Развој на бизнис идеја и претставување пред инвеститори

На 19 април 2024 година, во просториите на Универзитетот за Информатички Науки и Технологии „Св Апостол Павле“ во Охрид ученици од средни стручни училишта од Естонија, Турција и Македонија, ги претставија своите бизнис идеи пред жири комисија и потенцијални инвеститори. Пичинг сесијата се одржа како дел интернационалната обука за 20 средношколци кои своите идеи ги развиваа во последните 5 месеци. Учесниците имаат претходни предзнаења во добивање на бизнис вештини, преку работилници според ЦЕФЕ методологијата во нивните земји и училиште, водени од нивните ментори – професори. 

Бизнис идеите кои беа претставени од тимовите беа: 

  1. Хаб електричен мотор за велосипеди
  2. Чоколадни бомбони кои го стимулираат мосокот на учениците
  3. Клупа која е сува после дожд, 
  4. Етичко хакирање,
  5. Направа за податоци и комуникација со лица со попречености,
  6. Кафе бар за домашни миленици
  7. Иновативен модел на саксија за растенија

Тимовите беа менторирани од Мустафа Баха Бајрам, Мехмент Илкај Елмачи, Ирена Ралева Најдевска, Велентина Тодороска, Тиит Тул и Весна Ефремова. Жири комисијата беше составена од професори и експерти од областа на бизнис планирање: проф. Устијана Речкоска Шикоска, проф. Александар Карадимче, Јован Сталевски и Елена Гагачева.

Овој настан е во рамки на Еразмус + проектот „Зајакнување на претприемачките способности на практикантите во стручните училишта“, кој е поддржан од Турската агенција за европски мобилности. Главната цел на проектот е да придонесе со новитети во стручното образование во Турција, Македонија и Естонија преку јакнење на меките вештини и претприемачкте компетенции на практикантите преку обуки, работилници, размена на добри практики меѓу државите како и изработка на нови едукативни материјали.