Придонес во стратегијата за финансиска едукација на НБРМ
Од 2021 па се до денес, ЦЕФЕ Македонија активно придонесува во реализирање на стратегијата за финансиска едукација и финансиска инклузија на Народната Банка на Република С. Македонија (НБРСМ), со преку 500 лица кои ја зајакнале својата финансиска писменост на нашите обуки. ЦЕФЕ Македонија во своите капацитети и ресурси придонесува во делот на зајакнување на финансиската писменост на населението, подобрување на капацитетите на повеќе од 30 едукатори и 15 институции, како и преку подобрување на финансиската инклузија, фокусирајќи се на млади, жени и фармери. Видливоста на резултатите е прикажана во официјалните документи на НБРСМ: Овие резултати, почнувајќи од 2022 година активно ги реализираме преку финансиските едукативни производи и настани од кои што имале добивка повеќе од 500 учесници: Благодарение на едукативните производи кои се висококвалитетни, прилагодливи, интерактивни и се базираат на искуствено учење, а се спроведуваат под лиценца на Германскиот Шпаркасенштифтунг за интернационална соработка и ЦЕФЕ Методологијата, учесниците градат компетенции на практичен начин и се враќаат повторно за нови знаења и искуства. Стратегијата на НБРСМ има за цел да обезбеди поддршка и развој на финансиската едукација и финансиската инклузија во државата. Како и подобрување и/или воспоставување соодветна законска и институционална рамка за заштита на потрошувачите во областа на финансиите во Република Северна Македонија. Стратегијата треба да придонесе за зајакната координација и соработка помеѓу финансиските регулатори, приватниот финансиски сектор и невладиниот сектор, како и систематски пристап на сите вклучени субјекти заради зајакнување на финансиската писменост на населението, подобрување на степенот на финансиска инклузија, при истовремено обезбедување соодветна заштита на потрошувачите.




