Вести

Вести

Бизнис Средба Струга

Во рамки на проектот „Зошто да одите во странство кога може да останете и да инвестирате во вашата земја“ се одржа бизнис средба во Струга (22.04.2015). Благодариме на Меѓународниот Универзитет Струга што беа одлични домаќини и организатори на средбата, како и на U.S. Embassy Macedonia кои го поддржаа овој проект. На средбата имаше околу 70ина учесници од: бизнис и граѓанскиот сектор од Струга, професори од Меѓународнот Универзитет Струга, претставници од Општина Вевчани, како и студенти од Универзитетот, кои доаѓаа од Албанија, Турција, Косово, Македонија и Црна Гора. Пред учесниците се презентираа можностите за развој на претприемништвото во Македонија, свои излагања на тема „како да се спречи одливот на таленти“ имаа професори од Универзитетот, како и презентација на видеото за улогата на универзитетите во развој на претприемничкиот дух кај студентите. Видеото е дел од онлајн курсот кој ќе ја претставува Македонската претприемачка приказна во курсот Beyond Silicon Valley: Growing Entrepreneurship in Transitioning Economies. За да ги погледнете фотографиите од настанот посетете ја нашата Фејсбук страна.

Вести

Бизнис средба во Струмица

Во рамки на проектот „Зошто да одите во странство кога може да останете и да инвестирате во вашата земја“ се одржа бизнис средба во Струмица (21.04.2015). Благодариме на Центарот за вработување во Струмица што беа одлични домаќини и организатори на средбата, како и на U.S. Embassy Macedonia кои го поддржаа овој проект. Пред учесниците се презентираа можностите за развој на претприемништвото во Македонија, како и презентација на видеото за улогата на државните институции за развој на претприемништвото. Видеото е дел од онлајн курсот кој ќе ја претставува Македонската претприемачка приказна во курсот Beyond Silicon Valley: Growing Entrepreneurship in Transitioning Economies. За да ги погледнете фотографиите од настанот посетете ја нашата Фејсбук страна.

Вести

Бизнис средба во Штип

Тимот на проектот „Зошто да одите во странство кога може да останете и да инвестирате во вашата земја“ денес (20.04.2015) одржа бизнис средба во Штип. Благодариме на American Corner Stip што беа одлични домаќини, фотографи, професионалци и организатори на средбата, како и на U.S. Embassy Macedonia кои го поддржаа овој проект. Пред учесниците се презентираа можностите за развој на претприемништвото во Македонија, како и презентација на видеото за филантропијата и донаторството во кое говори директорката на Konekt. Благодариме и на учениците и професорите од САБА и СОУ Гимназија “Славчо Стојменски “-Штип што беа наши гости, како и до претставници на општина Штип, новинарите на Kanal 77, претприемачите и граѓаните на Штип. Сигурни сме дека за брзо ќе имаме и други иницијативи и активности во Штип и ќе јадеме пастрмајлии. Видеото е дел од онлајн курсот кој ќе ја претставува Македонската претприемачка приказна во курсот Beyond Silicon Valley: Growing Entrepreneurship in Transitioning Economies. За да ги погледнете фотографиите од настанот посетете ја нашата Фејсбук страна.

Вести

Гостување на ТВ Орбис Битола

По повод светскиот ден на претприемништвото – 16ти април, претседателот на ЦЕФЕ Македонија, Јован Сталевски, гостуваше во попладневната програма „Пелагонија на дланка“ на локалната телевизија Орбис од Битола. Главни теми на разговорт беа тековните активности од проектот „Зошто да одите во странство кога може да останете и да инвестирате во својата земја“ и значењето за онлајн курсот кој го произведовме во рамките на овој проект. Им благодариме на уредниците од ТВ ОРБИС што го препознаа значењето и целта на овој проект за да информира и мотивира за можностите за развој и водење на бизнис во државава, а со тоа и да се намали одливот на таленти.

Вести

Гостување на ТВ МЕГА Битола

По повод светскиот ден на претприемништвото, претседателот на ЦЕФЕ Македонија, Јован Сталевски, гостуваше во утринската програма на локалната хдтв МЕГА од Битола. Покрај општите теми за претставување на организацијата, активностите и уникатната методологија за креирање на претпријатија преку оформување на претприемачи, беше претставен и проектот „Зошто да одите во странство кога може да останете и да инвестирате во својата земја“. Им благодариме на уредниците од ХДТВ МЕГА што го препознаа значењето и целта на овој проект за да информира и мотивира за можностите за развој и водење на бизнис во државава, а со тоа и да се намали одливот на таленти.

Вести

Бизнис средби низ градовите во Македонија

Студенти, невработени или вработени граѓани, постојни или идни претприемачи, владини претставници, претставници на универзитетите, претставници на граѓанскиот сектор – тимот на проектот „Зошто да одите во странство кога може да останете и да ја развивате вашата земја“ ве поканува на бизнис средби кои ќе се одржат во 7 града во земјава и тоа: Скопје, Битола, Тетово, Штип, Охрид, Струга и Струмица. Овој проект го имплементира ЦЕФЕ Македонија во партнерство со: Здружението за граѓански активизам ФОРУМ 16 – Битола и Центар за одржливост и напредна едукација Битола. Истиот започна на 1-ви Декември 2014 и ќе се спроведува до 31-ви Мај 2015 година. Проектот е делумно поддржан од Амбасадата на САД во Македонија. На бизнис средбите ќе се прикажуваат и видеа со примери од македонската економија на следните теми: 1. Историја на претприемаштото: Како се развивало претприемаштвото во Македонија, кои биле предизвиците, препреките, каде сме денеска? 2. Улога на влада во поддршка на претприемачите: Кои се Владините програми за поддршка и развој на претприемништвото, кои мерки се преземаат, примери на поддржани компании, како други Влади од транзициони економии од светот ги мотивираат претприемачите, итн. 3. Филантропија: Колку е филантропијата развиена во Македонија, дали имаме филантрописти кои поддржуваат претприемачи, кои се примерите и нивните искуства, итн. 4. Посреднички организации: Каква е улогата на организациите кои го поддржуваат претприемаштвото, колкав е процентот на поддржани претприемачи, кои типови на поддршка ги нудат, колкава е заинтересираноста кај младите да отворат свој бизнис, итн. 5. Улога на образовни институции: Дали факултетите во Македонија ги мотивираат студентите да размислуваат претприемнички, колку имаме истражувачи, колку од истражувањата се комерцијализираат, дали студентите ги стекнуваат потребните вештини за да најдат работа, каде постои јазот помеѓу пазарот на трудот и вештините, итн. 6. Пристап до финансии: дали бизнисите во Македонија имаат потенцијал да привлечат поддршка од бизнис ангели, колку од нив користат поддршка од Seed Акселератори, како треба понатаму да се развиваат овие извори на поддршка за претприемачите, итн. Видеата од овој проект се креирани да ја прикажат Македонската претприемачка приказна, на онлајн курсот: “Beyond Silicon Valley: Growing entrepreneurship in transitioning economies“ кој го следат преку 20.000 лица од целиот свет. Овие видеа тимот на проектот ги сними во периодот февруари – април 2015 со претставници од различни сектори и институции. Средбите се одлична можност да се вмрежувате, поставувате прашања и да се информирате за претприемаштвото во земјата. Места и време на одржување на бизнис средбите низ Македонија: 16.04.2015 – Охрид – Универзитет за информатички науки „Св Апостол Павле“, поч. 08ч 16.04.2015 – Битола –Американско Катче, поч. 12ч 20.04.2015 – Штип – Американско Катче, поч. 13ч 21.04.2015 – Струмица – Агенција за Вработување на Р. Македонија, поч. 12ч 22.04.2015 – Струга – Меѓународен Универзитет, поч. 13ч 23.04.2015 – Охрид – Факултет за Туризам и Угостителство, поч. 12ч 27.04.2015 – Битола – Технички Факултет, поч. 11:00ч 28.04.2015 – Скопје – Универзитет Американски Колеџ, поч. 11ч 28.04.2015 – Скопје – Американско Катче, поч. 17ч 29.04.2015 – Тетово – Технолошки Парк на Штулов Универзитет, поч. 14ч За да се пријавите како учесници на некоја од средбите, пополнете ја електронската пријава. Или контактирајте не на 078 201 854; info@cefe.mk Веб страна: www.cefe.mk ФБ фан страна: https://www.facebook.com/CEFEMacedonia