8. Семејни бизниси и нивно успешно наследување

Име на проектот: FAmily BUsiness Successful Succession

Програма: Еразмус+ КА2: Стратешки партнерства за млади- Развој на иновации

Имплементатор: Атинска комора за трговија и индустрија

Партнери: ЦЕФЕ-Македонија во соработка со 9 партнер организации од Бугарија, Кипар, Италија и Португалија.

FABUSS- FAmily BUsiness Successful Succession” е 24 месечен ЕРАЗМУС младински проект чија главна цел е помагањето на младите со семеен бизнис да постанат  ефикасни и способни наследници.  Овој проект е наменет за млади лица на возраст од 20-29 години  коишто целаат кон превземање на нивниот семеен бизнис во иднина. На овие амбициозни наследници им се потребни вештини и знаења за ефективно развивање на бизнисот, кои по пат на иновативни стратегии и проширување на пазарот се вмрежуваат и соработуваат со претпријатија со слични бизнис активности.

Цели на проектот:

  1. Да се идентификуваат и да се нагласат најдобрите практики за обука и поддршка на идната генерација на лидери во семејните бизниси,
  2. Да им се овозможи на идната генерација лидери да дојдат до потребните знаења, вештини и контакти- национални и меѓународни,
  3. Да се зајакнат знаењата и вештините на идните лидери, преку транснационални практики, експертиза и тимска работа со членовите од целната група од други земји.
  4. Да се поддржи долговечноста на семејните бизниси, нивно обновување и интернационализација, со цел реализација на нивниот социјално-економски придонес.

Главните очекувани резултати се:

  1. Идентификација и анализа на регионалните потреби во полето на семејните бизниси и младинското претприемништво,
  2. Креирање и имплементација на ИКТ платформа за подобрување на нивото на претприемачки знаења и вештини на младите-наследници на семеен бизнис.
  3. Поддршка на стратешко планирање и олеснување на семејните претпријатија, базирано на реални процеси, со цел намалување на ризикот од неуспех во управувањето.