Вести

Вести

Како да ги развиете претприемачките компетенции – “Месец на претприемаштвото“

Претседателот на ЦЕФЕ Македонија Јован Сталевски на покана Студентискиот парламент при Факултетот за електротехника и информациски технологии Скопје одржа свое предавање на 13-ти Февруари како дел од „Месец на претприемаштво“. Во рамките на месец Февруари се организираат предавања, работилници и панел дискусии, од успешни претприемачи кои ја споделуваат својата приказна и своето искуство за реализација на бизнис идеи. Јован го претстави своето лично искуство како неформалното образование ја поттикна и разви неговата претприемачка кариера, а посебно искуственото учење преку ЦЕФЕ методологијата преку која ги разви и зацврсти претприемачките компетенции. На интерактивен начин на присутните им ги презентира предностите на оваа методологија и како истата веќе наназад повеќе од 20 години креира успешни претприемачи. Целта на настанот е да се поттикне претпримачкиот дух кај студентите од техничките факултети, кои ќе добијат мотивација своите идеи да ги претворат во реалност. Повеќе слики на: фејсбук страната на ФЕИТ.

Вести

ЦЕФЕ како иновативен метод во образованието

Зоран Витанов, еден од основачите на ЦЕФЕ Македонија беше обучувач во обуките за иновативни методи во образованието кои ги организира Универзитетот Американ Колеџ Скопје. Тренинзите се одржуваа во четири средни училишта во Скопје во текот на Јануари. Овие обуки имаат за цел да ги обучат наставниците како активно да ги вклучат учениците во образовниот процес преку иновативни методи и на тој начин да се градат личности со проактивен карактер кои ќе бидат предводници на важни промени во општеството. Витанов пред наставниците ја објасни ЦЕФЕ методата, која е развиена пред 25 години од страна на германската држава за поттикнување и развој на претприемаштвото. Со оглед на тоа дека методологијата се базира врз учење преку искуство, истата доколку се применува во образованието би придонесла кон креирање на идни генерации на претприемачи. Покрај тоа Зоран во својата обука нагласи дека со ЦЕФЕ методата се поттикнуваат лидерските карактеристики кај учениците и тие стекнуваат вештини и знаења кои ќе бидат многу корисни за нивниот професионален развој во иднина. Преку ваквите обуки за средните училишта, уште еднаш се докажува дека ЦЕФЕ методологијата е потребна да се применува во образованието со оглед на веќе успешните резултати од нејзината употреба од многу земји во светот. Повеќе може да прочитате на веб страната на Иновативност.

Вести

Покана за вебинар за пристап до финансии

  Повелете на вебинар за финансирање на бизниси со потенцијал за глобалниот пазар. Вебинарот е на англиски јазик бидејќи е наменет за компании со интернационален фокус.   За да се регистрирате кликнете го следниот линк: https://attendee.gotowebinar.com/register/6543947235070873092

Вести

Што развивме ново за развој на претприемништвото

Тимот на ЦЕФЕ Македонија со нови идеи во првите месеци од 2016-та година. Како резултат на нашите континуирани заложби за креирање на нови генерации на претприемачи, секогаш чекориме заедно со вашите потреби, согледувајќи ги предизвиците со кои се соочувате. Во таа насока, оваа година за ЦЕФЕ Македонија тимот започна со брзо темпо. Ги конвертиравме потребите на претприемачкиот еко систем во проектни идеи, кои во следниот текст ги споделуваме со вас. Воедно ве каниме да ни дадете ваши предлози, повратни информации – заедно да ја продолжиме соработката и во 2016-та. Што сакаме да постигнеме со новите проекти кои ги аплициравме во текот на Јануари и почетокот на Февруари? Развој на идни ЦЕФЕ тренери – проект за нивно водење и менторирање, како и и ширење и зајакнување на ЦЕФЕ мрежата на соработници во 12 земји од Европа (ЕУ Еразмус плус фонд, К1) Нови генерации на претприемачи – Нашата иницијатива на проектот “Инвестирај“ прерасна во проект за Пан Европски масивен онлјан курс со студии на случај за претприемачките еко системи во Шпанија, Турција, Италија, Литванија, Бугарија, Македонија и ЕУ генерално. (ЕУ Еразмус плус фонд, К2) Промоција и развој на практиканството – проект за Македонија, Литванија, Бугарија, Турција и Хрватска со цел што повеќе фирми да ги препознаат предностите на ангажирање на практиканти, а младите да ги унапредат своите работни вештини за полесно вработување. (ЕУ Еразмус плус фонд, К3) Зајакнување на дијалогот меѓу младите и носителите на економски одлуки – Целта на проектот е да се зголеми свесноста за заеднички дискусии во однос на развој на претприемаштвото во Македонија. (ЕУ Еразмус плус фонд, К3) Нови можности за вработување на социјално ранливи категории граѓани – како до полесно вработување, како до поддршка? Проект финансиран од ИПА програма-фонд во Италија, одобрена концепт нота.

Вести

Oбука за бизнис вештини, како дел од иницијативата Битола Сака Претприемачи

ЦЕФЕ Македонија покрена нова иницијатива „Битола сака Претприемачи“ чија цел е усовршување на компетенциите на младите во Македонија и насочување на нивните таленти за развој на нашето општество. Во рамките на оваа иницијатива ќе се одржуваат  циклус на обуки за претприемништво и првата обука за бизнис вештини ќе биде реализирана месецов. Оваа обука ќе биде интензивен курс по претприемништво, на кој ќе се усовршуваат вештини од генерирање и селекција на идеи, преку организација, маркетинг финансирање, се до креирање на бизнис план и истажување на пазарот. Курсот ќе се одржува по светски познатата ЦЕФЕ метода, што значи вежбите се интерактивни и симулации на реални ситуации кои даваат дополнителна вредност на цело стекнато знаење. Главната цел на овој настан е да ве обучи и да ви даде знаења и вештини за бизнис активности и подигање на свеста на кандидатите за можностите кои ги нуди започнувањето самостоен бизнис. Теми кои ќе се разработата на обуката се: Лични претприемачки карактеристики Генерирање и селекција на идеи Поставување на цели и менаџирање на околина Организација и производство Маркетинг и истражување на пазар Финансирање Креирање на бизнис план Што ќе научете од оваа обука: Како да го препознаете својот претприемачки капацитет Како да воспоставите мрежа на бизнис контакти Да ги разберете клучните структури и принципи на претприемачкото планирање Да ги разбирете основните принципи на фнкционирање на пазарната економија Да знаете како да го проценувате вашиот удел на пазарот Да го препознаете влијанието на окружувањето врз вашата работа Да сте свесни за слабите и јаките страни на својата конкуренција Да ги пресметате основните средства Да изготвите биланс на состојба Да постигнете подобри резултати во водењето на компанијата, користејќи инструменти за финансиска анализа и планирање.   Обуката е дизајнирана да се реализира во четири дена, а целите ќе се постигнат во шест сесии составени од практични и интерактивни вежби и минимум теоретско предавање. Кој ќе не обучува?  Сесиите ќе ги водат по два ЦЕФЕ тренери, кои во текот на целиот процес заедно со групата ќе бидат набљудувани од страна на ментор со долгогодишно искуство како тренер и бизнис консултант. КОГА ќе се одржува?  Од 24 до 27 Февруари 2016 година. 24, 25 и 26 сесиите ќе траат од 16:00ч до 20:00ч. На 27ми  од 14:30 до 18:30ч.   КАДЕ? Просториите на Младински Културен Центар (МКЦ) – Битола Што добивам дополнително? Секој кој што успешно ќе ја заврши обуката (активно присуство на најмалку 80% од обуката) се стекнува со сертификат издаден од ЦЕФЕ Македонија и потпишан од обучувачите; Материјали во печатена и електронска форма; Листа на контакти за ваше идно вмрежување и соработка; Погледнете дел од атмосферата на ЦЕФЕ обуки: https://www.facebook.com/media/set/?set=a.1021800674532646.1073741851.669733173072733&type=3 https://www.facebook.com/media/set/?set=a.10150177029842465.265390.62185562464&type=3 https://www.facebook.com/media/set/?set=a.149198888596348.1073741832.106437769539127&type=3 https://www.youtube.com/watch?v=k6jbQzoydsk ВАЖНО: Обуката ќе се одржува во група од 20 членови, местата се ограничени. Колку треба да инвестирам за себе? Реалната цена на чинење за овој тип на обука е 700 евра по учесник. Согласно целите на иницијативата и мисијата на ЦЕФЕ Македонија оваа обука ќе ви биде овозможена со инвестиција од само 1000 денари* во основни трошоци!!! Како да се пријавам? Пријавување со пополнување на електронската пријава со целна дознака „Обука за бизнис вештини“ до 22 Февруари 2016 година. Повеќе информации на:  elena.g@cefe.mk ; info@cefe.mk Контактите на организаторот на настанот од ЦЕФЕ Македонија: Елена Гагачева 078/201-854, 075/257-075. Ве молиме, Вашето присуство да го потврдите со уплата од 1000 денари* на долната сметка најкасно до 22 февруари 2016 година. Банкарски податоци: ЦЕФЕ Македонија НЛБ Тутунска Банка АД Скопје Жиро сметка број:  210 063 771 060 147 Адреса: ЦЕФЕ Македонија „Никола Парапунов“ 33/57, 1000 Скопје Република Mакедонија Цел на дознака: Обука за Бизнис Вештини * Во случај на поголем број пријавени кандидати ЦЕФЕ Македонија го применува принципот „first come – first served“ (во случајот: прв пријавен – прв услужен). Во политиката на работа на ЦЕФЕ Македонија нема исклучоци при плаќањето на надомест за учество доколку лицето отсуствува на дел од обуката или е претставник од здружение на граѓани.