Обуката за финансиски менаџмент се спроведе на 21 и 22 декември 2024 година во просториите на Земјоделски Факултет Скопје. На дводневната обука учесниците понесоа потребни знаења и вештини кои што ќе им помогнат да ги спроведуваат основните финансиски концепти во раководењето на нивните фирми.
По завршување на работилницата учесниците се стекнаа со следните знаења и вештини:
- Ефикасно менаџирање на своите деловни финансии;
- Разбирање на финансиските извештаи;
- Соодветна примена на буџетот во бизнис активностите;
- Идентификување и раководење со изворите на приходите, расходите и крвотокот на секоја организација – готовинскиот тек;
- Примена на методи за подобрување на финансискиот резултат во организациите;
Обуката беше од отворен тип и учествуваа претприемачи и менаџери од различни сектори, со што на крај ја оценија како 100% здоволни. Според евалуациите на учесниците најмногу впечаток им оставила енергијата и експертизата на обучувачот, како и ЦЕФЕ Методологијата, која направи обуката да биде микрокосмос од симулации, бизнис игри и примери од реалноста што им овозможи да ги развиваат своите бизнис вештини учејќи од своите и од туѓите грешки и успеси.
На барање на претприремачите следна обука ви закажуваме за 1 и 2 февруари 2025 година на тема „Деловна комуникација и преговарање“. Пријавете го вашиот интерес со пополнување на пријавата и нашите советници за едукација и обука ќе ве контактираат.
Контакт и инфо: Елена Гагачева Тел: 075 257 075 Емаил: elena.g@cefe.mk














