Вести

Вести

Пристап до самовработување за младите Роми и Еѓипјани

Во месец јуни 2017 година, ЦЕФЕ Македонија реализираше обуки за бизнис планирање и финансиски менаџмент за околу 40 постоечки и потенцијални претприемачи Роми, Египјани и други малцинства од Скопски и Југозападен регион. Обуките за бизнис планирање се одржаа на 5-6 јуни во Скопје и 12-13 јуни во Охрид, каде што учесниците научија од што се состои бизнис планот, кој вештини им се потебни за успешна реализација на бизнис план и разработка на бизниц идејата. Обуките за финансиски менаџмент се реализираа на 19-20 јуни во Охрид и 28-29 јуни во Скопје, каде што учесниците се стекнаа со вештини за предвидување на готовински текови, читање на финансиски податоци, свесност и разликување на трошоци, креирање на цени, продажни техники како и финансики план. Обучувачите Зоран Витанов и Јован Сталевски ги водеа обуките на начин кој е докажан за креирање на претприемачи – практика! Организатори: @Македонска Развојна Фондација за Претпријатија и @Локална Агенција за Развој Струга. Проект: Пристап на Ромите до самовработување. Финансиран од Европската Унија.

Вести

Обука за продажни вештини и техники

Поради растечкиот притисок што го доживува секој продавач во денешната сложена економија, оваа предизвикувачка професија станува се поконкурентна. Но многу просперитетни продавачи ја немаат солидната основа и разбирање за корените на продажниот процес. Сигурно дека во еден ден нема да ви вбризгаме супермоќ но ќе ви дадеме структура, вештини и алатки кои ќе ги искусите, лесно ќе ги запомнете и ќе можете да ги употребувате во секоја можност за продажба. Цел на обуката Овој еднодневен, интензивен и практичен тренинг има за цел да ве наоружа со алатки и техники коишто се потребни за да го достигнете успехот во продажбата и да ги подобрите перформансите на вашето работење. За кого е наменетa? Оваа обука е за сите и нови и искусни продавачи кои сакаат да ги надоградат своите вештини за продажба и да го искористат своето време најефективно. Исто така охрабруваме да учествуваат и продажни тимови, со што ќе можат да се стават на иста фреквенција и да се подготват за висока реализација. Но и обучувачи и подучувачи за продажба се поканети да ги видат ЦЕФЕ алатките за продажба во акција. Поконкретно: Доколку сте продавачи, сопственици, менаџери на компании и потенцијални лица кои се вклучуваат во процесите на продажбата … оваа обука е за вас. Што ќе научите? • Идентификување на однесувањето и вештините на успешните продавачи • Опис на различните типови на продажни модели • Да ги идентификувате и применувате елементите на продажната рамка (АИДА) • Разбирање на потребите на потенцијалните купувачи и како да водите продажен разговор • Избирање на техники за затворање на продажбата • Совети за комплетирање и достигнување на продажните цели • Како да развиете акциски план за употреба на вештините на продажба • Стратегии за одржување добра комуникација со вашите клиенти Кои вештини ќе ги усовршуваме? 1. Наоѓање на потенцијални клиенти; 2. Продажна презентација; 3. Преговарање при продажба; 4. Затварање на продажба; 5. Проследување и одржување контакти; 6. Подготовка за старт на продажен тим. Дали ќе биде применливо за мојот сектор? Убавината на ЦЕФЕ обуките е во нивната флексибилност и можноста да ги користите стекнатите вештини во секој дел од живеењето. Структурата на обуката е таква што ќе ве наоружа со вештини за продавање кои може да ги користите и практикувате во продажба на услуги, производи и очекувања. Обуката ќе биде фокусирана на препознавање и задоволување на потребите на купците, и на начинот на кој што тие сакаат да им биде продавано и начинот на кој што тие сакаат да купуваат. Кога и каде? Обуката ќе се реализира во просториите на ЦЕФЕ Македонија, на ул. Партизанска 27а, во Скопје (веднаш до Т.Ц. Буњаковец, над Комерцијална Банка). Четврток, 13 јули 2017 година, од 09:30 до 17:30 часот Обучувач и методологија: Зоран Витанов – ЦЕФЕ обучувач и консултант со долгогодишно искуство во земјата и странство. Сопственик на 1% од најголемата куповна задница во светот. Сосоственик на Трејд Консалтинг. Лидер и претприемач кој што поттикнува иновативно и креативно размислување. Обуката ќе се одржува по светски познатата ЦЕФЕ методологија, која што повеќе од 30 години покажува дека праксата е најдобриот учител за стекнување компетенции. Оваа метода содржи вежби кои се интерактивни и практични, како и симулации на реални ситуации кои ги ставаат учесниците „во чевлите“ на продавачите. ВАЖНО: Местата се ограничени на 20 учесници. Што добивам дополнително? – Секој кој што успешно ќе ја заврши обуката (активно присуство на најмалку 80% од обуката) се стекнува со сертификат издаден од ЦЕФЕ Македонија и потпишан од обучувачите. – Материјали во електронска и печатена форма; – Листа на контакти за ваше идно вмрежување и соработка; – 50% Попуст за дополнителни консултации при изработката на лични стратегии за зголемување на продажба; – Освежување, кафе и закуска за време на обуката; Што треба да инвестирам за себе? Покрај време и посветеност, се очекува од учесниците да инвестираат и финансиски средства. Благодарение на непрофитната дејност на ЦЕФЕ Македонија, оваа обука ќе ви биде овозможена со инвестиција од само 3.200 денари* Промотивни услови: 1. За рано пријавување и уплата до 04 Јули, следува 20% попуст (или 2.560 денари). 2. За групно пријавување, следува попуст од 15% (или вкупно 2.720 денари) за вториот учесник и 30% (или вкупна цена од 2.240 денари) за третиот. 3. За невработени лица и студенти, попустот изнесува 20%, (или 2.560 денари) а истиот се одобрува со приложена потврда од Агенција за Вработување на РМ или индекс. Како да се пријавам? Пријавете се со пополнување на електронската пријава со целна дознака „Обука за продажба“ до 12 јули 2017 година. Потврдата на учеството се обезбедува со уплатената сума на сметка на организаторот. Контактите на организаторот на настанот од ЦЕФЕ Македонија: 078 201 854 или info@cefe.mk Само инвестицијата во себе е сигурен капитал, Ве очекуваме да соработуваме.

Вести

Градиме партнерства со Источна Европа

300 млади лидери, младински работници и креатори на младински политики од земјите-членки на Европската Унија и Ерменија, Азербејџан, Белорусија, Грузија, Република Молдавија, Украина и Македонија работеа заедно два дена на Форумот за Источно партнерство (ЕАП) во Варшава од 22-23 јуни 2017. Комесарот за проширување на ЕУ г-ин Јоханес Хан и генералниот директор на секторот за образование млади и спорт г-ѓа Мартин Рајхертс, ја истакнаа важноста на младите како актери на промени и потребата да се има поголем ангажман со младите луѓе при дизајнирање на младински политики и активности. Главниот тематски фокус беше на учеството и активното граѓанство на младите и нивната вклученост во процесот на донесување одлуки. На работилниците на форумот, младите активисти развија конкретни препораки за владите на ЕУ, нејзините земји членки и владите на Источното партнерство (ИО) за да помогнат во обликувањето на нивните идни младински политики. Предлозите исто така ќе ја информираат дебатата на претстојниот Самит на ИП во Брисел на 24 ноември 2017 година. Препораките беа развиени околу три главни области: 1) младите како активни, критични и одговорни граѓани; 2) млади луѓе и претприемништвото и 3) квалитетно образование. Во рамките на првата област, младите луѓе побараа развој на младински пријателски пристап кон креирањето политики, преку: воспоставување на средина за поддршка на организациите предводени од младите и приоритет на младинските проекти при распределбата на фондовите на ЕУ. Тие побараа отворањето на Европскиот корпус за солидарност за младите на ОП и за воспоставувањето на онлајн-базата на податоци на меѓународни волонтери. Претседателот на ЦЕФЕ Македонија, Јован Сталевски, учествуваше на втората тематска област за развој на претприемништвото. Зголемената поддршка за програмите за социјално претприемништво беше централната точка за дискусија во рамките на втората област. Учесниците на форумот повикаа на меѓународен инвестициски фонд за социјално претприемништво и ја нагласија потребата за повеќе системи за поддршка за социјалните претпријатија. Тие ги поканија владите да обезбедат поттик за младите луѓе да основаат свои претпријатија, да го намалат оданочувањето, да ги елиминираат бирократијата и да обезбедат финансирање на професионално ниво за младите претприемачи. Во однос на третата област, младите лидери побараа од креаторите на политиката да посветат поголемо внимание на вештините потребни за успех на модерниот пазар на трудот. Учесниците повикаа на воспоставување на соодветен дијалог меѓу релевантните НВО, училишта, креатори на политики, експерти за формално и неформално образование, со цел да ги ревидираат постојните национални наставни програми, да направат подобрувања каде што е потребно и да создадат синергии помеѓу формалните и неформалните Образовни актери. Претседателот на ЦЕФЕ Македонија се поврза со потенцијалните партнерски организации и институции од Источна Европа со цел да ја промовира ЦЕФЕ Методологијата и да воспостави заеднички проекти за: креирање на нови обучувачи на ЦЕФЕ во земјите од Источна Европа, промовирање на шеми за поддршка на семејните бизниси и развивање и размена на добри практики за Претприемачки екосистеми во соодветните земји и Македонија. Историја на форумот: • Младинскиот форум за Источно партнерство во Варшава (http://www.eap-youth-forum.pl/) беше трета конференција посветена на прашањата кои се важни за младите луѓе, организирани на маргините на Самитот за Источно партнерство. Претходните млади форуми за Источно партнерство се одржаа во Литванија (2013) и Латвија (2015), фокусирајќи се на прашањата за социјално вклучување и вработување. • Како дел од програмите Еразмус + до денес, повеќе од 7.600 студенти и академски кадар од земјите-партнери на ОП ќе добијат грантови од Европската унија за да учат и да се обучуваат во Европа; И повеќе од 2.700 студенти и персонал од земјите на ЕУ ќе добијат грантови за нивниот период на мобилност во земјите на ОП. Повеќе од 20.000 млади луѓе и младински работници од земјите-партнери во EaP беа вклучени во активностите за неформално образование Еразмус +: мобилност, младински размени, политички дијалог и граѓански ангажман преку Европската доброволна служба. Една од најновите програми финансирани од ЕУ за поддршка на младите во земјите-партнери во EaP е EU4Youth Initiative, со што се ставаат на располагање 20 милиони евра за поттикнување на активно учество на младите во општествата и нивната можност за вработување преку развивање на вештини кои можат да ги поддржат Лидери и претприемачи. Како дел од овој пакет за поддршка, EU4Youth ќе обезбеди грантови во висина од 8 милиони евра за поддршка на младите луѓе кои активно учествуваат во политичкиот, социјалниот и економскиот живот.

Вести

Повик за експерти за креирање содржина за он-лајн модули

ЦЕФЕ Македонија во рамките на проектот „Претприемачко учење за млади“ треба да изготви содржина за он-лајн модули. За таа цел има потреба од експерти кои ќе изготват он-лајн содржината за модулите. Проектот ќе понуди неформални активности на 60 млади – 20 од Македонија, 20 од Романија и 20 од Грција, со цел развивање на трансферзални и претприемачки вештини. Со активностите од проектот, на 60-те млади ќе им се понуди потребното знаење за да станат претприемачи. Неформалните активности ќе креираат простор во којшто младите, преку 30 работилници, ќе ги развиваат сопствените бизнис планови потпомогнати од професионалци и финансиски институции. Во зависност од темите коишто преовладуваат низ младинските идеи, помагачи ќе бидат: претприемачи, бизис советници, сметководител, адвокат и експерти за производство/услуги. Овие активности ќе го обезбедат потребното време за 60-те млади да развијат претприемачки вештини и да разберат што значи да се биде претприемач и како тој планира и реагира во различни ситуации. Потоа, тие ќе го симулираат стартап бизнисот и ќе се здобијат со вештини на динамичен претприемач и ќе го симулираат вработувањето, пронаоѓањето партнери, добавувачи и процесот на развивање на производот/услугата. Со оваа активност, 60-те млади ќе развијат практични претприемачки вештини со тоа што ќе искусат што значи да се биде претприемач. Проектот е финансиран од Ерасмус+ програмата во рамките на КА2 Entrepreneurial learning for youth. Партнери на овoј проект се: Асоцијацијата Sprijin si Dezvoltare-Романија, CRYSTALCLEARSOFT-Грција. Целите кои сакаме да ги постигнеме со овој повик се следниве: -Да се направи он-лајн тренинг материјал кој ќе им послужи на младите полесно да го разберат претприемништвото и предизвиците поврзани со него. -Соодветниот тренинг материјали ќе го преставуваат он-лајн курсот и треба да содржат теоретски, но и практичен-искуствен дел. Притоа тие треба да претставуваат една целина. -Материјалот треба да содржи примери од реалниот живот за да младите полесно ги совладаат концептите на претприемништвото. Темите за кои што ќе се креираат он-лајн курсеви се следни: 1: What means entrepreneurship, characteristics, myths, barriers at personal and external level. Historical, economical and multidisciplinary approach of entrepreneurship. 2: Why become an entrepreneur, benefits and fears. 3: Business and Work Ethics. 4: Entrepreneurial Characteristics – traits that make one successful. 5: Business Plan steps, Types of Business plans, best fit for your idea. 6: Sparkling Creativity and Innovation; Generating business ideas. 7: Micro & Macro analysis, Risk Assessment and SWOT Analysis. 8: Goal Setting, Factors that influence the entrepreneur and the enterprise, motivation. 9: Introducing Marketing Mix. 10: Target and segmentation market, Industry and Market Analysis: definition, segmentation, size, growth, trends, existing products/ service. 11: Costumer Analysis (type, size, industry, growth, trends, customer’s profiles) and Competitive Analysis (capabilities, strategies, goals, response from competition) 12: Marketing strategy, positioning and pricing. 13: Market Survey and Research. 14: Product / Service Development & Adjustment (Based on Market Research) Очекувани резултати од експертите: -Секој модул од он-лајн курсот треба да биде пишуван на англиски јазик и да биде помеѓу 14 и 16 страници. -Да изготви најмалку 3 прирачници\вежби. -Да изготви најмалку 2 квизови(пред и потоа). -Доставување на еднодневна работилница во рамки на проектот Претприемачко учење кај младите. -Да бидат слободни за 1 кординативен состанок пред почетокот на пишување на модулите, и уште 1 кординативен состанок за текот на работењето. Профил на експертите: -Да разбираат или имаат искуство од креирање на он-лајн курсеви. -Најмалку 3 год експертиза во полето на претпиемништво. -Да бидат слободни за коминикација и кординација во периодот 20 јуни-10 јули 2017 година. Сите заинтересирани експерти потребно е да достават: -CV -Назнака за кој модул се пријавуваат. -Предлог план-сесија како би изгледал нивниот модул. Се повикуваат сите заинтересирани да ги достават своите понуди преку емаил на info@cefe.mk најдоцна до 20.06.2017 година. Избраните експерти треба да ги достават завршните производи најдоцна до 10.07.2017 година. За подетални информации слободно контактирајте не на следниве броеви: 078 437 267 Јован 078 241 181 Кристијан Што нудиме? -Флексибилно работно време -Хонорар за креирање на модули 350 евра бруто + одржување на еднодневна работилница 100 евра бруто Селектирањето на експертите ќе се врши според релевантното искуство и нивниот план за работа. По изминување на рокот за доставување на потребните материјали експертите ќе бидат контактирани за одлуката околу изборот.

Вести

Повик за надворешен ревизор

ЦЕФЕ Македонија во рамки на проектот Глобална Едукација и Тренинг за Услуги за Младинско Вработување – ГЕТ ЈЕС www.getyesproject.com има потреба од надворешна ревизија на финансиското работење во изминатите две години. Се повикуваат заинтересираните ревизорски куќи да ги погледнат деталните информации и да се пријават до 29ти мај 2017. Документи: Terms of reference EXTERNAL AUDIT GUIDANCE NOTES Report of Factual Findings on the Final Financial Report Type I CEFE MACEDONIA Врска за контакт: +389 78 201 854; info@cefe.mk

Вести

“Online portfolios: Use of ICT for the registration and assessment of lifelong learning”

CEFE Macedonia беше дел од тренингот “Online portfolios: Use of ICT for the registration and assessment of lifelong learning” кој се одржа во Каламата Грција од 23ти до 30ти Април 2017. Целта на овај тренинг курс беше да се истражува уптребата на онлајн портфолија како на алатка за запишување, потврдување и презентирање на вештини стекнати преку неформално образование и доживотно учење, да се истражува улогата на нови технологии која може да игра улога во можностите за вработување кај младите луѓе. Преку овај тренинг курс учесниците имаја можност да научат повеќе алатки за креирање на онлине портфолија кои можат да ги користат за различни цели, да ги надоградат своите вештини во креирање на професионални мотивациони писма и лични биографии, како алатки кои те приближуваат до маркетот на трудот. Огранизатор на овај тренинг кој е подржан од програмата Еразмус плус е организацијата K.A.NE <http://K.A.NE> ., Social Youth Development (www.ngokane.org <http://www.ngokane.org> ).