://bit.ly/45u1JnB.  Прочитајте повеќе за конференцијата и што се вашите добивки на овој линк https://bit.ly/3KGeK40

Вести

Глобална конференција за претприемништво 2024

Место: Јавна Соба Датум: 26.06.2024 Времетраење: 11-15 часот Зошто глобална конференција за претприемништво? ЦЕФЕ Македонија по втор пат организира глобална конференција посветена на претприемништвото. Бидејќи живееме и работиме во свет кој е достапен со еден клик на нашите смарт уреди. Бидејќи нема подобро време од денешницата за развој на голбален бизнис и кариера. Бидејќи македонската економија има стратешка определба и насока кон единствениот пазар на Европска Унија (Single Market), каде компетенциите, производите и бизнисот се натпреваруват на пазар од 448 милиони корисници. Бидејќи сите ние сме жители на оваа планета, не само на Македонија. Општа цел на конференцијата е да се промовира претприемништвото и потребата за негова застапеност во образовниот систем. Подцели на настанот се:  За кого е наменета конференцијата: Што ќе добиете од конференцијата: Каде ќе се одржува:  Во салата за големи настани на трет кат во Јавна Соба. Улица 50та Дивизија бр.22, 1000 Скопје Официјален јазик на конференцијата е Македонски. Како да учествувате? За пријавување и регистрација, ве молиме пополнете ја електронската пријава до 20ти јуни 2024 година и обезбедете си место на овогодишната конференција за претприемништво. За сите информации и коментари слободно контактирајте го тимот за организација: Валентина Тодороска +389 75 451926 office@cefe.mk  Елена Гагачева + 389 75 257075 elena.g@cefe.mk 

Вести

Завршување на проектот SAPE – Strengthening Apprentices on Entrepreneurship

На 29 и 30 мај во Анкара, Турција, беше прославен крајот на двегодишниот проект за зајакнување на практикантите од стручните училишта со претприемачки вештини. Конференцијата имаше за цел да ги претстави резултатите од проектот како и да насочи за следни чекори во развој на претприемачите од стручните уличишта. Македонските учесници на конференцијата Весна Ефремова (наставник по бизнис и иновации во СОУ Љупчо Сантов -Кочани), Устијана Речкоска Шикоска (проректорка за интернационална соработка на УИНТ Св.Апостол Павле Охрид), Бобан Русески (претприемач и кореограф) и Јован Сталевски (тренер и претседател на ЦЕФЕ Македонија) придонесоа со излагања за добивките што студентите ги имаат од претприемачки обуки, како меѓуинституционалната соработка е важна за поддршча на идните претприемачи и како ЦЕФЕ Методологијата ги формира идните претприемачи во стручните училишта. Настанот се одржуваше во ОСТЕМ Универзитетот во Анкара, кој се наоѓа во центарот на најголемата технолошко индуатриска и развојна зона во Турција и Балканот Бројните официјални гости од Турција и Естонија истакнаа дека технолошките зони и бизнисите во нив се родени токму од претприемачите кои завршиле различни струки и дека во моментот има голема потреба од нови и свежи идеи и кадри кои ќе произлезат од стручните стручни училишта во Европа. Како резултати на проектот беа претставени: програма и методологија за обука на наставници како претприемачки да ги обучуваат своите практиканти, обука за претприемачки вештини според цефе методологија за учениците од стручните училишта; онлајн платформа за развој на бизнис концепт; програма за претставување и селекција на бизнис идеи до инвеститори. Во овој проект беа обучени 24 наставници од стручни училишта од Турција, Македонија и Естонија; обучени 200 практиканти во наведените земји со бизнис вештини; развиени 30 бизнис идеи од страна на учениците; претставени и селектирани 7 бизнис концепти пред инвеститори и советници; соработка меѓу 7 средни стручни училишта и 3 факултети; вклучени повеќе од 15 експерти и проектен тим во реализација на проектот. Проектот беше финансиски поддржан од Еразмус + програмата на Европската Комисија и Турската Агенција за Европски Образовни програми.

Вести

Обуки за користење на виртуелни технологии во едукација во туризмот

Проектот ВИРТУАЛ (Vocational Innovation Renewing Tourism Advanced Learning), во кој ЦЕФЕ Македонија е партнер, заедно со експертски организации од Италија, Косово и Албанија, ќе овозможи обука за 50 обучувачи за начините на користење на виртуелните технологии при едукација на стручен кадар во туристичкиот сектор. Оваа можност партнерите ја договорија и организираа на состанок кој се одржа на 3 и 4 јуни 2024 година во Скопје, во организација на ЦЕФЕ Македонија. Обуките за обучувачи ќе ги спроведуваат експерти и академици од Универзитетот за Бизнис Технологии (UBT) Косово, а ќе се одвиваат во втората недела од септември 2024 во Европскиот Универзитет Тирана, Албанија. Покрај оваа мобилност за едукаторите во областа на туризмот, партнерите договорија и мобилност за 40 ученици од средните стручни училиште од Албанија, Косово и Македонија да ја искусат моќта на едукацијата преку виртуелните технологии на настан кој ќе се одржи во УБТ Косово во почеток на Октомври 2024 година. За овие мобилности да бидат реалност партнерите заеднички работеа на истражување на потребите на туристичкиот сектор од обука и едукација од што произлегоа: Согледувањето на потребите од вештини и компетенции доведоа до производство на иновативни едукативни материјали кои ќе бидат употребени на погоре споменатите обуки за обучувачи и обука на ученици.  За сите заинтересирани за учество за овие неповторливи можности може да не контактирате на info@cefe.mk  ЦЕФЕ Македонија и партнерите во проектот ВИРТУАЛ упатуваат и благодарност до Граѓанскиот Ресурен Центар во Скопје за овозможување на користење на нивните простории во центарот на градот. Проектот ВИРТУАЛ https://www.virtual-erasmusproject.eu/  има за цел да го подобри нивото на компетенции, вештини и потенцијал за вработување кај учениците од стручното образование (ВЕТ секторот) преку нови и иновативни образовни програми од областа на туризмот (угостителство и ресторани), конкретно со примена на иновативна технологија како што е виртуела реалност (VR), проширена реалност (AR) и симулатори во ВЕТ институциите од Западен Балкан. Ова е популарно наречено Образование 4.0. Партнери на проектот се 6 организации, универзитети, компании и ВЕТ провајдери: ТУЧЕП – Италија, АРТЕС Италија, Професионален Колеџ Тирана – Албанија,  Европскиот Универзитет Тирана – Албанија, Универзитет за Бизнис и Технологии – Косово; Во Македонија, проектот се спроведува од ЦЕФЕ Македонија, со поддршка од бројни соработници, меѓу кои и Агенцијата за Промоција на Туризмот на Р. С. Македонија.

Вести

Финансиската писменост е повеќе од само бројки

Финансиската писменост е повеќе од само бројки – таа е за донесување паметни, информирани одлуки. Тоа е местото каде што навлегува учењето базирано на игри, што го прави финансиското образование ефективно за нашата младина. Како што беше истакнато во најновата CEFE Panorama 2023, иницијативата FINYES го револуционизира финансиското образование преку интегрирање на учење базирано на игри. Сето тоа е за зајакнување на следната генерација со вештините што им се потребни за финансиски да напредуваат. Повеќе за проектот ќе можете да прочитате на линкот https://bit.ly/44RxxCL