Вести

Вести

Развој на бизнис идеја и претставување пред инвеститори

На 19 април 2024 година, во просториите на Универзитетот за Информатички Науки и Технологии „Св Апостол Павле“ во Охрид ученици од средни стручни училишта од Естонија, Турција и Македонија, ги претставија своите бизнис идеи пред жири комисија и потенцијални инвеститори. Пичинг сесијата се одржа како дел интернационалната обука за 20 средношколци кои своите идеи ги развиваа во последните 5 месеци. Учесниците имаат претходни предзнаења во добивање на бизнис вештини, преку работилници според ЦЕФЕ методологијата во нивните земји и училиште, водени од нивните ментори – професори.  Бизнис идеите кои беа претставени од тимовите беа:  Тимовите беа менторирани од Мустафа Баха Бајрам, Мехмент Илкај Елмачи, Ирена Ралева Најдевска, Велентина Тодороска, Тиит Тул и Весна Ефремова. Жири комисијата беше составена од професори и експерти од областа на бизнис планирање: проф. Устијана Речкоска Шикоска, проф. Александар Карадимче, Јован Сталевски и Елена Гагачева. Овој настан е во рамки на Еразмус + проектот „Зајакнување на претприемачките способности на практикантите во стручните училишта“, кој е поддржан од Турската агенција за европски мобилности. Главната цел на проектот е да придонесе со новитети во стручното образование во Турција, Македонија и Естонија преку јакнење на меките вештини и претприемачкте компетенции на практикантите преку обуки, работилници, размена на добри практики меѓу државите како и изработка на нови едукативни материјали. 

Вести

Интернационална обука за развој на бизнис идеја и претставување пред инвеститори

Од 15 до 20 април 2024 година, во Струга се одржува интернационалната обука за 20 средношколци од стручни училишта од Македонија, Турција и Естонија. Целта на обуката е учесниците да ја истражат и развијат својата идеја и да ја претворат во можност за презентација пред инвеститори. Дополнителна цел е младите да симулираат остварување на бизнис идеја преку микро бизнис игра каде што ќе ги искусат сите елементи што треба да ги испланираат при нејзина реализација: создавање на производ, формирање на цени, спрваување со конкуренција, стратегии за набавки и односи со купувачите, прогнозирање и планирање на продажба, процес на организација и производство, трошоци, финансиски текови и согледување на биланси. Учесниците имаат претходни предзнаења во добивање на бизнис вештини, преку работилници според ЦЕФЕ методологијата во нивните земји и училиште, водени од нивните ментори – професори. Бизнис идеите на учесниците се поврзани со струките што ги учат во нивните училишта како (електроника, угостителство, ветерина, мехатроника, информатички технологии, преработка на храна и др.). Во првите два дена учесниците имаа тим билдинг активности каде што се запознаа и соработуваат меѓу себе во развојот и оценувањето на нивните бизнис идеи. Потоа тие беа воведени во симулацијата за микро бизнис од страна на фасилитаторките Валентина Тодороска и Весна Ефремова. Следен дел ќе бидат работилници за оформување на комполетна бизнис идеја и подготовка за презентација пред потенцијални инвеститори. Работилниците ќе ги водат менторите од Турција (Мустафа Баха Бајрам и Мехмент Илкај Елмачи) и Естонија (Тиит Тул).  Последниот дел од обуката е пичинг пред жири комисија, а ќе се одржува во просториите на Универзитетот за Информатички Науки и Технологии „Св Апостол Павле“ во Охрид. Благодарност до координаторката на обуката Велентина Тодороска од ЦЕФЕ Македонија, проректорката Устијана Речкоска Шикоска и професорите од универзитетот, професорките Ирена Ралева Најдевска од ЕМУЦ Св. Климент Охридски и Весна Ефремова од СОУ Љупчо Сантов – Кочани, за соработката и претставувањето на Македонскиот тим како одлични домаќини. Оваа обука е во рамки на Еразмус + проектот „Зајакнување на претприемачките способности на практикантите во стручните училишта“, кој е поддржан од Турската агенција за европски мобилности. Главната цел на проектот е да придонесе со новитети во стручното образование во Турција, Македонија и Естонија преку јакнење на меките вештини и претприемачкте компетенции на практикантите преку обуки, работилници, размена на добри практики меѓу државите како и изработка на нови едукативни материјали. Главен координатор на проектот е МЕСВАК од Анкара, Турција. Фондација која преку 20 години ги поддржува претприемачите од стручните училишта за економски развој на Турција. Покрај ЦЕФЕ Македонија други партнери на проектот се Развојниот центар на Вору регионот од Естонија кои од 1999 година функционира како соработник на централната и локалната власт на Естонија за систематски развој, вклучително и поддршка на млади претприемачи во Естонија. Последниот партнер на проектот е Директоратот на Национална Едукација од Анкара (АДНЕ), кој е втора најголема институција за образование после министерството за образование на Турција која ги извршува сите активности во основното и средното образование (вклучително и стручното образование).

Вести

Самонасоченото учење има моќ да ги вклучи младите во доживотна едукација

Од 01 до 08 април 2024 година, во Измит, Турција, тимот на ЦЕФЕ Македонија учествуваше на тренинг за тренери кои ќе користат принципи и алатки на менторство и самонасочено учење (СДЛ) за млади кои не се во образование а ниту вработени (НЕЕТ). Валентина Тодороска, Маја Давкова, Борјан Исајловски, Елена Гагачева и Јован Сталевски, во 2023 и 2024 година работеа на Еразмус+ проект за „Самостојно учење за невработени млади“ и беа вклучени во активности кои дадоа резултати и алатки за работа со младите кои не се во образование а ниту вработени.  Тренингот во Измит, имаше за цел да изгради капацитети кај менторите и социјалните работници да можат да обучуваат други претставници на организации кои работат со млади кои не се вработени ниту во едукација, и да им го пренесат методот на интервенција и алатките кои беа креирани во проектот. Обучувачи на тренингот беа г-ѓа Керли Коив, истражувач и академик на универзитетот во Тарту, Естонија , г-ин Мустафа Ердоган, од Центарот за искуствено учење од Истанбул и Јован Сталевски, мастер обучувач од ЦЕФЕ Македонија. Во периодот октомври – декември 2023, тимот на проектот, менторираше 10 млади лица од Македонија во поставување на нивните професионални и животни цели, осознавање на нивните методи и стилови на учење како и поттикнување за совладување на проблеми и препреки. Во декември 2023, во Струга, одржаа камп за себенасочено учење за 40 млади од Естонија, Малта, Турција и Македонија, каде што младите можеа да споделат искуства и да се споредат во нивните достигнувања, стилови и однесувања кон учењето. Во јануари и март 2024 менторите продолжија да работат со младите, а резултатите што се постигнаа се:  40% од нив се вработија, 80% пристапија кон едукативни активности од неформално или формално образование и секако вмрежувањето и долгорочното дружење кое го стекнаа со пријателите од другите земји. Следно каде што ќе се промовира овој метод на самонасочено учење за млади е во Св. Николе, во локалното училиште во Ерџелија, каде Маја Давкова ќе промовира до наставниот кадар, и на завршен настан за мултипликација на резултатите во Скопје на средина на јуни 2024 година. Сите заинтересирани за настаните, како и за методите за работа со младите кои не се вработени и не се во едукација може да не контактираат на info@cefe.mk и t.valentina23@gmail.com

Вести

Имаме нови колеги – обучувачи во Европа

Нови 12 обучувачи кои користат искуствено учење ни станаа колеги во 2024 година. Доколку  сакаме да го промениме образованието во светот, ни требаат се повеќе едукатори и обучувачи кои ќе ја користат моќта на искуственото учење.  Од 18 до 23 март, во Жежув, Полска, заврши циклусот на стандардизација и обука на новите обучувачи кои доаѓаат од Полска, Турција, Украина, Хрватска, Холандија и Ерменија. Организатори на овој настан беа тимот од „Фондацијата за Европска Соработка“ од Полска. Обучувачите ги усовршуваа своите компетенции за обучување во периодот 2023 и 2024 преку процес од 4 фази: Обука за обучувачи во јуни 2023 во Полска; Онлајн курсеви за теориите на искуствено учење; Менторство во спроведување на обуки на други лица (вкупно 200) во нивните локални средини, но и на интернационално ниво, во рамки на Еразмус+ програмата; Состаноци за рефлексија, оценување и подобрување со нивните ментори (Јован Сталевски, Мустафа Ердоган, Волкан Мудерисоглу); Секој од обучувачите поседува соодветно техничко знаење и искуство од својата област (пример: вештачка интелигенција, проектен менаџмент, човекови права и демократија, граѓанско учество, политики и лобирње, кариера и др…), додека во овој процес тие ги стекнуваа и усовршуваа своите обучувачки компетенции како да ги пренесат своите знаења и искуства на нивните целни групи граѓани.  Овој процес  им овозможи интернационална сертификација од „Интернационалната мрежа за искуствено учење“ – ИЕЛН. Мрежата е легален ентитет кој е регистриран во Естонија и има визија да ги обедини сите обучувачи и едукатори кои користат искуствено учење во нивната работа. Со заедничка мисија, да го подигнеме образованието во светот на повисоко ниво каде луѓето ќе добиваат компетенции, а не само знаење. Основачи на ИЕЛН се лица и организации од Естонија, Турција, Портигалија, Малта, Полска, Словенија, Грција и ЦЕФЕ Македонија од Македонија. До сега, во ИЕЛН мрежата, членуваат околу 50 обучувачи, кои се вмрежуваат и споделуваат алатки, литература, совети и информации на онлајн платформата Експерианта. За овој процес на креирање на нови обучувачи, еден од идеолозите и основачите на ИЕЛН мрежата, обучувачот Мустафа Ердоган, коментираше: „Благодарност до организаторите и котренерите Јован и Волкан, што придонесовме да се создадат нови обучувачи, и колеги, а во исто време ИЕЛН мрежата да се прошири, да има нови промотери, и да прави вредност во земјите и регионите од каде што доаѓаат“.  Јован Сталевски, еден од мастер обучувач кој го водеше процесот, коментираше дека ова „патување“ на кое што се вложија новите 12 обучувачи бараше висока мотивација, временска инвестиција, истрајност, подготвеност да се прифатат и падовите и подемите и голема посветеност кон учење. „Им честитам на сите за трудот,  посветеноста и одлучност да ја определат својата кариера како обучувачи за искуствено учење. И голема благодарност и признание за сите што, иако се млади меѓу 20 и 29 години, покажаа професионалност, одговорност и најважно од се посветеност кон квалитетот на обуките за крајните учесници“.  На наше големо задоволство ве информираме дека овој процес на обучување и сертифицирање за обучувачи за искуствено учење го отвораме и во Македонија, преку обучувачите на ЦЕФЕ Македонија и првата обука ќе започне во октомври 2024 година. Сите заинтересирани да не контактираат на +389 78 37 267 и info@cefe.mk, следете ги нашите социјални мрежи за целосниот пакет на информации.

Вести

Национален натпревар за финансиска писменост и конференција за нејзината важност во Охрид

Доколку знаеме дека Македонија, заедно со Романија имаат најнизок коефициент (56%) на финансиска писменост на населението во Југоисточна Европа (57%), ве информираме дека проектот „Финансиска писменост за млади претприемачи“ ФИН ЈЕС, им даде финансиски компетенции на преку 140 млади (средношколци и студенти) од Македонија. Исто така, обучи и преку 20 едукатори, наставници, професори како да обучуваат млади лица за финансиска писменост преку користење на искуствени алатки. Со тоа придонесе да се зголеми финансиската писменост и тоа претежно на целни групи млади и млади кои живеат надвор од главниот град.  За таа цел на 15.03.2024 година, во просториите на Универзитетот за Информатички Науки и Технологии Св. Апостол Павле – Охрид, се одржа завршната конференција од проектот „Финансиска писменост за млади претприемачи“ ФИН ЈЕС која ги промовираше резултатите и даде предлози за натамошно јакнење на финансиската писменост во Македонија. Целта на проектот беше давање на основни финансиски вештини и знаења за водење и организирање на мал бизнис. Како иновативен производ од проектот се тестираа и се воведоа искуствени алатки и гемификација како наставни методи (борд гејм), како и организација на натпревар за финансиска писменост на државно ниво за младите од средните училишта и факултетите. Преку нашите вклучени партнери од образованието (СОУ „Љупчо Сантов“ Кочани; Младинска секција на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ Охрид; Универзитет за информатички науки и технологии „Св.Апостол Павле“ Охрид; Правен факултет при УКЛО – Битола; Економски факултет УГД – Штип; Факултет за земјоделски науки и храна при УКИМ – Скопје; СОУ Гимназија Јосип Броз Тито Битола; ДС Економнско Училиште „Јане Сандански“ Битола; ОСМУ Медицинско училиште „Др. Јован Калаузи“ Битола; Економски Факултет Прилеп; Американските Катчиња во Струга, Штип и Битола; Приватната Гимназија „САБА“ Штип; како и СОУ „Коле Нехтенин„ од Штип;) за нивните вработени овој проект ќе обезбеди и одржливост на наставните методи. Вклучените професори искажаа дека овој начин на работа ги вклучува подеднакво сите ученици и им дава можност самите да истражуваат и заклучуваат, и дека им ја зголемува ефективноста на достава на научените теми. Исто така професорите изјавија дека користењето на алатките ќе го вметнат во секојдневното работење и дека натпреварот сакаат да прерасне во традиционален натпревар за финансиска писменост. Проектот е кофинансиран од Американската амбасада во Скопје, а реализиран од ЦЕФЕ Македонија и нивните партнери и соработници.  Тимот и учесниците на ФИНЈЕС проектот, ги повикува креирачите на национални политики за јакнење на населението со компетенции за финансиска писменост, да се фокусираат на следните предлози: Развивање на клучните вештини за финансиска писменост преку  формалното образование. Теми: буџетирање, планирање и штедење, разбирање на каматите, инфлацијата,  диверзификацијата на ризикот, банкарски производи, разбирање на финансиски биланси и терминологија за водење на мал бизнис. Ова да се прави преку искуствено учење и методи, кое се покажа дека позитивно делува на развој на компетенциите кај младите за финансиска писменост. Политиките и мерките за јакнење на финансиската писменост да се   адаптирани за различни целни групи и нивните специфични потреби. Да се ​​прави разлика помеѓу одредени групи, како жени и постари лица, на кои ќе им треба подобро обезбедување на финансиска едукација и претприемачи, кои ќе бараат различни компетенции, за разлика од потрошувачите. Финансиското знаење на мигрантите и нивните семејства (приматели на дознаки) би требало да се зајакне во некои од земјите во регионот. Охрабрување и создавање на позитивна култура која ќе ги мотивира младите на долгорочно планирање и развивање на ставови за штедење заедно со претпазливо финансиско однесување за да се подобри финансиската отпорност и да се поддржат потрошувачите во исполнувањето на нивните долгорочни цели. (животно штедење, имотно прашање, инвестиција и развој на бизнис, духовно и професионално надоградување, итн…) Препораки за едукатори и организации кои спроведуваат едукација за финансиска писменост:   Користете нови и дигитални алатки за подобрување на финансиската писменост но и на дигиталните вештини кај населението, Користет методи на искуствено учење бидејќи на тој начин се адресираат сите аспекти на компетенциите за финансиска писменост, Мерете секогаш после обука или едукација какви ефекти се поситгнале и не се плашете да иновриате и да се подобрувате Објавете какви резултати постигнувате со вашите едукации за финансиска писменост до различни институции за да се подобри довербата и соработката меѓу различните сектори за заедно да работат на јакнење на финансиската писменост.  

Вести

Јакнење на соработката со стручните училишта во Македонија

На 12.03.2024 година, здружението на граѓани ЦЕФЕ Македонија, претставувано од претседателот г-ин Јован Сталевски и Средното Општинско Училиште „Коле Нехтенин“ од Штип, претставувано од директорката г-ѓа Јованка Шалева, потпишаа документ за разбирање и соработка. Двете организации се договорија да соработуваат во зајакнење на капацитетите на стручното образование и соработка меѓу професорите на СОУ Коле Нехтенин и обучувачите на ЦЕФЕ Македонија, со цел креирање на поквалитетно образование, отворање на нови можности за учењ, искуствени методи на учење и нови пријателства за учениците и младите од Македонија и Европа.  Моментално соработуваме на проектот „Финансиска писменост за млади претприемачи“ кој е поддржан од Американската Амбасада во Скопје.  На 05 и 06 март 2024 во стручното училиште се одржа обука за финансиска едукација преку Микро Бизнис Игри, на која учествуваа 15 учесници и се здобија со вештини и знаења за финансискиот менаџмент и водење на микро бизнис.  Обуката ја водеа професорките Вилма Илиевска и Жаклина Атова, кои се обучувачки во овој проект и учествуваа на обука за обучувачи за микро бизнис игрите во Декември 2023 во Струга. Во училиштето на угостителската струка има околу 100 ученици од целиот регион (Штип, Пробиштип, Св. Николе, Берово, Виница) и беше разговорано да им се претстават резултатите од проектот ВИРТУАЛ, каде преку виртуелни технологии учениците и професорите може да ги подобрат методите на пракса и учење. Исто така за учениците од електротехничката, машинската и угостителската струка се предвидени обуки за претприемачки компетенции преку соработка на Еразмус+ проекти. СОУ “Коле Нехтенин” своите корени ги влече уште од пред Втората светска војна, од т.н. занаетчиско училиште што постоело во тоа време во Штип. Денес има околу 800 ученици од електро-техничка, машинска и угостителско-туристичка струка, кои организирани во 28 паралелки од четиригодишно и тригодишно образование го изучуваат своето занимање, стекнуваат знаења, вештини и умеења во широка и пространа училишна зграда составена од 14 училници, 9 кабинети, спортска сала, машинска работилница и административни простории. Наставниот и останатиот персонал со своето знаење, искуство и пристапност во голема мерка даваат придонес за одвивање на квалитетна и успешна настава. За целосни информации ве покануваме да прочитате на нивната веб страна.