Вести

Вести

Креираме идни амбасадори за промоција на претприемништвото

ЦЕФЕ Македонија ќе биде стратешки партнер во реализација на проектот „ТоТ и коучинг за идните амбасадори на претприемништвото“ кој што ќе се реализира во првата половина на Октомври 2015 година во Кајзери, Турција. Со оваа активност ја надополнуваме нашата мисија за промовирање на претприемачката култура и вербата во претприемачки и иновативни општества. Ќе се обучат 22 тренери кои во иднина ќе ја користат ЦЕФЕ Методологијата во обучување и развој на бинис компетенциите на луѓето во општествата во кои работат и живеат. Повикот е отворен за 22 заинтересирани учесници (по 2 учесници од Македонија, Турција, Бугарија, Грција, Италија, Романија, Шпанија, Холандија, Естонија, Словачка и Полска). Обуката ќе трае вкупно 12 дена и планиарана е екскурзија до неверојатната Кападокија и богатата историја на Кајзери, кој патем е и најпретприемачкиот град во Турција со огромна претприемачка култура. Координатор на проектот ќе биде ЛИФОС груп од Кајзери, интернационални партнери ќе бидат организации, фондации, универзитети и институти од 12 европски земји наведени погоре, а локални патнери се Општина Кајзери како и Универзитетот Абдула Ѓул од Кајзери. Детали околу повикот и услови за учество најдете во брошурата. Сите заинтересирани кандидати треба да пополнат електронска апликација на САЛТО, (или ако немаат сметка на САЛТО да ја пополнат оваа ворд апликација) и да испратат своја биографија на info@cefe.mk најдоцна до 28ми август 2015 година. Резултати од селекцијата на 3 септември 2015.

Вести

Kако ЦЕФЕ Македонија се издига во светот?

Мислите се РЕАЛНИ и особено МОЌНИ кога се проследени со определена цел, истрајност и силна желба за нивно претворање во материјален облик. Пред неполна година (во летото 2014 година), со нашите ЦЕФЕ партнери од целиот свет, соработувавме и размислувавме за да креираме иновативна идеја која ќе ја подобри едукацијата за вработувањето на младите во светот … Сега сме горди да кажеме дека Европската Комисија ја препозна нашата визија и ни одобри средства таа идеја да ја реализираме во реалноста преку проектот „ГЕТ ЈЕС“. Се работи за двегодишен проект од програмата Еразмус+ , Клучна Акција 2: Стратешки партнерства за градење на капацитетите на младите во светот, кој ќе биде во соработка со нашите партнери од 4 континенти: Platforma Aurea од Чиле, Филипинската CEFE Network Foundation INC, ЦЕФЕ Кариби – Business Work Ltd од Јамајка и CEFE International од Германија. Ние решивме да сме пеперутки наместо гасеници 🙂

Вести

Повик за учесници за обука ,,Клучеви за вработување – развој на меки вештини за зајакнување на младите” во Ерменија

Предложениот курс е дизајниран со цел да се соберат младинските работници и лидери и да им се обезбеди можност да истражуваат и да доживеат нови методи за развој на  вештини кои може да се користат при работа со младите во нивните локални заедници. Тие ќе имаат можност да поминат низ интензивна обука при што ќе  тестираат неколку практично алатки кои имаат за цел потикнување на различни вештини и способности како што се тимска работа , лидерство, ефективно учење  и слично. Покрај тоа учесниците ќе имаат можност да создадат и тестираат некои нови методи кои може да се користат во нивната секојдневна работа.. Во вториот дел на обуката учесниците ќе присуствуваат на сесии со цел да научат како да им помогнат на младите луѓе да најдат алтернативни форми на вработување и користење и промовирање на концептот на меѓународна мобилност на младите . Профил на учесници Младински работници и лидери заинтересирани за истражување на нови начини за борба против невработеноста меѓу младите Да имаат претходно искуство во областа на обуката и да бидат подготвени да ги споделат своите знаења и методи со другите учесници Заинтересирани за понатамошна соработка со слични организации од другите европски земји Да бидат спремни за течна комуникација на Англиски јазик Место и временска рамка на одржување на обуката е градот Агверан во Ерменија од 07 – 16ти Септември. Трошоци : Патните трошоци ќе бидат рефундирани во износ до 275 евра по учесник. Доколку сте заинтересирани за учество на оваа обука ве молиме пополнете ја електронската пријава. За дополнителни информации и контакт ве молиме пишете на kasia.icirld@gmail.com или на volunteer@cefe.mk

Вести

Земете учество во курсот „Претворање на потребите на младите во акционен план“ во Италија

Претворање на потребите на младите во акционен план за инклузивен раст на заедницата е 7 дневен курс во кој се вклучени 33 младински работници и 11 младински организации од земјите на ЕУ и Западен Балкан ( Италија, Босна и Херцеговина, Естонија, Косово, Холандија, Литванија, Македонија, Црна Гора, Полска, Романија, Србија). Што се нуди ? Обуката нуди неформално и креативно размислување поврзувајќи управување на проектен циклус со неформално образование, обезбедуваји  ги младинските работници со знаење, клучните компетиции и практични алатки потребни за развој и испорака на проекти во полза на заедницата. Кои се учесниците : Младински работници ангажирани со работа во различни групи на млади луѓе Мотивирани да учат за управување со проекти и развој на заедницата Нема старосна граница Можност да комуницираат на англиски јазик Сакаат да дејствуваат како мултипликатори во заедницата по враќањето назад Место и временска рамка на одржување на обуката е градот Калтанисета / Сицилија во Италија од 17/09/2015 – 23/09/2015 . Трошоците за пат ке бидат покриени во износ од 275евра по учесник а трошоците за сместување и престој се целосно покриени од организаторот на обуката. За учество од Македонија се предвидени 3ца учесници па сите заинтересирани кои сакаат да бидат дел од оваа обука ве молиме симнете ја формата за аплицирање. Одкако ќе ја пополнете пратете ја на маил најкасно до 10ти Јули на volunteer@cefe.mk . За дополнителни прашања и информации слободно контактирајте не  на горенаведениот маил.

Вести

Повик за учесници на тренинг курс во Велика Британија

Курсот кој се одржува од 17-23ти Август во Англија има за цел да им даде доверба на оние кои ги развивааат меѓународните активности во рамките на Еразмус + програмата и стекнат вештини за да ги влкучат лицата со оштетен вид и слепите  млади лица во нивните идни проекти. На овај курс ќе присуствуваат 30 учесници од 5 земји и тоа : Грција , Македонија, Полска, Романија и Англија. ЦЕФЕ Македонија е партнерска организација на овај проект. Доколку сте заинтересирани да земете учество, прочитајте повеќе  и аплицирајте на следниот линк. За секои останати  прашања ве молиме контактирајте не на маил volunteer@cefe.mk