Вести

Вести

Обука за социјално претриемништво во Полска

Уште една успешен проект за промоција на претприемништвото се одвива периодов со партнерите “Добри Развој” од Полска и уште 6 Европски земји. Во месец Јули 2017 година, тројца учесници од ЦЕФЕ Македонија учествуваа на меѓународен тренинг курс во Торин, Полска. Ова се впечатоците на Кристијан, Соња и Александра од 10 дневната обука: “Во една прекрасна и динамична околина како Торун–родениот град на Никола Коперник, од 29ти Јуни до 9ти Јули 2017 година, имавме можност да искусиме еден доста забавен и високо едукативен тренинг како представници од невладината организација ЦЕФЕ Македонија  во соработка со Полската фондација “Dobry Rozvoj” која беше организатор на истата. Овој тренинг беше од особен интерес за нас младите, пред се поради темата “ Социјално претприемништво” кое во нашата држава е оскудно и не постои адекватна основа да биде развиено , но сме особено среќни што токму во Полска сретнавме извонредни интелектуалци, предавачи и луѓе кои го задржаа нашиот фокус и успеаа да не поттикнат да размислуваме за подигнување на свеста за социјална инклузија во Република Македонија. Тренинзите се одвиваа во четири модули секој ден и вклучуваа креативни работнилници, предавања од стручњаци, посета на социјални претпријатија, споделувања искуства со представници од другите земји и разработка на законските можности. Финалниот продукт  и крајната цел на тренингот беше креирање методи и алатки кои ќе ни помогнат да го имплементираме целото наше знаење во иднина во насока да подигнување на свеста за социјално претприемништво во нашата земја.” Фотографии може да погледнете на http://bit.ly/TourinPolandTC

Вести, Медиа

Зошто продажбата е важна – Сител ТВ

Обучувачот за продажба – Зоран Витанов, и организаторот на обуката за продажни техники и вештини – Јован Сталевски, учествуваа во прилогот на Телевизија Сител за важноста на продажбата во економијата на една држава и зошто е важна едукацијата во овој сектор. [embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=sy0wJHCVikQ[/embedyt]

Вести

Креиравме 8 нови бизниси во соработка со АППРМ, АВРМ, МТСП и УНДП

Консултанти од ЦЕФЕ Македонија во првата половина на 2017 година креираа 8 бизнис планови за нови претприемачи од Пелагониски Регион. Осумте бизниси ќе донесат нови 10 вработувања во регионот. Секторите во кои што работат се: угостителство – кафе бар, трговија – бутик за жени, стоматологија, трговија со алати, фризерски салон, бутик за трендовска облека, откуп и преработка на печурки и градежнички услуги. Агенцијата за поддршка на претприемништвото на Македонија ги ангажира нашите консултанти да го изработат нивниот бизнис план за кој што претприемачите апликанти добија грант во износ од 4.000 евра. Агенцијата за Вработување на Македонија заедно со УНДП ги ангажираа нашите обучувачи да реализираат обуки за самовработување во Скопје, Струга, Битола и Прилеп на кои учествуваа повеќе од 150 потенцијални претприемачи. Додека пак Министерството за Труд и Социјална Политика ги обезбедија потребните средства за финансирање на програмата за самовработување која функционира веќе една деценија и преку која се имаат отворено преку 7000 нови бизниси во цела Македонија.

Вести

Нови претприемачки и лидерки за Македонија

ЦЕФЕ Македонија и нашите обучувачи беа ангажирани да реализираат обуки за (само)вработување и тимска работа и лидерство за потребите на проектот Самовработување на самохрани мајки. Овој проект е имплементиран и организиарн од Институт за менаџмент поддршка, Бизнис Конфедерација на Македонија – Business Confederation of Macedonia и Асоцијација на бизнис жени на Македонија. Обуките за самовработување се одржуваа во Скопје (3-5 јули 2017), Штип (7-8 јули 2017) и Битола (14-15 јули 2017). Учесничките разработија своја бизнис идеја во форма на бизнис план како и ги подобрија своите вештини за пишување на биографии и пропратни писма. Фотографиите од обуките погледнете ги тука. Обуките за лидерство и тимска работа се одржуваа во Скопје (5-7 јуни 2017), Штип (09-10 јуни 2017) и Битола (16-17 јуни 2017). Учесничките добија вештини за водење на тим, препознавање и употреба на соодветен лидерски стил, вештини за комуникација, решавање на проблеми, водење состаноци и градење на тим. Најинтересните моменти од обуките за лидерство и тимска работа се тука. Проект: The Single mother – SelfEmployment programme Поддржан од: European Union – EU

Вести

Продажбата е најскапо платена професија во светот!

Дека вработените во секторот на продажба се најскапо платените, го докажува резултатот. Кога успешно ги продаваме нашите производи тоа носи живот во сите компании. Не за џабе се вели дека додека не продадеме ние немаме бизнис! Дека продажбата ги решава сите проблеми, беа доказ и многуте пактични вежби кои што учесниците ги искусија за време на обуката за Продажни вештини и техники која се одржа на 13 јули 2017 година во центарот за обуки на ЦЕФЕ Македонија во Скопје. Учеството на 22ца менаџери, продавачи, претприемачи и студенти од придонесе за успешно остварување на целите на оваа обука и за размена на искуства и развој на бројни дискусии и дилеми околу начините и техниките на продажбата, поттребите на клиентите, различните стратегии и лични успеси и неуспеси околу продажниот процес. Интересно е тоа што преку реални студии на случај од присутните компании, се влечеа заклулчоци за следниве теми: • Што е продавањето, • Кои елементи водат до продажба, • Карактеристики на успешен продавач, • Дали грижата за корисниците е битна, • Комуникација при продажба, • Дали е добро или не да се соработува со конкуренцијата, • Стратегии на продажба Обучувачот, Зоран Витанов, комплетно ја употреби ЦЕФЕ методологијата за на најпрактичен начин да ги зајакне вештините на учесниците за продажба. Погледнете ги возбудливите моменти од обуката во албумот на нашата Фејсбук страна Благодариме на Телевизија 24 што медиумски го покри настанот. Повелете разговорот со претседателот на нашата организација Јован Сталевски Благодарност до ТВ Сител за прилогот кој го сними со ЦЕФЕ обучувачот Зоран Витанов, за состојбите и потребите на продажбата како професија.

Вести, Медиа

Гостување во Македонија Денес на Телевизија 24

Зошто обука за продажба? Кои се вештините и техниките кои што се потребни на успешните продавачи? Која е мисијата на ЦЕФЕ Македонија? Ова беа само дел од прашањата коишто ги разговараа водителките на емисијата „Македонија Денес“ на Телевизија 24 со претседателот на ЦЕФЕ Македонија – Јован Сталевски. Целосното интервју погледнете го на овој сајт.