Објавено на март 12th, 2015 | од Stefan Spasenovski
0Кредитот може да те грее или изгори
This post is also available in: English
За целите на видеата од проектот „Зошто да одите во странство кога може да останете и да инвестирате во вашата земја“, тимот разговараше со Тасевски Тони, 46 годишен земјоделец од с. Логоварди, Битола. Тој ни ја раскажа својата претприемачка приказна. Накратко ќе ви го пренесеме неговот искуство.
Тони потекнува од земјоделско семејство кое цел живот се занимава со земјоделие. Обработува сопствена и земја под закуп. Поседува сопствена механизација (трактори, комбајни и доста приклучна механизација) и главно се занимава со одгледување на карфиол, пипер, домат, компир и житарица. Како и услуги со комбајн, жетва.
За ширење на производството како и намалување на трошоците при производство решил да побара дополнителни парични средства од институциите. Се инфомриал преку пријатели и познаници за можностите во Битолско и започнал соработката со Штедилница Можности. Тоа било пред 11 години, односно во март 2004 год. и се до денес Тони користи кредит 9 пати. Кредит реализирал и преку МРФП кредитна линија во.2010 год, за купување на трактор. До сега вели дека не се соочил со посериозни проблеми во враќањето на заемите, но предупредува дека се соочува со варијации во договорените цени со откупувачите или пак климатски неповолности кои влијаат на квалитетот и обемот на производите.
Тој континуирано го развивал и вложувал во својот бизнис, и како резултат на тоа, е среќен што се забележува зголемување на вредноста на механизацијата и вкупната опрема (пред 11 години започнал со 1 трактор и 1 стар комбајн). Средствата од кредитите кои ги подигал биле наменски искористени (набавка на трактор, набавка на комбајн, поставувавње на систем за наводнување, купување приклучна механизација, како и за обртни средства и припреми за сеидби).
Во работата, активно е вклучена и неговата сопруга, која е и регистриран земјоделец и која дава голема поддршка, при што ни раскажаа и за нивните планови за вложување во иднината на двете деца како и сопствениот дом.