Професионално напредување за испорака на висококвалитетни обуки
Обуката за обувачи се одржа на Факултет за земјоделски науки и храна, Скопје од 29 октомври до 02 ноември 2024 година а беше специјално дизајнирана за професионалци кои сакаа да се здобијат со комплетни компетенции (знаења, вештини, ставови и навики) потребни за ефикасна испорака на обука. Учесниците се оспособуваа за планирање, дизајн, реализација и проценка на ефектите од обуката, преку богат и структуриран пристап кој се потпира на методи како искуствено учење, симулации, играње улоги, студии на случаи, групна работа, коучинг и теренски активности. Учесниците беа поттикнати на соработка и практична примена на стекнатите знаења преку динамична групна работа и реални сценарија. Обуката ја предводеше Јован Сталевски, искусен и интернационално сертифициран мастер обучувач и советник од ЦЕФЕ Македонија. Учесниците на оваа обука истакнаа дека се здобиле со: На крајот од обуката, учесниците ја оценија програмата како исклучително корисна, истакнувајќи ги искуственото учење и професионалното дизајнирање на обуките како најголеми придобивки кои ќе ги применат во својата работа. Следната обука за обучувачи ја планираме за крајот на февруари 2025 година, и доколку сакате да се професионализирате како обучувач во вашата организација, пополнете пријава за интерес и нашите советници ќе ве контактираат.





