Нашиот успех во животот зависи од квалитетот на нашите односи, кои пак зависат од квалитетот на нашата комуникација со нас самите и со луѓето околу нас. Комуникацијата т.е. она што го зборуваме и како го зборуваме претставува основен фактор за тоа дали ние ќе успееме или не.
Замислете си да имате способност за зборувате со уште повеќе возбуда и моќ. Да можете досаден состанок да го претворите во динамичен и продуктивен. Да ги мотивирате вашите соработници да ги исполнат предвидените рокови и да и надминете проектираните цели.
Сето ова зависи од вашата способност за комуникација. Што ние комуницираме, но уште по важно – КАКО комуницираме.
ЛОКАЦИЈА И ВРЕМЕ:
Локација: Земјоделски Факултет Скопје
Дата: 01 и 02 Февруари 2025
Време: 10:00 – 17:00
ЦЕЛИ НА ОБУКАТА:
- Развивање ефективни комуникациски вештини
- Разбирање на длабоките аспекти на комуникацијата
- Подобрување на емоционалната интелигенција
- Препознавање и управување со манипулацијата
- Унапредување на лидерските и тимските односи
- Креирање стратегии за успешна комуникација
- Промена на некорисни мисловни обрасци
- Подобрување на личниот и професионалниот успех.
- Управување со стрес
- Ефикасно преговарање
ШТО ЌЕ НАУЧИТЕ?
- Твојата лична карта на личноста – преку интерактивна вежба ќе дознаеш кој тип на личност си и како тоа влијае на твојот стил на комуникација.
- Ќе откриеш кој е твојот доминантен комуникациски канал и како да го користиш за да бидеш подобро разбран и поуспешен.
- Ќе научиш како рапортот создава доверба и ја отвора вратата за отворена и искрена соработка.
- Ќе совладаш техники за давање feedback што мотивира и поттикнува позитивни резултати.
- Ќе ги дешифрираш мета програмите – скриените обрасци на однесување кои го обликуваат нашиот начин на размислување и работа. Преку забавна вежба, ќе дознаеш кои се твоите најсилни програми и како да ги искористиш за личен и професионален напредок.
- Ќе научиш зошто е важно да го разбереш составот на твојот тим и како да ги избереш вистинските луѓе за врвни резултати.
ЗА ОБУЧУВАЧОТ:
Ани Спасовска – Амбициозна, претприемчива, динамична, креативна, позитивна и ефикасна личност која креира тимови да работат ефективно. Добитник на значајни домашни и меѓународни награди, меѓу кои и менаџер на годината. Сопственик на компанијата „Вајз Консалтинг“.
Континуирано вложува во својот професионален и личен развој, посетувајќи над сто семинари и обуки во земјава и во странство. Сертифициран тренер по НЛП Методологија и моментално е асистент на НЛП Институтот Slavica Squire во Белград. До сега има над 1,500 h реализирани обуки, работилници, работилници за градење на тим во Македонија и странство.
ЗА КОГО Е ОВАА ОБУКА?
- Менаџери, сопственици на бизнис и луѓе на раководни позиции,
- Луѓе кои работат во продажба и преговарање,
- Професионалци кои работат во регрутација на кадар и во човечки ресурси,
- Секој кој што сака да ја подобри комуникацијата со цел остварување подобри резултати,
- Секој кој што е посветен на сопствен развој и мотивиран да ги надоградува своите вештини.
ШТО ЌЕ ДОБИЕТЕ?
- Работен материјал.
- Практични вежби и алатки кои веднаш можете да ги применувате во Вашето работење.
- Сертификат за присуство и стекнати знаења.
- Континуирана поддршка за времетраење на обуката.
- Оброк, кафе и освежување за време на обуката.
Надомест за учество*: Вие имате единствена можност за само 8.888 денари** да учествувате на висококвалитетна обука!
Инвестицијата во себе е најисплатливата инвестиција.
НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ:
Пријавете го и регистрирајте го вашето учество со пополнување на електронската форма за учество до 27 јануари 2025 година.
- Извршете уплата на сумата на сметка:
ЦЕФЕ Едукација и Тренинг
210-0749054201-96
НЛБ Банка АД Скопје
Цел на дознака: ИМЕ ПРЕЗИМЕ (на учесник) 01 БизКом
Или
Цел на дознака: ИМЕ НА ФИРМА 01 БизКом
- Со вашата уплата ви испраќаме потврда за регистрација и ги отпочнуваме подготовките на материјали за вашето место.
* Надомест за учество на обука – политики и промоции на ЦЕФЕ Македонија:
- Цена за учество на 1 претставник од организација е 8.888 денари. Бројот 8 означува сила, успех и богатство. Ги симболизира разните можности кои стојат пред нас, а ги претставува континуираноста на нештата, нивното повторување и кружење. Со други зборови, повикува на упорност и повторување кои водат кон успех. Овој број укажува на одлучноста да се постигне нешто и притоа да се стане побогат, не само во смисла на материјални нешта.
- Промотивна цена за учество на 2ца претставници од иста организација е 15.500 денари.
- Промотивна цена за учество на 3ца претставници од иста организација е 21.500 денари.
- Уплатата се врши пред започнување на обуката.
- Во политиката на работа на ЦЕФЕ Македонија нема исклучоци при плаќањето на надоместот за учество доколку лицето одсуствува на дел или целосната обука или е претставник од непрофитни органзиации.
** Реалната цена на чинење на оваа обука изнесува 13.000 денари, по учесник. Соработката меѓу ЦЕФЕ Македонија и Вајз Консалтинг ви ја доставуваат по промотивни услови со цел да им се овозможи поголемо учество на претставници од микро и мали фирми, како и индивидуалци кои сакаат да инвестираат во себе и да напредуваат во својот личен и професионален живот.
За повеќе информации околу начините на учество, пријавување и организација, јавете се на нашите советници за обуки и учење:
- Елена Гагачева 075 257 075 elena.g@cefe.mk
- Јован Сталевски 078 437 267 info@cefe.mk

