Потпишан меморандум за соработка со CEFE International Германија

ЦЕФЕ Македонија во текот на Август ја официјализира долгогодишната соработка со CEFE International Германија преку потпишување на Меморандум за соработка.

Соработката предвидува заеднички настап во проекти, организација на обуки според ЦЕФЕ методологијата, развој на нови курикулуми и други активности за развој и раст на претприемаштвото.

CEFE International Германија ја координира глобалната мрежа на ЦЕФЕ составена од околу 140 членки се цел да овозможи различни услуги како: развој на концепти; обука на обучувачи; адаптација, подготовка и реализација на курсеви; подготовка на прирачници; имплементација на проекти; мониторинг и евалуација, итн.