Вести

Вести

Уникатна можност да станете првите Е-ментори за потребите на Европскиот Волонтерски Сервис (ЕВС)

ЦЕФЕ Македонија објавува јавен повик за сите заинтересирани кои сакаат да ја отпочнат или надградат својата Европска кариера во областа на менторинг и онлјан учењето на млади. Што се нуди? Учество во проект од Еразмус+ програмата: „EVS + SVE – Sustainable entrepreneurship Values through E-learning“ кој се состои од повеќе поврзани активности  и мобилности со цел да се идентификуваат и обучат 30 идни е-ментори  кои ќе креираат онлајн  платформа за учење препозната и акредитирана од САЛТО младинските (SALTO Youth Centers across Europe) центри низ Европа, како и националните агенции од програмата Еразмус + (Erasmus+ National Agencies). Кој го имплементира?  11 партнерски организации кои се активни во волонтеризмот во 11 земји во ЕУ, Балкан, Медитеран, Источна Европа и Кавказ (имено: Бугарија, Романија, Украина, Грција, Шпанија, Франција, Тунис, Полска, Грузија и Македонија) Кои се целите на проектот? – Да се обучат првите 30 е- ментори  за волонтерите на Европскиот Волонтерски Сервис; – Да се истражат потребите на волонтерите на ЕВС од обуки; – Да се креира платформа за е-учење која ќе содржи обуки што ги опфаќаат 8те основни компетенции потребни за сертифицирање и евалуација на ЕВС волонтерите; – Да се научат техничките детали за нејзино одржување и подобрување; – Да се направат методи и алатки за акредитација и сертификација на онлајн  курсевите; Учесници : младински работници, младински лидери, млади проектни менаџери, надзорници на ЕВС волонтери, екс волонтери, коорднинатори на младински проекти, социолози, психолози (Не постои возрасна граница на учесниците). Зошто е ова потребно? Иднината е во е-учењето, персонилизираното учење, рапидниот раст на онлајн мрежата (до 2020 година ќе имаме 7 милијарди корисници на интернет – поврзани со вас!), како и поврзувањето и едукацијата на младите луѓе од Европскиот Волонтерски Сервис за креирање на поголемо општо добро. Што треба да направите? Да се обучите и едуцирате …  за тоа ги креиравме следните мобилности на кои ќе учествувате: – Тренинг курс кој ќе се одржи во Лефкада (09-20 Јуни 2015 година), во која по 3 учесници од партнерските организации ќе учествуваат. Ние заедно ќе треба да ги составиме сесиите за онлајн учење преку кои што ќе произлезат 8те основни “клучни компетиции” така што тренингот за волонтери во претприемачки однос ќе биде зголемен, особено во делот на социјалното претприемништво кое што во голема мера е поволно за подготовка за професионален живот. – Тренинг  курс кој ќе се одржи во Романија (10-20 Август 2015), каде што истите учесници од претходниот тренинг ќе учествуваат, со цел да се изведат алатки за евалуација на онлајн сесиите  и да произлезат методи  и инструменти  за сертификација/идентификација на стекнатите компетиции од онлајн учењето. – Тренинг курс кој ќе се одржи на Лефкада (08-15 Октомври 2015). Нашата цел е да овозможиме натамошно развивање на вашите вештини, да станете идни ментори на онлајн тренинзи за доброто на Eвропските волонтери, кои ќе превземат енергична и плодна улога во одржувањето на нашата платформа во добра состојба па дури и во наградба. Трошоци : Патните трошоци за учесниците ќе бидат покриени во максимален износ од 275 евра по учесник, кои ќе бидат рефундири по самиот тренинг. Трошоците за одбор, сместување и материјалите за тренинг се целосно покриени од организацијата. Придонес во ЦЕФЕ Македонија: Онолку колку мислите дека вреди да инвестирате во оваа можност. За учество во проектот, потребно е да се пријавите до 18ти мај 2015 на емаил volunteer@cefe.mk со пополнување на следната апликација. За дополнителни прашања и информации ве молиме контактирајте не на горенаведениот маил.  

Вести

Бизнис средба и саем за кариера во Тетово

На 29ти април 2015, присуствуваме на десеттиот Саем за Кариера кој се одржа на SEEU Универзитетот Југоисточна Европа, при што реализиравме и бизнис средбата со студентите од универзитетот и технолошкиот парк SEEU TechPark. Тимот на проектот „Зошто да одите во странство кога може да останете и да инвестирате во вашата земја“ имаше прилика да им претстави на министерот за образование на РМ, Г-ин Абдилаќим Адеми и ректорот на универзитетот на ЈИЕ, Г-ин Замир Дика, што прави проектот за да ги мотивира и информира младите таленти од Македонија да превземат претприемачки активности. Поконкретно, им го презентираа фактот дека преку овој проект за прв пат кај нас се креира видео содржина за масивен отворен онлајн курс наменет за Македонската и светската јавност. Тоа ќе ја претставува македонската претприемачка приказна на масивниот отворен онлајн курс Beyond Silicon Valley: Growing Entrepreneurship in Transitioning Economies По завршувањето на саемот и вмрежувањето со присутните студенти и 40тина компании, тимот одржа бизнис средба со студентите од универзетот и им презентираше видеа за посредничките организации кои го подджруваат претприемништвото во РМ. Проектот е поддржан од U.S. Embassy Macedonia и доколку сте љубопитни да погледнете фотографии од настанот кликнете на следниот линк http://bit.ly/meetupTetovo

Вести

Бизнис Средба во Скопје

На 28 април 2015 во Американското Катче Скопје American Corner Skopje/ American Educational Center тимот на проектот „Зошто да одите во странство кога може да останете и да инвестирате во вашата држава„ одржа бизнис средба на која се промовираа две видеа од онлајн курсот „Развој на претприемништвото во транзитните економии“. Во видеата е претставена Македонската претприемачка приказна и можностите за поддршка на претприемништвото кои се нудат во Македонија. На средбата присуствуваа студенти и професори од Универзитетот Американ Колеџ Скопје UACS Skopje, претставници од NewMan’s Business Accelerator, професори и ученици од средно економско училиште, млади со свои бизнис идеи како и членови на Американското катче Скопје. Присутните се запознаа со видеото „Улогата на посредничките организации“ и концептот на организации, фондации и технолошки паркови кои им помагаат на младите претприемачи, како и со улогата на бизнис акселераторите во развојот на иновативните бизниси во Македонија. Преку прашања и дискусија присутните имаа можност директно да разговараат и со претставниците од бизнис акселераторот за нивната работа, можностите за соработка, како и да слушнат конкретни приказни од нивното искуство во поддршка на младите претприемачи. Погледнете ги фотографиите на нашата Фејсбук фан страна http://bit.ly/meetupSK

Вести

Бизнис средби на Технички и Правен факултет во Битола

На 27ми април 2015, тимот реализира бизнис средба со 100тина студенти од факултетите во Битола. Целта беше да прикажеме информации за отпочнување и развој на бизнис во Македонија, како и размена на информации и искуства со присутните.

Вести

Бизнис средба Охрид

Средба со студентите од Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, пред кои преку видео спот беа прикажани можностите за бизнис во Македонија. Се претставија концептите на бизнис старт ап центри, бизнис инкубатори, технолошки паркови, фондации и здруженија на граѓани кои го развиваат претприемништвото. Кои услуги ги нудат овие организации, како и успешни приказни кои зборуваа за нивното искуство во користењето на сервисите од вакви организации. Благодариме до присутните 30ина студенти и нивните професори како и претставници од нашите партнери во Охридско Струшкиот регион – Local Development Agency LDA-Struga Погледнете фотографии на нашата Фејсбук фан страна http://bit.ly/meetupOhr

Вести

АмЧам Практикантска програма

Американската стопанска комора во Македонија (АмЧам Македонија) во соработка со своите компании членки распишува КОНКУРС за практикантски ангажмани Програмата на Амчам Македонија „Отвори врата“ има за цел да ги поттикне компаниите членки да создадат услови за практикантска работа за студенти кои потекнуваат од домаќинства со ниски примања. Во 2015 година, компаниите членки на Амчам Македонија нудат над 35 вакви практикантски ангажмани. Сите заинтересирани студенти потребно е да ги достават следниве документи: * целосно пополнета апликација(кликнете тука за да ја симнете апликацијата); * копија од договорот со Министерството за образование и наука за доделување на стипендија за студент од социјалните категории за 2015 година. За овој повик ќе се сметаат за квалификувани студентите од следниве факултети: сите технички, економски, правен, филозофски, филолошки. Практикантските ангажмани ќе се спроведуваат во текот на годината. Кандидати можат да аплицираат за програмата со испраќање на погоре наведените документи на: * следнава адреса: Американска стопанска комора во Македонија ул. Васил Ѓоргов бр.20А, кат 2, 1000 Скопје, Македонија; * следнава е-маил адреса: info@amcham.com.mk. АмЧам Македонија не гарантира практикантски ангажман на ниту еден од пријавените кандидати. АмЧам Македонија ги застапува интересите на преку 100 најуспешни македонски и интернационални компании. Нашата мисија е да бидеме гласноговорници на меѓународните бизниси во Македонија, промовирајќи ја глобалната конкурентност на нашата економија преку разни активности и настани како и преку имплементирање на најдобрите практики. Повеќе информации за организацијата можете да најдете на www.amcham.com.mk.