Вести

Вести

Запознавање на Охридската јавност со целите на проектот

Претставници од проектот „Зошто да одите во странство кога може да останете и да инвестирате во вашата земја“, како и претставничка од Локалната Агенција за Развој – Струга гостуваа во утринската емисија „Јоклама“ на ТВМ – Охрид, каде ги промовираа активностите кои ќе следат во Охрид и Струга. Во месец април ќе организираме средби со студентите и професорите на – Универзитетот Св Апостол Павле во Охрид (09 април), – Факултетот за туризам и угостителство во Охрид (23 април), – Европски Универзитет Струга (22 април), за да им ги прикажеме можностите за развој на бизнис во Македонија, да претставиме успешни бизнис приказни, како и да дискутираме за предизвиците и можностите што тие ги гледаат во оваа насока. Овие средби се од отворен тип и може да присуствуваат сите заинтересирани граѓани, со претходна пријава на info@cefe.mk За да го гледате гостувањето во емисијата кликнете тука.

Вести

ЦЕФЕ Методологијата промовирана меѓу Романската академска заедница

Преку онлајн списанието за академски текстови на Центарот за Академско Усовршување, ЦЕФЕ Методологијата им е претставена и на академската заедница во Романија. Целиот текст најдете го тука Текстот е на англиски јазик.

Вести

Поттикнување на претприемачкиот дух меѓу студентите

Обучувач од тимот на ЦЕФЕ Македонија ги презентираше активностите на организацијата, како ЦЕФЕ методологијата успешно создава претприемачи, како и за престојните средби и работилници кои ќе се организираат во рамките на тековниот проект „Зошто да одите во странство кога може да останате и да инвестирате во вашата држава“ пред студентите на Педагошки факултет – Битола. Ви го пренесуваме текстот од страната на факултетот http://www.pfbt.uklo.edu.mk/index.html Во рамките на проектот организиран во соработка со SEECEL (South East European centre for entrepreneurial learning), на 10.03.2015 година, пред студентите на Педагошкиот факултет во Битола, пригодни предавања од областа на претприемништвото одржаа г-ѓа Розита Талевска Христовска од Фондацијата BSC (Business Start Up Center)www.bscbitola.org и г-дин Јован Сталевски, претседател на CEFE Македонија http://www.cefe.mk/ [Best_Wordpress_Gallery id=”1″ gal_title=”Pedagoska prezentacija”]  

Вести

Кредитот може да те грее или изгори

За целите на видеата од проектот „Зошто да одите во странство кога може да останете и да инвестирате во вашата земја“, тимот разговараше со Тасевски Тони, 46 годишен земјоделец од с. Логоварди, Битола. Тој ни ја раскажа својата претприемачка приказна. Накратко ќе ви го пренесеме неговот искуство. Тони потекнува од земјоделско семејство кое цел живот се занимава со земјоделие. Обработува сопствена и земја под закуп. Поседува сопствена механизација (трактори, комбајни и доста приклучна механизација) и главно се занимава со одгледување на карфиол, пипер, домат, компир и житарица. Како и услуги со комбајн, жетва. За ширење на производството како и намалување на трошоците при производство решил да побара дополнителни парични средства од институциите. Се инфомриал преку пријатели и познаници за можностите во Битолско и започнал соработката со Штедилница Можности. Тоа било пред 11 години, односно во март 2004 год. и се до денес Тони користи кредит 9 пати. Кредит реализирал и преку МРФП кредитна линија во.2010 год, за купување на трактор. До сега вели дека не се соочил со посериозни проблеми во враќањето на заемите, но предупредува дека се соочува со варијации во договорените цени со откупувачите или пак климатски неповолности кои влијаат на квалитетот и обемот на производите. Тој континуирано го развивал и вложувал во својот бизнис, и како резултат на тоа, е среќен што се забележува зголемување на вредноста на механизацијата и вкупната опрема (пред 11 години започнал со 1 трактор и 1 стар комбајн). Средствата од кредитите кои ги подигал биле наменски искористени (набавка на трактор, набавка на комбајн, поставувавње на систем за наводнување, купување приклучна механизација, како и за обртни средства и припреми за сеидби). Во работата, активно е вклучена и неговата сопруга, која е и регистриран земјоделец и која дава голема поддршка, при што ни раскажаа и за нивните планови за вложување во иднината на двете деца како и сопствениот дом.

Вести

За претприемништвото во Македонија и успешните приказни

Која е историјата на претприемништвото во Македонија? Како се развиваше низ годините? Кои се предносите, а кои слабостите, како и тоа кои се предизвиците на претприемништвото во земјава? На овие и други теми разговаравме со Зоран Витанов, од ЦЕФЕ Македонија. -Конкретно, претприемништвото во Македонија има неколку недостатоци, кои се објективна пречка, но не се доволна за луѓето да не влезат во претприемачки води . Најсериозна пречка, и тоа не само во Македонија, туку и во регионот, е премногу несмасно, но интензивно мешање на државите, односно владините политики во сферата на претприемништвото. Политики кои го демотивираат лидерот и претприемачoт сигурно да влезе во овие води – рече Витанов. Својата успешна бизнис приказна ни ја раскажа претприемачот и креатор на апликациите TweetsPie, Pravoslaven Kalendar и Ooshies, Иван Медо Димоски. Тимот на проектот „Зошто да одите во странство кога може да останете и да ја развивате вашата држава“ продолжува со снимање на видео записите и во следните денови. Ако и вие сакате да учествувате во некоја од темите за видеата, или позавате некого кој сметате дека заслужува да пренесе искуство, слободно контактирајте нè на info@cefe.mk  

Вести

Повик за партнери од Еразмус + Програмски земји

Почитувани, ЦЕФЕ Македонија, заедно со партнерите од Кајзери, Турција – ЛИФОС група, бараме партнерски оганизации (НВО, Европски Младински НВО, социјални претпријатија, јавни установи, неформални групи на граѓани, асоцијации на региони, компании активни во полето на општествената одговорност) од Европска Унија, да бидат партнери во предложениот проект „Тренинг за тренери и коучинг за идните претприемачки амбасадори“ Проверете ги бенефитите овде и ако сте заинтересирани, слободно контактирајте не на info@cefe.mk