Author name: CEFE

Вести

Зацврстување на соработката со училишта во Уганда

Во месец октомври и ноември 2024 година, ЦЕФЕ Македонија потпиша меморандуми за соработка со организации и училишта од Уганда.  Чест ни е што имаме пријатели и соработници во стручните училишта од Кабале регионот: Целта на меморандумите е соработка во активности поврзани со претприемништво како и заеднички проекти за економско и социјално јакнење на локалните заедници. Овие меморандуми ќе овозможат организирање на уште 7 обуки  за 120 учесници до април 2025 година во Уганда.  Учесниците на обуките ги изучуваат темите: претприемачки карактеристики, анализа на бизнис идеи, маркетинг план, финансиски план, план на производство и организација, како и околина на бизнисот. Следните обуки ќе се одржат во ноември и декември 2024 година, а визијата на оваа соработка е да се поттикне претприемачка култура и компетенции кај младите од регионот Кабале, со што ќе се создадат нови можности за економски развој и одржлива иднина.

Вести

Повик за учесници на обука за финансиска писменост во Грција

ЦЕФЕ Македонија, заедно со Европски партнери, спроведува обука за финансиска писменост од 08 до 15 февруари 2025, во Киато, Грција. Киато е симпатичен и крајбрежен град, во Коринтскиот залив, на 60 км западно од Атина.  Целта на обуката е учесниците да се запознаат со основите на финансиската писменост и да се способни да ја применуваат кај себе, но и да ги советуваат луѓето околу нив. Бараниот профил на учесници е: задолжително познавање на разговорен англиски јазик, да се постари од 22 години, да се во позиција да можат да го споделат наученото со група на млади во нивната средина. Посакуван профил на учесници, но не е лимитиран, е: наставници, тренери, младински работници, социјални работници, обучувачи… едукатори кои што работат со млади. Начин на пријавување и селекција: Обуката е организирана во рамки на Еразмус+ програмата за мобилност и едукација. Трошоците поврзани со пат, сместување, храна и материјали за обуката се покриени од организаторите.  За подетални официјални информации за патот, сместувањето, учесниците, обуката и др… најдете во овој документ. Останатите правила и услови за учество на интернационални обуки во рамки на проекти организирани или спроведени од ЦЕФЕ Македонија, ви препорачуваме да ја прочитате нашата  Декларација за Учество.

Вести

Претприемачки почетоци на младите од основно образование

Во рамки на мисијата на ЦЕФЕ Македонија за промоција на претприемништвото и креирање на општества засновани на претприемачки компетенции, на 13 ноември 2024 година, се потпиша меморандум за соработка со ООУ Јан Амос Коменски од Скопје. На средбата присуствуваа директорката на институцијата г-ѓа Татјана Јанкуловска, наставничка по хемија и ЦЕФЕ обучувач г-ѓа Александра А. Блажевска, претседателот на ЦЕФЕ Македонија, г-ин Јован Сталевски и соработничка на ЦЕФЕ Македонија од Франција, г-ѓа Ламија Бенамар.  Со овој меморандум организациите ја зајакнуваат меѓусекторската соработка, со цел да се понудат и нови иновативни пристапи на искуствено учење за учениците и наставниот кадар.  Претставниците разговараа за значењето на претприемништвото во развојот на младите генерации како креирачи на нови вредности, но и за приближувањето на можностите што ги нудат Европските образовни програми за иден развој на учениците, наставниците и соработниците.  Во месец ноември, нашата ЦЕФЕ обучувачка Александра А. Блажевска ќе реализира обука за претприемачки вештини и знаења за 9то оделенците од училиштето, како вон наставни активности, со што околу 20 ученици ќе ја искусат ЦЕФЕ Методологијата и ќе ги запознаваат нивните потенцијални карактеристики како претприемачи. Двете организации ја гледаат иднината на младите луѓе во образование засновано на компетенции, универзални вредности и свесни граѓани.

Медиа

Интервју со Јован Сталевски за Иновативност: Трендот на иселување на младите многу скапо ја чини државата

Трендот на иселување на младите многу скапо ја чини државата која инвестира во образованието на своето население. Бројките го кажуваат следново: од една страна земјава е рангирана меѓу земјите со најниско ниво на финансиска писменост во Европа, аод друга страна 69.5% од населението го гледаат претприемништвото како пожелна кариера. Со Јован Сталевски, менаџер на ЦЕФЕ Македонија и иинтернационален ЦЕФЕ обучувач разговаравме за овие крајно неповолни трендови но и за моќта и важноста на претприемничкото учење за младите да си обезбедат финансиска едукација и подобра иднина. Разговараше – Верица Јорданова Јован, континуирано работиш со млади луѓе, особено на зголемување на нивната финансиска едукација и писменост. Според тебе, зошто младите ја гледаат својата иднина надвор од Македонија? Бројните анкети и анализи изминатиот период посочија дека вработувањата само со партиска книшка, корупцијата, нефункционирањето на системите, ниските плати, животниот стандард, безнадежоста, токсичниот менталитет на работните места и неможноста да се напредува во струката, се дел од причините кои ги тераат младите да заминуваат во странство. Бројот на младо население во Македонија од 2002 година е во опаѓање. Проценките се дека над 77.000 млади лица кои се родени во државата, заминале во странство последните години. Тоа е речиси колку што има население во Битола (74.550), вториот по големина град во земјата. Бројките се фрапантни. Кои се последиците за економијата од растечкиот тренд на иселување? Според пописот во 2002 година процентот на млади од вкупниот број на население е 24 проценти, додека во 2021 година е 18% – што претставува пад од 6 процентни поени. Во 2002 година државата имала 480.848 млади, додека во 2021 година има 326.733 млади лица. Според Светската банка, речиси 40% од високообразованиот кадар веќе ја напуштил земјата, што Македонија ја става во топ 5 земји во Европа со највисок „одлив на мозоци.“ Ова ја чини економијата над 1 милијарда евра годишно, бидејќи земјата губи високообразовани и квалификувани кадри во кои веќе има инвестирано огромни средства​(DW). Секако дека последиците од ова се поразителни на многу фронтови. Што мислиш, дали претприемништвото може да ги ублажи ризиците од иселувањето? Развојот на претприемништвото во Македонија покажува позитивни трендови, со растечки стартап екосистем која ветува развој и покрај некои постојани предизвици. Според најновите податоци, во земјата функционираат над 67,000 претпријатија, при што микро-претпријатијата (со помалку од 10 вработени) претставуваат 91.2% од вкупниот деловен сектор. Овие бизниси играат значајна улога во економијата, придонесувајќи со 22.8% од вкупната додадена вредност​(State Statistical Office). Дополнително, во однос на претприемачките ставови, извештајот на Global Entrepreneurship Monitor (GEM) од 2019 година истакнува дека 69.5% од населението во Македонија го гледаат претприемништвото како пожелна кариера, додека 29.1% од испитаниците планираат да започнат сопствен бизнис во наредните три години. Поголемиот дел од претприемачите во земјата се мотивирани од потреба, а најактивната демографска група се мажите на возраст од 25-34 години​ (GEM Global Entrepreneurship Monitor). Претприемништвото меѓу младите во Македонија се наоѓа на крстопат помеѓу предизвици и можности, со состојби кои значително се развиваат во текот на 2023 и 2024 година. И покрај зголемениот интерес за претприемништво кај младите, голем број од нив се соочуваат со значителни пречки како што се недостатокот на финансиска писменост, недоволна поддршка од институциите, како и трендот на иселување кој продолжува да ја намалува креативната и претприемачка сила на државата. Според UNDP и UNICEF, претприемачите и младите често се соочуваат со недостаток на практични вештини што се неопходни за успешно водење бизнис и учество на пазарот на труд. Претприемачите во Северна Македонија играат клучна улога во економијата, со микропретпријатија кои сочинуваат 91.2% од вкупните бизниси во земјата. Сепак, многу од нив сè уште се соочуваат со предизвици во однос на пристапот до финансии, обуки за управување и развој на лидерски вештини. Според Глобалниот извештај за претприемништво (GEM), 69.5% од населението гледаат претприемништвото како добра кариера, но само мал дел од претприемачите се опремени со вештини за иновации и раст на нивните бизниси. Дали и колку финансиската писменост игра улога во стабилната иднина на младите? Во истражување спроведено од Светската банка во 2022 година, беше утврдено дека младите во Северна Македонија имаат ограничен пристап до финансиска едукација, како во училиштата, така и во пошироката заедница. Според извештајот, само 17% од младите изјавиле дека добиле финансиско образование како дел од нивното формално образование, што е значително пониско од просекот во ЕУ. Ова ја истакнува потребата за интеграција на финансиска едукација во образовниот систем за да се зголеми свесноста и знаењето за финансиските прашања​(World Bank). Според податоците на Светската организација за финансиска писменост (OECD), во 2021 година Северна Македонија беше рангирана меѓу земјите со најниско ниво на финансиска писменост во Европа, со просечен резултат од 46% за младите на возраст од 15 до 24 години. Овие трендови ја нагласуваат важноста на итните реформи во образованието и соработката помеѓу јавниот и приватниот сектор за да се обезбедат потребните знаења и вештини на младите за управување со финансии и успешно вклучување во пазарот на трудот. Еден од клучните предизвици што младите претприемачи го споменуваат е недостатокот на финансиска писменост. Според податоците од истражувањата, голем број млади во земјата имаат ограничено знаење за финансиското управување и разбирање на деловните процеси. Финансиската писменост е клучен фактор за успех во претприемништвото, особено за оние кои сакаат да започнат сопствени бизниси, но многумина од нив се соочуваат со тешкотии во планирањето и управувањето со капитал. Што во овој контекст прави ЦЕФЕ Македонија за населението во Македонија? За да се надминат овие проблеми, иницијативи како „зголемување на можностите на младите во текот на нивното формално образование“ се насочени кон подобрување на бизнис компетенциите и финансиската писменост кај младите преку спроведување на практични (искуствени) обуки и создавање мрежи за поддршка на младинското претприемништво​. Во периодот октомври 2024 – април 2025, ЦЕФЕ Македонија, заедно со партнерски училишта и факултети ќе реализираат обуки за бизнис вештини и обуки за финансиско менаџирање на бизнис. Обуките ќе се одвиват преку методи на искуствено учење, каде учениците се во фокус на активностите и преку бизнис игри, симулации и сценарија ги градат своите компетенции и учат за дадените теми. Иницијативата ќе опфати преку 300 студенти и ученици низ Македонија, но и 150 ученици од Уганда. Оваа иницијатива е организирана по барање на студентите и учениците кои во 2020, 2022, 2023 и 2024

Медиа

Молерите и електричарите создаваат бизнис-планови и фирми

За почеток на нов бизнис не е важна само добрата идеја туку треба да се креира соодветен план и да се обезбедат финансии.   „Клучно во процесот ’од идеја до реализација’ е истражувањето на потребите на пазарот“, вели претседателот на „ЦЕФЕ Македонија“, организација што нуди логистичка поддршка и обуки за нови претприемачи што аплицирале на државните програми за самовработување.   „Повеќето од претприемачите го гледаат советувањето за бизнис-план како еден документ што ќе им даде „виза“ за да добијат 5.000 или 10.000 евра. Но, кога ќе стапиме во контакт и ќе им поставиме илјадници прашања, малку се освестуваат дека тоа е не е само документ што ќе им седи во фиока или во некоја папка во компјутер, туку дека е план по кој може да се водат и да носат одлуки“, вели Јован Сталевски, претседател на „ЦЕФЕ Македонија“.  Тој додава дека првите совети се да го истражат пазарот добро, со што ќе соберат што е можно повеќе информации, за да носат квалитетни одлуки во процесот потоа, „бидејќи подобро е да грешиме на хартија, отколку тоа да се случува во реалноста“. Сталевски вели дека не може да се предвиди секој ризик, но бизнис-планот сепак дава некое предвидување, а може да се постават свои цели за развојот, за промоцијата кон клиентите, доставувачите или пак понатаму да се добие и дополнително кредитирање од банките на пример. „Многу е важно да имаме и поврзување на претприемачот, да се увиди дали неговата идеја соодветствува со неговиот карактер и со она што сака да го работи во иднина“, вели Сталевски.   Државните грантови од 5.000 и 10.000 евра ги користат пред сè микропретпријатија. Некои од нив се нови, а некои веќе постојни бизниси што досега работеле на црно, a државната поддршка ја користат за нивна формализација. Во овој период луѓето доаѓаат на обуки за претприемаштво, каде што ја тестираат својата идеја. Откако ќе ги поминат обуките им се доделуваат консултанти, кои им помагаат во истражувањето на пазарот, ризиците и можностите и колку е тоа финансиски издржливо. „Оваа мерка во Македонија е навистина добра за официјализирање на бизнисите, бидејќи знаеме дека има голем дел што работат на црно, а оваа програма е многу добра да се охрабрат и да увидат можност да го официјализираат својот бизнис и да го прошират. Оваа финансиска инјекција им е добредојдена за набавка на опрема, трговски стоки или реновирање на своите деловни објекти“, вели Сталевски.   Инаку, ако се анализира тоа кои сектори се најинтересни за почнување бизнис, Сталевски смета дека различните времиња носат различни бизнис-идеи, па новите претприемачи гледаат шанси и во време на криза.   „Кога беше ковид-кризата на пример, многу од бизнисите се занимаваа со реновирање, онлајн достава, рурален туризам и слично. Последните неколку години, на пример, проблем е и одливот на кадар во странство, па услугите што се занаетчиски, како молери, електричари, градежници, добија на цена, па многу од тие претприемачи увидоа можност да го официјализираат својот бизнис. Имаме голем интерес и од младите што се дел од креативната индустрија како дизајн, програмирање итн.“, вели претседателот на „ЦЕФЕ Македонија“. 

Медиа

ДРЖАВАТА ГУБИ 1 МИЛИЈАРДА ЕВРА ГОДИШНО ОД ИСЕЛУВАЊЕТО НА ЕДУЦИРАНИТЕ КАДРИ

Дали сте знаеле дека во периодот од 2013 до 2021 година околу 2500 виско образовни кадри ја напуштиле нашата држава? Трендот на иселување на младите од Македонија навистина скапо не чини. Државата губи 1 милијарда евра годишно од иселувањето на едуцираните кадри. Како да ги потикнеме младите да ги користат своите вештини во Македонија? Погледнете го гостуваањето на Јован Сталевски на Македонската Радио Телевизија