Објавено на март 7th, 2019 | од Trajche Anastasov
0Отворен повик за градeње ментори за социјално претприемништво
Започнавме со нов проект кој цели кон градење ментори и фасилитатори за социјално претприемништво, во соработка со партнерски оганизации од Азербејџан, Хрватска, Грција, Бугарија и Турција. Учесниците добиваат обука, менторство и пракчтична реализација, во времетрање од 1 година, со што се стекнуваат со потребното знаење и искуство да бидат ментори и фасилитатори за социјално претприемништво, добивајќи меѓународно признаен сертификат. Бараме луѓе кои се гледаат себеси како идни професионалци во оваа област, доколку сте заинтересирани, погледнете го инфо пакот, пополнетe ја апликацијата и пратете ни ваше CV на info@cefe.mk со назнака “CV за ментор и фасилитатор за социјално претприемништво“.
Учесниците кои што ќе го поминат целиот процес, на крајот на проектот ќе добијат можност да склучат соработка со ЦЕФЕ Македонија, со што ќе бидат вклучени во нашата дата база, со над 60 експерти и консултанти, која се користи при аплицирање на тендери и проекти.