Повик за настан за вмрежување „Поддршка за социјалните претприемачи”

Чест ни е да Ве поканиме на настан за вмрежување и забава „Поддршка за социјалните претприемачи” , кој ќе се одржи на 11-ти март 2022 година во хотел „Панорамика“ во Скопје (ул. Тодор Александров бр. 57), со почеток од 16 часот.

Целта на настанот е присутните да се вмрежат, разменат мислења и бизнис идеи за развој на социјално претприемништво во Македонија, промовираат свои добри пракси, како и да се запознаат со производите што ЦЕФЕ Македонија ги нуди за развој на социјалните претприемачи.

Поканети сте сите поддржувачи на социјалното претприемништво во нашата земја, како и едукатори од формалното и неформалното образование, што е  одлична можност за вмрежување и соработка на луѓе од различни сектори.

На настанот ќе бидат презентирани досегашните резултати од проектот „Социјално претприемништво за млади“ со посебен осврт на Прирачникот за Основање на социјален бизнис во 10 чекори и Прирачникот за обука за социјално претприемништво, наменети за обучувачи и едукатори

Дополнителна вредност ќе бидат презентациите и фидбекот на социјалните бизнис идеи на учесниците на обуката за социјално претприемништво која беше реализирана во февруари 2022 година.

Проектот „Социјално претприемништво за млади“  е поддржан од Еразмус + програмата на Европската Унија во рамки на КА205 – Стратешко партнерство за млади, а е имплементиран од ЦЕФЕ Македонија  и партнерските организации Einurd (Island), Tavo Europa ( Литванија), Enoros Consulting (Кипар), Prism (Италија) и Organization Earth (Грција).

Агендата за настанот можете да ја видите на: SESE- Agenda-2022(Mk version).docx .docx

Пријавување за учество на линкот, најдоцна до 08 март 2022.

Контакт лице: Благој Трајков (071/324-959), blagoj.t@cefe.mk

Scroll to Top