Вести

Објавено на март 15th, 2022 | од admin

0

СОЦИЈАЛНОТО ПРЕТПРИЕМНИШТВО НЕ Е КВАНТНА ФИЗИКА

Присутните на настанот се уверија дека идеите за социјален бизнис не се квантна физика туку препознаени потреби или предизвици со кои се соочуваме во секојдневното општествено живеење. На 11.03.2022 во Хотел Панорамика во Скопје се оддржа настанот за вмрежување “Поддршка за социјални претприемачи“ во организација на ЦЕФЕ Македонија. На настанот присутсвуваа повеќе од 40 луѓе меѓу кои имаше социјални претприемачи, едукатори од формалното и неформалното образование и млади луѓе кои што се заинтересирани во областа на социјалното претприемништво.

На настанот беа презентирани Прирачникот за основање на социјален бизнис во 10 чекори и Прирачникот за обука за социјално претприемништво за едукатори и обучувачи кои што произлегоа од самиот проект SE4YOU.

Доказ дека социјалното претприемништво има светла иднина кај нас се младите и потенцијални идни претприемачи кои учествуваа на обуката реализирана минатиот месец. Дел од нив ги презентираа своите социјални бизнис идеи, по што беа избрани двете најдобри од страна на жири комисијата. Победниците ќе имаат можност да учествуваат на петдневен настан за Социјално претприемништво во Вилнус, Литванија.

На сите учесници на крајот на настанот им беа доделени и сертификати за учество на обуката, додека на обучувачите беа доделени благодарници од страна на ЦЕФЕ Македонија.

Овој настан беше одлична можност за вмрежување и размена на идеи поврзани со социјалнo претприемништво.

Проектот „Социјално претприемништво за млади“ е поддржан од Еразмус + програмата на Европската Унија во рамки на КА205 – Стратешко партнерство за млади, а е имплементиран од ЦЕФЕ Македонија и партнерските организации Einurd (Island), Tavo Europa (Литванија), Enoros Consulting (Кипар), Prism (Италија) и Organization Earth (Грција).


За авторот



Comments are closed.

Back to Top ↑