Вести

Вести

Повик за истражувачи за најдобри практики во претприемништво

CEFE Macedonia and its patners, in the frames of the project “Global Exchange and Training for Youth Employment Services” (GET YES), announces a call for research experts. The assigned experts are expected to map and present the current situation of best practices on supporting and development of entrepreneurship in the partner countries: Germany, Macedonia, Chile, Jamaica and Philippines. The call is open till 25.02.2016 for all interested parties. Please consult with Terms of reference – Best Practices Research Terms for more concrete information on the scope of services, asked methodology, required experts and the ways of application and possible cooperation. Thank You in advance for your interest. Please contact us for any comments or feedback at info@cefe.mk  

Вести

Иницијативите и резултатите на ЦЕФЕ Македонија видливи за целиот свет

Претходната седмица, матичната канцеларија на ЦЕФЕ Интернационал од Германија, до сите свои контакти низ целиот свет испрати ЦЕФЕ Панорама/2015 (http://cefe.net/sites/default/files/CEFE%20International%20Panorama%202015.pdf), односно преглед на активностите на ЦЕФЕ структурите низ целиот свет за изминатата 2015 година. На 24та и 25та страна се најде новата иновативна иницијатива на Цефе Македонија, за првпат да се воспостави меѓуконтинентална соработка на 5 ЦЕФЕ партнерски организации од 4 континенти и заедно да работат на полето на вработување на младите во светот.  Во овај проект се вклучени партнерските организации на ЦЕФЕ од Чиле, Јамајка, Филипини, Германија и Македонија. Благодариме на нашите партнери во овој проект за издржаноста и мотивираноста да работиме заедно на решавањето на проблемите со невработеноста на младите. Поддршката што ја добивме за овај проект зборува за препознатливоста на квалитетот на ЦЕФЕ активностите низ целиот свет.

Вести

Формирање на асоцијација на Менаџери на РМ

На 15.12.2015 година, беше одржано основачко собрание на Асоцијација на Менаџери на Република Македонија. Членови на ЦЕФЕ Македонија се дел од основачите на оваа асоцијација, која по успешните практики на соседните земји, за прв пат се формира и во Македонија, со цел соработка и вмрежување на менаџерите од регионот. За таа цел, се одржа прес конференција на Асоцијацијата, на 22.12.2015 година (Вторник), во Хотел Stone Bridge во Скопје, со почеток во 15:30 часот. На истата, беа  претставени деталите за функционирањето на Асоцијацијата на Менаџери, како и нејзината визија, мисија, цели и програма, како сериозен партнер кој ќе даде придонес и еден нов импулс во економскиот и општествениот развој на Република Македонија. На конференцијата присуствуваше г-дин Будимир Раикочевиќ претседател на Асоцијацијата на менаџери на Црна Гора.

Вести

Учество на ЦЕФЕ во проект со аудио записи за прептриемаштвото

ЦЕФЕ продолжува со нови интересни последователни активности на проектот “Зошто да одите во странство, кога може да останете и да инвестирате во вашата држава“. На 17-ти Декември како дел од аудио проектот на проф. Michael Goldberg од Case Western University Ohio тимот на ЦЕФЕ учествуваше во снимање на аудио записи за импактот од следењето на онлајн курсот: “Beyond Silicon Valley-Growing Entrepreneurship in Transitioning Economies”.   Целта на овие аудио записи (podcasts) е да понудат интересна приказна за претприемаштвото во Македонија, односно како тимот на ЦЕФЕ преку следењето на гореспоменатиот онлајн курс дојде до идеја за сличен проект во Македонија, како се развиваше идејата за проектот, кој беше импактот од истиот, соработката со Проф. Goldberg, стана збор и за еден од примерите на успешна соработка во рамките на проектот: “Инвестирај“-програмерската компанија ISource. Владимир Робевски, менаџерот во ISource ја раскажа својата перспектива како проектот “Инвестирај“ им помогна во проширување на хоризонтите за развој на фирмата.   На овој начин, како успешен пример од Македонија, ЦЕФЕ ја раскажува својата приказна за успесите и позитивните искуства од проектот “Инвестирај“ пред аудиоторум од целиот свет.

Вести

Иновативни и неконвенционални модели на финансирање за Македонските претприемачи

По барање на постоечките и идни претприемачи во нашата земја, се одржа уште една екстра ефективна обука на тема „Иновативни и неконвенционални модели на финансирање на мали и средни претпријатија“. Оваа еднодневна обука беше екстензија на проектот „Инвестирај – зошто да одите во странство кога можете да останете и да ја развиете вашата држава“ кој покрена голема заинтересираност кај нашите граѓани за повеќе и подетални информации од различни дејности со кои би ги подобриле перформансите на нивните бизниси. Со оваа обука имавме за цел: да се информираат присутните за над 10 некласични начини на финансирање кои им стојат на располагање на претприемачите да ги мотивира на проактивност во нивното барање и искористување на овие фондови, вмрежување на претприемачите со консултанти и институции кои би им помогнале во овај процес На обуката присуствуваа: студенти, вработени, невработени, потенцијални и постоечки претприемачи, претставници на институции кои го поддржуваат претприемништвото, лидери и претставници на финансиски институции. Во првиот дел од обуката во форма на трибина говорниците зборуваа за состојбата со користењето на некласичните методи на финансирање во Македонија. Факт е дека сме слабо информирани за нивната достапност и поволните услови кои им ги нудат пред се на стартапите, но и на постоечките бизниси кои сакаат да ги унапредат своите процеси. Преку свои лични искуства и државната поддршка докажаа колку се битни овие финансиски модели посебно во почетните фази на бизнисите, каде што ризикот е значително поголем и каде финансиската поддршка е еден од најкритичните моменти за нивен опстанок. Говорници: Зоран Витанов –  Цефе македонија Јанко Тренкоски – КБ Прво пензиско друштво Катарина Кречева – Фонд за иновации и технолошки развој Дека сме слабо информирани и неактивни во процесот на барање стредства за хранење на нашите бизниси ни докажа и г-дин Сем Вакнин, кој во вториот дел од обуката ни презентираше преку 10 форми на некласични модели на финансирање и преку 50 ентитети кои ги даваат овие средства на располагање, а се достапни и за нашата земја. Г-дин Вакнин беше толку прецизен и детален во своето излагање што ни докажа дека не се потребни големи напори, долги чекања и обемна документација со цел да се дојде до финансии. Ја активира нашата проактивност во барањето на средства давајќи ни насоки и отворајќи ги нашите видици многу подалеку од банкарските шалтери. Материјалите кои г-дин Сем Вакнин ги издвои за оваа обука, по негов предлог да се објават јавно и на наше задоволство, можете да ги најдете на следниот линк: http://samvak.tripod.com/nm01.html Обуката беше видео документирана и наскоро ќе го објавиме и завршниот материјал. За детални информации и консултации за Вашите бизниси тимот на ЦЕФЕ Македонија и обучувачите ви стојат на располагање. Контактирајте не на  info@cefe.mk [Best_Wordpress_Gallery id=”5″ gal_title=”obuka_finansiranje”]

Вести

Уште еден успешен тренинг за ЦЕФЕ обучувачи во Турција

Обучувачи од ЦЕФЕ Македонија (Зоран Витанов и Јован Сталевски) реализираа четиринаесет дневен треннинг за идни ЦЕФЕ тренери во Кајзери, Турција. Обуката се одвиваше од  5ти до 18ти октомври 2015 во комфорен хотел во центарот на градот. Настанот беше дел од проектот „ТоТ и коучинг за идните амбасадори на претприемништвото“ кој е финансиран од Еразмус+  програмата на Европската Унија и координиран од LIFOS Youth Group од Кајзери. Активно работејќи обучивме 22 идни претприемачи/обучувачи од 11 европски земји: Македонија, Италија, Романија, Холандија, Шпанија, Полска, Естонија, Грција, Турција, Бугарија и Словачка. Важно е да споменеме дека претприемачката култура расте и ја промовираме не само во Македонија, туку и низ  цела Европа.  За еден претприемач, таа е неопходна да се негува и развива што беше и главната цел на тренингот во Кајзери. Се фокусиравме на надградување на вештините и карактеристиките на начинот на размислување со поттикнување на креативноста, преземање на пресметан ризик, поттикнување на индивидуални иницијативи, осознавање на силните страни на секоја личност, поигрување со нив, им дадовме моќ на оние кои демонстрираа дека се подготвени за повеќе одговорности, им дадовме право на сопствени одлуки и ресурси. Исто така им овозможивме услови и можности за тренинг и едукација за да им помогнеме да се развијат. Следејќи ги однесувањата на учесниците како и резултатите од крајната евалуација на обуката, ние гордо можеме да кажеме дека резултатите се многу позитивни. Впрочем 95% од групата искажа потполно задоволство од обуката. Учесниците се запознаа со турската култура, го истражуваа пазарот за иден бизнис во околината на Кајзери. Многумина од нив го „скршија мразот“ со тоа дозволувајќи си да го отворат умот за нови идеи,  да ги победат нивните стравови и ги надминат бариерите. На крај од обуката учесниците беа мотивирани со нови идеи за идни проекти и соработки на Европско и светско ниво. Организациите кои што учествуваа ќе формираат партнерски конзорциум со кој заеднички ќе аплицираат за фондови за предвидените програми за јакнење и промовирање на претприемништвото низ Европа. Еве што кажаа дел од учесниците: На почетокот мислев дека ќе биде само уште еден обичен тренинг, но пристигнувањето во Кајзери, Турција и работењето на проекти цели четиринаесет дена го сменија мојот живот. Сите бариери, граиници, стравови ги оставив позади мене. ТоТ Цефе тренинг го смени мојот живот и моите гледишта кон мојата иднина, како отворање на мој бизнис. Им препорачувам на сите кои сакаат да станат претприемачи и да направат промени во светот, да присуствуваат на треинизи како ТоТ Цефе, затоа што јас сум доказ дека луѓето можат да се сменат.   (Моника Брзовска Петковска-Македонија)     Обуката за обучувачи во Кајзери беше како качување планина. На почетокот немаш ништо освен торба полна соништа. Со секој поминат ден, искачуваш нов рид, откриваш нови работи за себе. Сретнуваш луѓе по патот, кои ти стануваат пријатели, ги споделуваш своите соништа со нив и тие те охрабруваат да ги исполниш. Како што се приближуваш до врвот, ги надминуваш своите граници и го даваш најдоброто од себе да се искачиш, излегуваш од својата комфорт зона, им помогаш на новите пријатели со нивните тешкотии на патот и одеднаш на работите околу тебе гледаш на друг начин. Можеш да видиш како светот околу тебе се менува. И конечно стигнуваш таму горе, на самиот врв. И баш таму, откриваш дека всушност пред тебе има сосема нов свет. Најтопло препорачувам, одете на ЦЕФЕ тренинг и откријте нов свет за вас.   (Косара Перчинкова – Македонија)     Пред неколку дена сфатив дека дури и некои од моите блиски пријатели, немаа поим што се случуваше во мојот живот во последниве месеци… На кратко, одлучив да не продолжам со мојата кариера како адвокат, барем не за сега. Имав голема среќа да ја имам  можноста да одам на интернационални тренинг курсеви. Таму се заљубив во искуственото учење, открив многу за себе и дадов голем дел од моето срце на многу неверојатни луѓе кои ги запознав. Сега барам можности за започнување на бизнис. Имам неколку идеи и веќе почнав да работам на една од нив. Идеи, совети, соработки, предлози итн се многу добредојдени. Ах, да во врска со моливот. Го скршив со показалецот. Добро, откако два или три пати не успеав и плачев заради тоа. Но сега, немам пречки!   (Мариа Касепалу- Естонија)