Како до вештини за успех во време на глобални промени?

ЦЕФЕ Македонија во рамки на проектот ГЕТ ЈЕС 2 (Глобална Размена и Тренинг за Услуги за Младинско Вработување) ве поканува на уникатни обуки за претприемништво и бизнис планирање.

Главната цел на овие обуки е да ве обучи и да ви даде знаења и вештини за успех преку бизнис активностите како и подигање на свеста на кандидатите за можностите кои ги нуди започнувањето самостоен бизнис.

За кого е оваа обука? За сите потенцијални и постоечки претприемачи (за да ги надоградат своите бизнис перформанси), вработени во организации кои го помагаат претприемништвото (за да можат да ги разбираат потребите на прпетприемачите и да овозможуваат подобра околина за нив), едукатори, креирачи на политики, родители, вработени, студенти, невработени. Најважно – на обуките ќе им се даде предност за учество налица со помалку можности!

На обуката по претприемништво, ќе се усовршуваат вештини за решавање на проблеми, генерирање и селекција на идеи, организација, маркетинг, истражување на пазарот, финансирање и креирање на бизнис план. 

Обуките ќе се одржуваат по светски познатата ЦЕФЕ методологија, која што веќе 30 години покажува дека праксата е најдобриот учител за стекнување бизнис компетенции. Оваа метода содржи вежби кои се интерактивни и практични, како и симулации на реални ситуации кои ги ставаат учесниците во чевлите на еден претприемач или тим и даваат дополнителна вредност на целокупното стекнато знаење.

Теми кои ќе се разработат на обуката се:

  • Лични претприемачки карактеристики
  • Генерирање и селекција на идеи
  • Поставување на цели и менаџирање на околина
  • Организација и производство
  • Маркетинг и истражување на пазар
  • Финансиски менаџмент
  • Бизнис планирање

После оваа обука вие ќе бидете способни да:

  • Го препознаете својот претприемачки капацитет;
  • Воспоставите мрежа на бизнис контакти;
  • Ги разберете клучните структури и принципи на претприемачкото планирање;
  • Ги разберете основните принципи на фнкционирање на пазарната економија;
  • Знаете како да го проценувате вашиот удел на пазарот;
  • Го препознаете влијанието на окружувањето врз вашата работа;
  • Сте свесни за слабите и јаките страни на својата бизнис идеја и конкуренцијата;
  • Ги пресметате основните средства;
  • Изготвите биланс на состојба;
  • Постигнете подобри резултати во водењето на компанијата, користејќи инструменти за финансиска анализа и планирање.

Производи кои ќе ги понесете од оваа обука се:

  • Рафинирана бизнис идеја која одговара на личноста
  • Изработена СВОТ анализа
  • Увид на пазарот
  • Финансиски предвидувања
  • Разработена бизнис идеја

Обуката е дизајнирана да се реализира во пет дена, а целите ќе се постигнат во неколку сесии составени од практични и интерактивни вежби, дискусии, истражувања, фидбек сесии, работа на терен, работа во мали групи и минимум теоретско предавање.

Кој ќе не обучува?  Обуките ќе ги водат ЦЕФЕ обучувачи и ментори за претприемништво кои ја користат ЦЕФЕ методологијата . 

КОГА ќе се одржува?  12/13/14/27/28 Ноември, 2021 година.

Рабтилниците и сесиите ќе траат 6 часа дневно, или вкупно 30 часа. Дополнително ќе биде утврден  временскиот распоред. Сесиите ќе се одвиваат во пладневните часови. 

КАДЕ? Штип (Хотел Изгрев) и Охрид (дополнително ќе биде определено местото)

ВАЖНО: Местата се ограничени на 25 учесници по обука, или вкупно 50 учесници. Приоритет ќе се дава на учесници со помалку можности (млади невработени лица, студенти, лица кои потекнуваат од рурална средина, млади лица со ниски примања, лица кои се соочуваат со социјална дискриминација, лица со физички или ментални бариери итн)

***Сите капацитети каде ќе се изведуваат обуките работат согласно протоколот и препораките на владата за заштита од КОВИД 19

Што добивам дополнително?

  • Секој кој што успешно ќе ја заврши обуката (активно присуство на најмалку 80% од обуката) се стекнува со сертификат издаден од ЦЕФЕ Македонија и потпишан од обучувачите;
  • Материјали во печатена и електронска форма;
  • Листа на контакти за ваше идно вмрежување и соработка;
  • Освежување, кафе и храна за време на обуката;

Што треба да инвестирам за себе? Време, посветеност, активно учество

Како да се пријавам? Пријавете се со пополнување на електронската пријава најдоцна до 07.11.2021

Контактите на организаторот на настанот од ЦЕФЕ Македонија: Благој Трајков 071/324-959,  blagoj.t@cefe.mk  ; 

* – Во случај на поголем број пријавени кандидати ЦЕФЕ Македонија го применува принципот „first come – first served“ (во случајот: прв пријавен – прв услужен).

Нецелосните пријави ќе се разгледуваат последни. Организаторите го задржуваат правото на промени на датумите или локацијата со најава на учесниците. Организаторите го задржуваат правото на комбинирање на групите заради хомогеност или хетерогеност, во зависнот од целите на обуките.

Погледнете дел од атмосферата на претходни ЦЕФЕ обуки:

https://www.facebook.com/media/set/?vanity=CEFEMacedonia&set=a.3451847588194597

https://www.facebook.com/media/set/?vanity=CEFEMacedonia&set=a.3475862765793079

https://www.youtube.com/watch?v=k6jbQzoydsk

Еве што кажаа дел од учесниците од претходни обуки: