Author name: CEFE

Вести

ЦЕФЕ Македонија стана заштитена трговска марка

Денеска живееме во време каде што деловната заедница се повеќе се глобализира и бизнисите и светот се дигитализираат со брзо темпо. Пазарот станува се повеќе натрупан, па доколку сакате да останете компетитивни, мора да понудите квалитет, кој се повеќе се цени денеска. Иновацијата отсекогаш била клучот за успехот во компаниите и останува извор на енергија на економијата базирана на знаење која е предизвик на секоја земја. Насекаде каде што има голема конкуренција, еден од начините на привлекување на купувачи е персонализацијата на производот. Ние во ЦЕФЕ Македонија на различни начини се трудиме и инвестираме во оддржувањето и подобрувањето на нашите услуги. Еден од тие начини е да го изградиме ЦЕФЕ Македонија во заштитена трговска марка и да го потврдиме позитивниот углед. Преку ова сакаме да ги осигураме нашите клиенти дека од ЦЕФЕ Македонија добиваат услуга во која ќе имаат доверба и на чиј квалитет ќе можат да се потпрат. Една од главните наши услуги е консалтингот во сферата на промоција на приватниот сектор преку обука, обучување и менторство на луѓето да станат претприемачи или да го подобрат нивниот бизнис преку ЦЕФЕ Методологијата која користи пристап со искуствено учење насочен кон акција и методи на учење со цел да се развијат и зајакнат менаџерските и личните вештини на претпримачите кои потоа ќе овозможат одржлив економски развој. Нашата методологија се покажа како успешен пристап во промоција на претприемништвото. Тимот на ЦЕФЕ Македонија гледа долгорочно на работите, и цврсто веруваме дека тоа е единствениот начин да останете компетентни на пазарот денеска.

Вести

СОЦИЈАЛНОТО ПРЕТПРИЕМНИШТВО НЕ Е КВАНТНА ФИЗИКА

Присутните на настанот се уверија дека идеите за социјален бизнис не се квантна физика туку препознаени потреби или предизвици со кои се соочуваме во секојдневното општествено живеење. На 11.03.2022 во Хотел Панорамика во Скопје се оддржа настанот за вмрежување “Поддршка за социјални претприемачи“ во организација на ЦЕФЕ Македонија. На настанот присутсвуваа повеќе од 40 луѓе меѓу кои имаше социјални претприемачи, едукатори од формалното и неформалното образование и млади луѓе кои што се заинтересирани во областа на социјалното претприемништво. На настанот беа презентирани Прирачникот за основање на социјален бизнис во 10 чекори и Прирачникот за обука за социјално претприемништво за едукатори и обучувачи кои што произлегоа од самиот проект SE4YOU. Доказ дека социјалното претприемништво има светла иднина кај нас се младите и потенцијални идни претприемачи кои учествуваа на обуката реализирана минатиот месец. Дел од нив ги презентираа своите социјални бизнис идеи, по што беа избрани двете најдобри од страна на жири комисијата. Победниците ќе имаат можност да учествуваат на петдневен настан за Социјално претприемништво во Вилнус, Литванија. На сите учесници на крајот на настанот им беа доделени и сертификати за учество на обуката, додека на обучувачите беа доделени благодарници од страна на ЦЕФЕ Македонија. Овој настан беше одлична можност за вмрежување и размена на идеи поврзани со социјалнo претприемништво. Проектот „Социјално претприемништво за млади“ е поддржан од Еразмус + програмата на Европската Унија во рамки на КА205 – Стратешко партнерство за млади, а е имплементиран од ЦЕФЕ Македонија и партнерските организации Einurd (Island), Tavo Europa (Литванија), Enoros Consulting (Кипар), Prism (Италија) и Organization Earth (Грција).

Вести

Повик за настан за вмрежување „Поддршка за социјалните претприемачи”

Чест ни е да Ве поканиме на настан за вмрежување и забава „Поддршка за социјалните претприемачи” , кој ќе се одржи на 11-ти март 2022 година во хотел „Панорамика“ во Скопје (ул. Тодор Александров бр. 57), со почеток од 16 часот. Целта на настанот е присутните да се вмрежат, разменат мислења и бизнис идеи за развој на социјално претприемништво во Македонија, промовираат свои добри пракси, како и да се запознаат со производите што ЦЕФЕ Македонија ги нуди за развој на социјалните претприемачи. Поканети сте сите поддржувачи на социјалното претприемништво во нашата земја, како и едукатори од формалното и неформалното образование, што е  одлична можност за вмрежување и соработка на луѓе од различни сектори. На настанот ќе бидат презентирани досегашните резултати од проектот „Социјално претприемништво за млади“ со посебен осврт на Прирачникот за Основање на социјален бизнис во 10 чекори и Прирачникот за обука за социјално претприемништво, наменети за обучувачи и едукатори Дополнителна вредност ќе бидат презентациите и фидбекот на социјалните бизнис идеи на учесниците на обуката за социјално претприемништво која беше реализирана во февруари 2022 година. Проектот „Социјално претприемништво за млади“  е поддржан од Еразмус + програмата на Европската Унија во рамки на КА205 – Стратешко партнерство за млади, а е имплементиран од ЦЕФЕ Македонија  и партнерските организации Einurd (Island), Tavo Europa ( Литванија), Enoros Consulting (Кипар), Prism (Италија) и Organization Earth (Грција). Агендата за настанот можете да ја видите на: SESE- Agenda-2022(Mk version).docx .docx Пријавување за учество на линкот, најдоцна до 08 март 2022. Контакт лице: Благој Трајков (071/324-959), blagoj.t@cefe.mk

Вести

Имате бизнис решение за некој социјален проблем или потреба?

Овозможуваме пет дена во Литванија со покирени сите трошоци! На настан во Вилнус, кој ќе вмрежи и зајакне социјални претприемачи од Исланд, Кипар, Италија, Грција, Литванија и Македонија? Чувствувате дека имате бизнис решение за некој социјален проблем или потреба? Увидовте можност на пазарот преку која ќе има добивка и заедницата?  Креирајте ја бизнис идејата која ќе има најголемо влијание на заедницата и одржлив развој. Како? Пријавете се и учествувајте програмата која се состои од: „Курс за социјално претприемништво и развој на бизнис идеја“ 🚀 „Менторство за креирање на бизнис концепт“ „Презентирање и селекција на бизнис концепт со најголем потенцијал за импакт врз општеството“ Во програмата ќе имаат можност да земат учество 15 млади луѓе кои веќе работат или имаат замислено идеја за социјален и одржлив бизнис. Истите ќе имаат можност да ги презентираат своите идеи за социјален бизнис пред стручна жири комисија. Двајца учесници со најдобри идеи ќе учествуваат на платена петдневна мобилност за социјално претприемништво во Литванија, во мај 2022 година. Курсот ќе се реализира  на 16,17 и 18 февруари 2022 год. во Скопје, а локацијата ќе биде дополнително објавена. Изборот на бизнис концептите со најголемо влијание ќе бидат презентирани една недела подоцна. Ги повикуваме сите млади и перспективни социјални претприемачи заинтересирани да учествуваат во програмата да го пријават своето учество најдоцна до 10.02.2022 на следниот линк: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSd6Qw3HuezFJY-nEs18rkdzVAuFj4uI6KDiRIkzg9LdcXPhTQ/viewform Програмата се одвива преку проектот SE4Y (Социјално претприемништво за млади). Тоа е проект, финансиран преку Еразмус + програмата, кој има за цел да ги поддржи младите луѓе кои сакаат да учат и растат професионално и лично преку грижата за другите и грижата за нивната околина. Доколку имате дополнителни прашања за обуката, контактирајте не на blagoj.t@cefe.mk или на 071324959 (Благој)

Вести

Повик за учество на состанок за креирање на Стратешки план на ЦЕФЕ Македонија

ЦЕФЕ Македонија организира онлајн средба со заинтересирани учесници за: Презентација на активности и производи од SE4Y – Социјално претприемништво за млади ( 18.00 – 18.30 часот) Креирање на Стратешки план за тековните и идните активности на ЦЕФЕ Македонија – интерна средба со ЦЕФЕ Обучувачи (18.40 – 19.30) Онлајн средбата ќе се одржи во среда, 26.01.2022 година, со почеток од 18:00 часот, на платформата ZOOM. Учесниците на првиот дел од средбата ќе имаат можност да се запознаат со SE4Y проектот, со тековните активности, резултатите и бенефитите за општеството кои ги нуди овој проект. На вториот дел од средбата, заинтересираните ЦЕФЕ обучувачи ќе имаат можност да дадат свои предлози и идеи за креирање на Стратешкиот план, а исто така и да се запознаат со тековните активности и производи на кои моментално работи ЦЕФЕ Македонија. Сите заинтересирани можат да го пријават своето учество на следниот линк: https://forms.gle/EiUCEugH7BxKBVPC9. Ќе добиете дополнително линк за онлајн средбата на вашиот емаил.

Вести

Успешно спроведена работилницата Theory of Change

На 14 и 24 декември, тимот на InCARE од Министерство за труд и социјална политика и Црвен крст на Република Северна Македонија ја спроведоа работилницата Theory of Change која беше фокусирана на елаборирање на визијата за долгорочна нега и нејзин развој во земјата. Модератор на оваа работилница беше Јован Сталевски од ЦЕФЕ Македонија кој заедно со тимот на InCARE ќе креираат Theory of Change Map која ќе биде наменета за услугите за долготрајната нега во Македонија. На работилницата присуствуваа 23 лица кои ги претставуваат националните и локалните власти, институции, истражувачи, невладини даватели на услуги, негуватели и корисници на долготрајна нега. Работилницата беше одлична можност за мултидисциплинарна размена и заедничка работа. Учесниците беа вклучени во пленарни и вонредни дискусии. Главните точки од работилницата беа имплементирани во Theory of Change Map која беше финализирана во текот на вториот ден, на 24 декември во онлајн формат. На самата работилница беа покренати голем број прашања поврзани со достапноста и квалитетот на услугите за долгорочна нега низ целата земја, вклучително и подобрување на работните услови и мотивацијата на негувателите. Постигнат е важен напредок во текот на изминатите неколку години во воспоставувањето социјални услуги засновани во заедницата, но има долг пат кој треба да се оди. Соработката меѓу социјалните и здравствените сектори е важна и треба да се зајакне. Мнозинството учесници го препознаа потенцијалот на „копчето за итна помош“ (пилот-проектна компонента) како дополнителна услуга за социјална грижа за пополнување на празнините во обезбедувањето на долготрајна нега, притоа почитувајќи ја строгата регулатива за здравствена заштита. Theory of Change работилницата беше искористена и како можност за ширење информации за проектот и тековната анкета.