Вести

Вести

„Битола сака претприемачи“ но и битолчани сакаат да бидат претприемачи

Иницијативата „Битола сака претприемачи“ успешно започна со првата реализирана обука за бизнис вештини. Обуката се одржа од 24 до 27 февруари годинава во просториите на МКЦ Битола. Присуствуваа над 20 учеснициод повеќе градови од најразлични професии, лица кои имаат бизнис и идни претприемачи. Обуката се реализира по ЦЕФЕ методата која ја спроведоа обучени тренери од ЦЕФЕ Македонија. Карактеристично за оваа метода е што е искуствена метода, односно поуките излегуваат после искуствените активности на учесниците. Истата постојано се докажува како многу успешена низ многу земји во светот за креирање на идни генерации на претприемачи и раст на веќе постоечките. Во текот на четири дена се разрабтуваа теми во согласност на еден бизнис план, со цел учесниците да можат стекнатите вештини да ги применат при реализација на нивната бизнис идеја. Модули кои се обработуваа опфаќаа теми од личност на претприемачот, формирање цели, генерирање и евалуација на идеи, маркетинг и пазар, опкружување, праг на рентабилност и трошоци и реалност. Целта на оваа обука, а воедно и на целата иницијатива е да се поттикне проактивноста, пред се кај младите луѓе кога е во прашање нивното вработување, односно да се охрабрат и обучат младите како посигурно да пристапат кон самовработување со реализација на своите идеи. Додека за постоечките претприемачи ова претставува ретка шанса да ги усовршат своите вештини за поуспешно водење на нивните бизниси. Еве некои изјави на учесниците Обjавувањето обука од ваков вид е секако позитивно за сите кои би сакале да стекнат барем минимум познавања на основите или ориентираност низ светот на претприемништвото. Позитивната атмосфера и ентузијастичкиот дух на учесниците само го подобруваат методот на работа и во голема мера придонесуваат кон крајниот резултат. Организирањето вакви обуки во поголем обем и фреквентност би било идеално за сите кои се пронаоѓаат или сметаат дека ќе се пронајдат во овие води. – Бојан Груевски   Одлично конципиран метод за воведување во претприемачката сфера. Метафората  беше на ниво на задачата и одлично ја обави својата улога за преку наједноставна логичка поврзаност да ја долови главната цел на клучните сегменти од претпремништвото. – Радица Стевановиќ   Од лично гледиште, обуката на иницијативата “Битола сака Претприемачи”, беше едно од најдобрите искуства, проследено со одлична комуникација помеѓу учесниците, со стекнување на крајно полезни, истовремено фундаментални вештини за структурирање и одржување на успешен бизнис, како и со неизмерна професионалност на самите фасилитатори од ЦЕФЕ Македонија на кои искрено им сум благодарен за нивната безрезервна посветеност за зајакнување на претприемачката култура на ова поднебје.  Бојан Дранговски Иницијативата „Битола сака претприемачи“ продолжува во текот на целата година, со организирање на бројни активности кои го поддржуваат развојот на претприемаштвото пред се на територија на општина Битола, но и пошироко во целата држава. [Best_Wordpress_Gallery id=”10″ gal_title=”obuka_bitola_saka_pretpriemaci”]

Вести

ЦЕФЕ – член на Националниот Младински Совет на Македонија

Во саботата, на 28-ми Февруари во Скопје, делегатите на Собранието на Националниот Младински Совет на Македонија (НМСМ) ја усвоија одлуката ЦЕФЕ Македонија да влезе во редот на полноправни членови. Претходно, претседателот на ЦЕФЕ, Јован Сталевски одржа презентација за работата на организацијата, активности и идни планови. НМСМ е платформа која ги претставува интересите и потребите на младите луѓе во Македонија како линк со сите засегнати страни и која обезбедува вклучување и активно учество на младите во процесот на донесување одлуки на секое ниво.

Вести

Објавена првата епизода за Македонија од аудио проектот: Beyond Silicon Valley

Како дел од последователните активности на проектот “Зошто да одите во странство, кога може да останете и да инвестирате во вашата држава“ ЦЕФЕ учествуваше во аудио проектот на Проф. Michael Goldberg од Case Western University Ohio за импактот од следењето на онлајн курсот: “Beyond Silicon Valley-Growing Entrepreneurship in Transitioning Economies”. Првиот аудио запис од серијата “Beyond Silicon Valley podcasts” кој се однесува на Македонската претприемачка приказна е објавен и може да го слушнете на следниов линк: https://soundcloud.com/case-weatherhead/beyond-silicon-valley-macedonia Во рамките на овој запис следат интервјуа со тимот на ЦЕФЕ – Јован Сталевски, Елена Стојановска, сопственикот на програмерската компанија iSource Владимир Робевски и Steven Koltai кој е поранашен раководител на Глобалната Програма за Претприемаштво на US State Department. Подкастот на интересен начин ги прикажува состојбите со претприемаштвото, предизвици во Македонската економија, импактот од следењето од гореспоменатиот онлајн курс и како истиот се разви во проект за поддршка на македонските претприемачи. Доколку сакате да дознаете за нови приказни од други економии, следете ја фан страната на онлјан курсот. На овој начин, како успешен пример од Македонија, ЦЕФЕ раскажува за успесите и позитивните искуства од проектот “Инвестирај“ пред аудиоторум од целиот свет.

Вести

Регионален натпревар „Млади претприемачи“ во Битола

На 27-ми Февруари се одржа регионален натпревар за „Млади претприемачи“ во организација на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ и СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ – Битола каде се натпреваруваа тимови на средношколци од неколку градови во регионот. Организаторите на натпреварот поканија преставник од ЦЕФЕ Македонија да биде дел од Комисијата за оценка на бизнис решенија на учениците, која беше составена од претставници од Славјанскиот Универзитет и Техничкото Училиште. Задачата на тимовите беше да предложат решение за модел на стипендирање за Славјанскиот Универзитет кој би бил најинтересен и најпривлечен за идните студенти. Вкупно се натпреваруваа 9 тимови кои презентираа интересни и креативни идеи, а на крајот за победниците имаше вредни награди. Напреварот се одржуваше во просториите на Техничкото Училиште.

Вести, Општо

Call for quality monitoring and evaluation expert

Се повикуваат сите кои имаат релевантно искуство во контрола на квалитет, мониторинг и евалуација да достават понуди за  вршење на тие функции во рамки на проектот „Глобална Размена и Тренинг за Младински Услуги за Вработување“ ГЕТ ЈЕС. Проектот е кофинансиран од Европската Комисија преку прогрмата за мобилност и едукација Еразмус+. Повикот е на англиски и ви го доставуваме во целост. Terms of reference QUALITY CONTROL AND MONITORING EXPERT Рокот за пријавување е отворен до 15ти март 2016 година.

Вести

Студиска посета на Инкубаторот Barcelona Activa

ЦЕФЕ секојдневно ја проширува мрежата на соработници, овој пат претседателот Јован Сталевски на 18-ти Февруари беше во студиска посета на Инкубаторот во Барселона. Во рамките на оваа посета беа презентирани услугите и програмите кои ги нуди Инкубаторот, начинот на функционирање, структурата на финансирање и успешни приказни. Овој Инкубатор успешно работи скоро 30 години и околу 70% од неговите финансии потекнуваат од страна на Општината која на овој начин придонесува кон креирање на нови работни места и развој на локалната економија. Исто така се дискутираше за соработка на Инкубаторот со ЦЕФЕ Македонија, нови можности, заеднички партнерства и учество во заеднички проекти. Претставниците на Инкубаторот ја искажаа својата подготвеност за трансфер на знаења и искуства од нивната работа.