Глобална конференција за претприемништво 2024

Место: Јавна Соба

Датум: 26.06.2024

Времетраење: 11-15 часот

Зошто глобална конференција за претприемништво?

ЦЕФЕ Македонија по втор пат организира глобална конференција посветена на претприемништвото. Бидејќи живееме и работиме во свет кој е достапен со еден клик на нашите смарт уреди. Бидејќи нема подобро време од денешницата за развој на голбален бизнис и кариера. Бидејќи македонската економија има стратешка определба и насока кон единствениот пазар на Европска Унија (Single Market), каде компетенциите, производите и бизнисот се натпреваруват на пазар од 448 милиони корисници. Бидејќи сите ние сме жители на оваа планета, не само на Македонија.

Општа цел на конференцијата е да се промовира претприемништвото и потребата за негова застапеност во образовниот систем.

Подцели на настанот се: 

  • 16 години придонес на ЦЕФЕ Македонија во претприемачкиот еко систем на Македонија, 
  • 27 години ЦЕФЕ Методологијата гради компетентни претприемачи во Македонија,
  • споделување на добри пракси и факти зошто е потребно претприемачкото учење во стручните училишта, 
  • согледување на методи на самостојно поттикнување за учење од страна на претприемачите, 
  • разбирање на потребите на туристичкиот сектор во државата и како може да се подобри образованието во туристичките училишта, 
  • споделување на алатки и програми за претприемачко учење создадени во Европски проекти, 
  • промоција на резултати од Еразмус+ проекти: Зајакнување на практикантите со претприемачки вештини, Виртуалени технологии во туризмот, Учење поттикнато од самите себе.

За кого е наменета конференцијата:

  • Претставници од образование: едукатори, обучувачи, професори, фасилитатори, наставници, учители, ментори, ученици и студенти.
  • Претприемачи кои сакаат да ги подобрат процесите на учење кај себе и кај нивните вработени.
  • Претставници на туристички сектор.
  • Претставници на јавни институции, поддржувачи на образованието и креирачи на политики.
  • Сите останати кои се заинтересирани за претприемништво, бизнис и доживотно учење

Што ќе добиете од конференцијата:

  • Нови информации, насоки и размислувања за развојот на претприемништвото,
  • Знаења за нови трендови и методи на едукација и обука,
  • Алатки и програми кои може да се користат во секојдневното работење на едукатори, претприемачи и претставници на организации,
  • Дружење и вмрежување со истомисленици и потенцијални соработници,
  • Сертификат за учество,
  • Торта, ако останете до крај 🙂

Каде ќе се одржува: 

Во салата за големи настани на трет кат во Јавна Соба. Улица 50та Дивизија бр.22, 1000 Скопје

Официјален јазик на конференцијата е Македонски.

Како да учествувате?

За пријавување и регистрација, ве молиме пополнете ја електронската пријава до 20ти јуни 2024 година и обезбедете си место на овогодишната конференција за претприемништво.

За сите информации и коментари слободно контактирајте го тимот за организација:

Валентина Тодороска +389 75 451926 office@cefe.mk 

Елена Гагачева + 389 75 257075 elena.g@cefe.mk