Завршување на проектот SAPE – Strengthening Apprentices on Entrepreneurship

Сподели

На 29 и 30 мај во Анкара, Турција, беше прославен крајот на двегодишниот проект за зајакнување на практикантите од стручните училишта со претприемачки вештини.

Конференцијата имаше за цел да ги претстави резултатите од проектот како и да насочи за следни чекори во развој на претприемачите од стручните уличишта. Македонските учесници на конференцијата Весна Ефремова (наставник по бизнис и иновации во СОУ Љупчо Сантов -Кочани), Устијана Речкоска Шикоска (проректорка за интернационална соработка на УИНТ Св.Апостол Павле Охрид), Бобан Русески (претприемач и кореограф) и Јован Сталевски (тренер и претседател на ЦЕФЕ Македонија) придонесоа со излагања за добивките што студентите ги имаат од претприемачки обуки, како меѓуинституционалната соработка е важна за поддршча на идните претприемачи и како ЦЕФЕ Методологијата ги формира идните претприемачи во стручните училишта.

Настанот се одржуваше во ОСТЕМ Универзитетот во Анкара, кој се наоѓа во центарот на најголемата технолошко индуатриска и развојна зона во Турција и Балканот

Бројните официјални гости од Турција и Естонија истакнаа дека технолошките зони и бизнисите во нив се родени токму од претприемачите кои завршиле различни струки и дека во моментот има голема потреба од нови и свежи идеи и кадри кои ќе произлезат од стручните стручни училишта во Европа.

Како резултати на проектот беа претставени: програма и методологија за обука на наставници како претприемачки да ги обучуваат своите практиканти, обука за претприемачки вештини според цефе методологија за учениците од стручните училишта; онлајн платформа за развој на бизнис концепт; програма за претставување и селекција на бизнис идеи до инвеститори. Во овој проект беа обучени 24 наставници од стручни училишта од Турција, Македонија и Естонија; обучени 200 практиканти во наведените земји со бизнис вештини; развиени 30 бизнис идеи од страна на учениците; претставени и селектирани 7 бизнис концепти пред инвеститори и советници; соработка меѓу 7 средни стручни училишта и 3 факултети; вклучени повеќе од 15 експерти и проектен тим во реализација на проектот.

Проектот беше финансиски поддржан од Еразмус + програмата на Европската Комисија и Турската Агенција за Европски Образовни програми.