ЦЕФЕ секојдневно ја проширува мрежата на соработници, овој пат претседателот Јован Сталевски на 18-ти Февруари беше во студиска посета на Инкубаторот во Барселона.
Во рамките на оваа посета беа презентирани услугите и програмите кои ги нуди Инкубаторот, начинот на функционирање, структурата на финансирање и успешни приказни. Овој Инкубатор успешно работи скоро 30 години и околу 70% од неговите финансии потекнуваат од страна на Општината која на овој начин придонесува кон креирање на нови работни места и развој на локалната економија.
Исто така се дискутираше за соработка на Инкубаторот со ЦЕФЕ Македонија, нови можности, заеднички партнерства и учество во заеднички проекти. Претставниците на Инкубаторот ја искажаа својата подготвеност за трансфер на знаења и искуства од нивната работа.



