Тимот на ЦЕФЕ Македонија на терен во Северно Косово

На 20.03.2018 и 21.03.2018, тимот на ЦЕФЕ Македонија беше во Косово, каде посети 28 бизниси во северниот дел од државата. Овие посети беа реализирани во рамки на проектот „Youth, Employment and Skills” на ГИЗ Косово, каде ЦЕФЕ Македонија е ангажирана како организација подизведувач на истиот.

Имено, во Јануари оваа година, како дел од проектот беа реализирани две 5 дневни обуки за меки вештини во Северна Митровица. На овие обуки имаше 50 учесници, кои подоцна на саемот за вработување остварија контакт со бизнисите кои изразија желба за ангажирање на практиканти во своите организации. Праксата ќе започне на 01.04.2018 и ќе трае се до 30.06.2018, а за овој период од три месеци, ЦЕФЕ Македонија обезбеди 150 евра месечна надокнада за секој од 50-те практиканти.

Посетата на овие бизниси во Звечан, Северна Митровица, Лепосавич и Зубин Поток, имаше за цел да се склучат договори со бизнисите и 50-те практиканти, кои од почеткот на месец Април ќе започнат со пракса кај нив. Освен тоа, секундарна цел беше да се дознаат потребите на бизнисите и проблемите со кои тие се соочуваат на северот на Косово, но воедно и да се опипа пулсот на бизнис климата во овој регион.