Успешно реализрани обуки за бизнис вештини во Источна Македонија

Во рамките на проектот “Креирање на регионални цетри за претприемништво во Источна Македонија“, ЦЕФЕ Македонија во месец септември успешно реализираше 5 обуки за бизнис вештини во градовите Свети Николе, Струмица, Штип, Кочани и Радовиш. Обуките беа реализирани според ЦЕФЕ Методологијата, која што содржи практични вежби како и симулации на реални ситуации кои ги ставаат учесниците во чевлите на еден претприемач. Сите обуки ги водеа 13 различни ЦЕФЕ обучувачи и ментори. 

Особено не радува фактот што интересот за овие обуки беше навистина огромен. На нив присутвуваа потенцијални и постоечки претприемачи, вработени во организации кои го помагаат на претприемништвото, а уште поголемо задоволство беше и да се видат повеќе од 80 млади луѓе кои беа дел на обуките. Повеќе од 85% од учесниците изјавија дека се премногу задоволни од начинот и методологијата на самите обуки. Самото тоа покажува дека источниот регион на Македонија е спремен за развој на претприемништвото и создавање на нови можности, особено за младите луѓе. 

 

Покрај досегашните пет обуки, во октомври е предвидена да се реализира уште една обука за бизнис вештини во Штип, па дури потоа ќе има официјална церемонија за сертифицирање на новите ЦЕФЕ обучувачи која што ќе се одржи на Глобалната недела за претприемништво во ноември. 

Овој проект е поддржан од страна на Американската Амбасада во Скопје.