Author name: CEFE

Вести

ЦЕФЕ обука за бизнис вештини во Уганда: Претприемачка иницијатива инспирирана од проектот GET YES 2

Во периодот од 7 до 11 април 2025 година, во стручното училиште „Шалом“ во Кабале, Уганда, се одржа обука за развој на бизнис вештини за 20 ученици. Обуката се спроведе според ЦЕФЕ методологијата, овозможувајќи им на младите да ги унапредат своите способности за: Целта на обуката е учениците од стручните училишта да научат како да ги искористат своите технички вештини за креирање одржливи бизниси. Горди сме што нашата работа продолжува да има влијание дури и по завршување на проектите. Обуката во Кабале е резултат на ангажманот на Џералд Ареебахона, кој во 2021 година беше обучен преку Еразмус+ проектот GET YES 2 www.getyesproject.com Денес, преку неговата организација Drucilla, тој ги пренесува стекнатите знаења на ученици и наставници во регионот на Кабале. Според Џералд, интересот е огромен – учениците веќе работат на свои бизнис идеи, а и наставниците побараа обука за ЦЕФЕ методологијата. Ова е доказ дека иницијативите базирани на практични, искуствени методи можат да предизвикаат долгорочни позитивни промени во локалните заедници. Оваа соработка не завршува тука – се планира продолжување преку идни обуки за проектен менаџмент од 2026 година, со цел натамошно јакнење на претприемачките капацитети во Уганда.

Вести

Прв јавен настан од проектот Beyond Digits: Финансиска едукација за сите!

Во петок, на 4 април 2025 година, се одржа првиот мултипликативен настан во рамки на проектот Beyond Digits, кофинансиран од програмата Erasmus+. Настанот беше организиран од партнерите Ploes и Omega Technology во Грција, и беше наменет за професионалци, засегнати страни и членови на локалната заедница кои работат со ранливи категории на граѓани. 📚 Мисијата на проектот е да обезбеди инклузивна, достапна и ефективна финансиска едукација за сите, особено за возрасни лица со попреченост. На настанот беа претставени резултатите од спроведеното истражување, кое опфати: 🔍 Наодите потврдија дека: 💬 Како што истакна Константина Кирими: „Невродивергентните лица можат и треба да се обучуваат во финансиска писменост – тоа значи повеќе автономија, подобра инклузија, поквалитетен живот и олеснување за нивните семејства. За ова е потребен систем на поддршка кој ги вклучува самите корисници, нивните семејства и едукаторите. Време е да ги разбиеме стигмите и предрасудите.“ Настанот заврши со отворена дискусија во која учесниците ги споделија своите искуства и размислувања, потврдувајќи ја важноста од понатамошна соработка помеѓу професионалците, семејствата и заедницата. Следниот чекор на проектот е развој на практични и достапни едукативни материјали – дигитални и недигитални – кои ќе одговорат на утврдените празнини. ЦЕФЕ Македонија продолжува со својата активна улога во подготовка на обука и алатки што ќе ја направат финансиската едукација достапна за секого!

Вести

Искуственото учење е иднината на образованието

Целокупните активности што се одвиваа на „Конгресот за искуствено учење“ водеа кон заклучокот дека исксутвеното учење има тенденција да биде иднина на образованието во светот.  Конгресот се одвиваше од 19 до 21 март 2025 година, во Катовица, Полска, со поддршка на Министерството за образование на Полска, Слезискиот универзитет во Катовице, Стеленбош универзитетот од Јужна Африка, Институтот за искуствено учење од САД и ЦЕФЕ Интернационал, како координативно тело на целокупната ЦЕФЕ мрежа од светот, и финансиска поддршка од Еразмус+ програмата на Европската Комисија. Главната цел на настанот беше да ја поттикне и зајакне меѓусекторската соработка во областа на искуственото учење. Учествуваа повеќе од 60 учесници во живо и 40 на виртуелните средби.  Претставници на универзитети, училишта, тренинг центри, граѓански организации, вработени во агенции за образование како и студенти.  Активностите кои се одвиваа беа: поздравни говори од истакнати говорници и академици, презентации на истражувања од областа на искуственото учење, работилници за претставување на алатки и техники, настани за вмрежување, работни средби за идеи за соработка, виртуелни работилници, како и забава и дружење.  Г-ин Дејвид Крокал, еден од топ 10те академици од областа, истакна дека ако сакаме да го зачуваме биодиверзитетот и климата мораме да им го доближиме тоа знаење и однесување на сегашните и идните генерации преку исксутвеното учење.  Г-ѓа Рут Ендрјус од Стеленбош универзитет, Јужна Африка посочи дека искуственото учење сеуште не е доволно прифатено во високото образование и е потребно градење на капацитети на професорите и едукатприте во универзитетите. Преку интернационални партнерства да се охрабрат и да разменубаат добри практики. Г-ин Хауард Вилијамсон, професор на Велшки универзитет за младинска работа се осврна на историските податоци на исксутвеното учење како пред 40 години Маргарет Тачер воведе стратегија за претприемачко образование во цела Британија која наставниците ја спорведувале преку техники на симулациии и бизнис игреи. Г-ин Мустафа Ердоган од Центарот за искуствено учење од Истанбул порачува искуственото учење секогаш да отпочнува и да се поврзува со реалниот живот и она што треба да го научи учесникот. Г-ѓа Марлинде Баренз, од ЦЕФЕ Интернационал, истакна дека во успешноста на ЦЕФЕ методологијата лежат 2 принципи: чувството на одговорност од учесниците, бидејќи доаѓаат по своја волја и имаат мотив да направат нешто. И второ, пристапот на вклученост на сите учесници без разлика на нивната позадина или цел. Овие два принципи во голем дел придонесоа ЦЕФЕ методологијата да има 90% успешност и задоволство  од учесниците и да докажува дека е еден од најдобрите методи за претприемачки компетенции во последните 35 години.  Како поддршка на ЦЕФЕ методологијата беше презентирано и истражувањето за влијанието на ЦЕФЕ методологијата врз учесниците во Македонија од 2014-2024 година, преку кое Г-ин Јован Сталевски сподели дека 99% од учесниците ја препорачуваат методологијата и 85% се здобиле со бизнис вештини. Препораките за иднина и развој на искуственото учење во Европа произлезе да се креира Еворпска академија за исксутвено учење каде едукаторите од разлилни сектори ќе можат да се надоградуваат.

Вести

ЦЕФЕ Македонија е дел од Организацискиот комитет на Конгресот за Искуствено Учење 2025! 

ЦЕФЕ Македонија е дел од Организацискиот комитет на Experiential Learning Congress 2025, кој ќе се одржи на 19-20 март 2025 година во Катовице, Полска! Оваа година, конгресот ќе биде особено значаен, бидејќи меѓу учесниците ќе бидат Дејвид и Алис Колб, основачите на теоријата за искуствено учење. Овој глобален настан ќе обедини водечки истражувачи, обучувачи и експерти во полето на современите образовни методи. Што може да очекувате од Конгресот? ✅ Длабинско знаење за најновите истражувања и најдобрите практики на искуственото учење во различни сектори низ светот. ✅ Нови контакти и соработки со професионалци кои ја делат истата страст за искуственото учење. ✅ Конкретни чекори за примена на стекнатите знаења во вашето професионално поле. ✅ Поголема мотивација и самодоверба за имплементација на искуственото учење во вашата работа. Еден од говорниците на конгресот ќе биде и претседателот на ЦЕФЕ Македонија Јован Сталевски, кој што ќе одржи говор на темата “Промовирање на иновации и претприемништво преку искуствено учење: Проценка на влијанието на методологијата на ЦЕФЕ Македонија (2014–2024)“ Покрај него, свое излагање ќе има и Марлинде Баренз од ЦЕФЕ Интрнационал, како и искусни ЦЕФЕ тренери од Филипини, Мароко и Тајланд, кои ќе ги споделат своите перспективи и практични искуства. Дополнително, ЦЕФЕ Македонија ќе биде дел и од завршната церемонија на Конгресот, каде ќе ги споделиме главните заклучоци и визии за иднината на искуственото учење. Дознајте повеќе за Конгресот и за целата негова програма на следниот линк: https://www.experientiallearning.net/congress-2025 

Вести

Придонесот на ЦЕФЕ Македонија за општеството во 2024 година

На почеток на годината рефлектираме што сме направиле и што сме придонеле во 2024 година за нашето општество. За таа цел може да го погледнете извештајот со настани и активности на ЦЕФЕ Македонија за 2024 година. Сумирано во кратки црти: Најважно е што преку ЦЕФЕ Македонија, 1472 лица имаа можност да се вмрежат, запознаат и соработуваат со луѓе од Естонија, Малта, Турција, Франција, Романија, Португалија, Албанија, Косово, Италија, Полска, Литванија, Бугарија, Грција, Белгија, Австрија, Ерменија, Грузија, Венецуела, Филипини, Бутан, Руанда, Танзанија, Уганда, како и од различни градови и цела на Македонија.

Вести

 ЦЕФЕ Македонија и УКЛО – Партнерство за иднина!

Ja споделуваме успешната соработка со Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, со кој што имаме потпишано Меморандум за соработка. Овој значаен чекор отвора врати за заеднички активности и проекти, обезбедувајќи пристап до квалитетни обуки и иновативни едукативни методи за студентите на УКЛО. На 12 декември 2024 година, студентите од Економскиот факултет – Прилеп имаа можност да учествуваат во едукативна сесија преку гејмификација лиценцирана од страна на ЦЕФЕ Македонија. Во рамките на предметот „Маркетинг менаџмент,“ под менторство на проф. д-р Снежана Обедниковска, студентите преку лиценцирана игра научија повеќе за улогите на клиентите, добавувачите, иновациите, конкуренцијата и финансиските аспекти на менаџирањето. „Навистина беше прекрасно да се види како студентите со насмевки и ентузијазам ги совладуваа темите преку игра. Верувам дека ваквите иновативни методи треба да бидат дел од наставата во иднина,“ изјави проф. д-р Снежана Обедниковска. ЦЕФЕ Македонија продолжува да создава можности за практично учење и развој, со цел заедно да ја градиме иднината на младите!