Вести

Вести

„Национален семинар за учење на возрасни преку искуствени методи и размена на алатки“

На 20ти и 21ви декември 2019 година, во Битола се реализираа два еднодневни настани насловени како: „Национален семинар за учење на возрасни преку искуствени методи и размена на алатки“ од страна на ЦЕФЕ Македонија, во рамките на проектот „Искуствено учење за возрасни“ наменет за развивање на вештините на мигрантите и лицата со помалку можности и укажување на помош при нивна социјална интеграција, како и нивна едукација за решавање на конфликти преку подобрување на условите за живот,  поддржан од страна на Турската Агенција за мобилност и едукација , а координиран од страна на Турската организација „GAZIANTEP EGITIM VE GENCLIK DERNEG “во партнерство со организациите „ЦЕФЕ Македонија“, „EURO-NET“- Италија, „ASSOCIATION FOR EDUCATION AND DEVELOPMENT OF DISABLED PEOPLE“ – Грција, и „BALKANSKA AGENCIYA ZA USTOYCHIVO RAZVITIE“ од Бугарија. Првиот настан се одвиваше на 20ти декември  во просториите на Факултетот за Информатички и Комуникациски Технологии, каде учесници беа претставници од образовните институции, додека на вториот настан кој се одржа на 21ви декември во конференциската сала на х.Милениум,  учествуваа едукатори од граѓанскиот сектор, како и претставници на бизнис секторот. Целта на настаните беше споделување на корисните методи и алатки со учесниците преку панел дискусија и промоција, односно, запознавање на учесниците со прирачникот за едукатори чија содржина е составена од конкретни методологии за искуствено учење, а кој произлезе како финален аутпут од целиот проект под менторство на партнерите во проектот. Прирачникот може да го погледнете на следниот линк: https://issuu.com/cefemacedonia/docs/manual-for-adult-educators_interactive_

Вести

Успешните искуства на “Џојфул Лидершип” во Хрватска од нашите учесници

Една од учесничките на обуката на “Џојфул Лидершип” што се одржи од 9 до 17 ноември 2019 во Загреб, Хрватска, Олгица Илиевска, ги сподели искуствата од овој тренинг. Обуката траеше 7 дена и беше организирана од Udruga O.A.ZA. Имавме професионални тренери од Хрватска и Унгарија. Во текот на обуката имавме можност преку, практични примери, симулации, демонстрации и лично менторство да научиме како да ги развиеме вештините за да станеме лидери, како да ги искористиме тие вештини, како да бидеме инфлуенсери и да ги инспирираме и мотивираме другите. Зборувавме за видови на лидество и каква моќ поседуваат лидерите, како да ги поставиме нашите цели и како да ги реализираме, исто така како на ефикасен начин да ги претставиме нашите идеи пред другите. Освен тоа научивме како да го организираме нашето време за да бидеме поефикасни, како да бидеме дисцилинирани во остварување на нашите цели и како да успееме да го балансираме нашиот живот. Имавме практични примери и вежби кои ги правевме поделени во групи, каде се стекнавме со знаење и искуство како успешно можеме да ги извршиме задачите во групата. Бевме околу 30 луѓе од 10 различни групи, со кои станавме добри пријатели, и од кои научивме многу но исто така и споделивме наши искуства и знаења. Дефинитвно прекрасно искуство каде се стекнав со многу нови вештини и прекрасни пријателства. Изјава: Олгица Илиевска

Вести

Новите национални херои на државата се семејните бизниси

Со оглед на економските процеси низ кои изминативе 25 години минува Македонија, може да им се даде признание на семејните бизниси дека се новите национални херои, затоа што и покрај бројните предизвици на земјата, тие опстанале до денес и вработуваат и ги одржуваат локалните економии. Ова беше еден од заклучоците од Форумот за успешно наследување на семејните бизниси, кој на 21 и 22 ноември 2019 година се одржа во Битола. Наследниците на семеен бизнис, претставниците од институциите и од образовниот сектор, дискутираа и споделуваа мислења со цел да се дадат препораки за креирање на политики за поддршка на транзицијата на семејниот бизнис од една генерација во друга. Иако секој семеен бизнис е различен и не може да се аплицира единствен метод или модел за нивните предизвици, потреби и проблеми, сепак меѓу генералните препораки се: Да се прошири свесноста за добивките и за постоењето на семејните бизниси во една локална економија, преку негување на претприемачката култура во училиштата, институциите и семејството. Да се поддржат наследниците на семејни бизниси во градење на нивни компетенции и знаења, преку обука, коучинг и менторство. Да се инволвираат како посебна категорија во финансиска или техничка поддршка што се даваат преку оперативните планови на државните институции, Учесниците на форумот се изјаснија дека најсоодветен начин за стекнување со нови знаења и вештини кои ќе ги применат во успешно превземање на семејниот бизнис е преку обука, како и споделување на искуства со други претставници на семејни бизниси. Овој настан имаше цел да поттикне дијалог за креирање политики за економски развој и беше претставен и во светски рамки преку Глобалната недела на претприемништвото 2019, што се случува во Македонија од 18 до 24 ноември 2019 година, благодарение на организацијата која ги обединува поддржувачите на стартап екосистемот во државата – Стартап Македонија.

Вести

Истражување за поддршката на семејните бизниси во Македонија

ЦЕФЕ Македонија во рамките на проектот „Успешно наследување на семејни бизниси во Македонија“ поддржан од Епазмус+ програмата и Националната агенција за европски образовни програми и мобилност  извршува истражување за поддршката на семејните бизниси во Македонија како и креирање на политики за нивна одржливост, напредок и интернационализација. За таа цел креирани се два прашалници за две целни групи: Првиот прашалник е наменет за локалните власти и креаторите на политики. Се однесува на  улогата и поддршката што ја даваат државните институции на семејните бизниси. Прашалникот ќе го најдете на линкот: https://forms.gle/LjkLBuVSkkV33Y5FA Вториот прашалник е наменет за да се испита јавното мислење на тема кои се потребите на семејните биснизи во Македонија. Прашалникот ќе го најдете на следниот линк: https://forms.gle/erwH32ws5PiwrMv46 Со пополнување и споделување на  прашалникот, придонесувате семејните бизниси во Македонија да добијат поддршка во однос на креирање на политики со кои ќе им се олени процесот на наследување, едукација, раст и развој на бизнисот, а истовремено ќе помогнете и во севкупниот развој македонската економија. Имајќи го ова во предвид, вашиот одговор нема да остане на хартија, туку навистина ќе им помогне на надежните и перспективни  лица да ги остварат своите претпреимачки цели и да дадат придонес кон градење на подобро општество за сите.  

Вести

Beyond Silicon Valley – онлајн курс за претприемачи

Мајкл Голдберг, претприемач и професор на  универзитетот Case Western Reserve од Кливленд, на 23.10.2019  беше домаќин на  Зум семинар на кој  учествуваа студенти од самиот универзитет како и гости говорници од различни држави: Фатос Аксеми од Центарот за иновации во Јакова, Косово, Јован Сталевски од ЦЕФЕ Македонија и Касилда претприемач од Венецуела кој живее и работи во САД. Главниот фокус на гостите и студентите беше темата: Како  војната/политичките кризи влијаат врз економијата и претприемништвото. Исто така се стави акцент на можностите за подобрување на Претприемачкиот Екосистем на Венецуалела, зголемување на неговата ефикасност и можностите за поддршка за старапи во пост-кризините периоди. Пред семинарот студентите од Универзитетот CWR направија интервју со 14 претприемачи од Венецуела за тоа како би функционирал бизнис или претприемништвото во момент на криза. Во 2018 година професорот Голдберг го претстави курсот  Beyond Silicon Valley пред група студенти од Сирија кои го следеа курсот рамо до рамо со група  негови студенти од CWRU. Студентите од двете групи заедно доставија предлог препораки до Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) наведувајќи ги можностите како претприемачите можат да бидат потпомогнати и поддржани во повоените области. Погледнете го краткото видео тука. Искуството и активностите на ЦЕФЕ Македонија во овој семестар и есента 2018 година беа земени како пример во градењето и зајакнувањето на претприемничкиот екосистем во земјата, а исто така служат како пример за улогата и придонесите на една организација во поддршката на економскиот развој. Видеата  за поддршката на македонските претприемачи можете да ги погледате тука. Исто така, книгата што ја промовира улогата на ЦЕФЕ Македонија во македонскиот екосистем може да ја превземете тука. Професорот Голдберг го лансираше курсот  Beyond Silicon Valley на Coursera во април 2014 година и привлече  над 175.000 студенти од 190 земји во текот на изминатите 5 години. Beyond Silicon Valley  е преведен на 16 јазици (повеќето на платформата Coursera) вклучувајќи го и шпанскиот. Повеќе семинари од ваков тип како и дискусии во живо ќе се одржат во одредени понеделници и среди од 12: 45-2 часот попладне, сметано по Каракаско време, во текот на есенскиот семестар на CWRU кој почнува кон крајот на август и трае до почетокот на декември. Сесиите ќе бидат снимени и ќе ги користат студенти кои не се во можност да присуствуваат на дискусиите во живо.

Вести, Медиа

За социјалниот бизнис на Националната Телевизија

Сте го слушале терминот социјално претприемништво околу вас? Сигурно и ве интересирало што тоа претставува? Дали воопшто тоа кај нас има примена? Дали некој се занимава сериозно со тоа? А можеби и дали е одговор на сечија мисија што секој традиционален бизнис треба да ја има? На сите овие прашања, дискутираа Јован, Бубе, Симона и Невен, во емисијата Тунел на Македонската Радио Телевизија, заедно со водителката Живкица Каленикова. Јован Сталевски, претседател и обучувач на здружението за обука и поддршка на претприемачи “ЦЕФЕ Македонија”,  објасни што е поимот социјално претприемништво, од каде доаѓа, каква поврзаност има со социјалниот бизнис, каква едукација е потребна за основање социјално претпријатие и какви вештини се потребни за успех. Љубомир Стојчевски, од ресторанот за здрава храна “Фрешис”, зборуваше за бизнис моделите на социјално претпријатие, како и за законските регулативи во однос на донации. Симона Станковиќ, Национална Координаторка на наградата за социјално претприемништво СИА Македонија, зборуваше за ширењето на социјалното претприемништво низ светот, резултатите во Македонија, колку нашите млади размислуваат како социјални претприемачи, како и детали за СИА наградата. Невен Стевчев, основач на Трибенкс, социјален бизнис концепт кој преку секое наше букирање сместување онлајн, тие садат по едно дрво, ја раскажа својата приказна и некои освестувачки пораки за кревање на свесноста за зачувување на природата преку социјални бизнис модели. Она што ги собра овие говорници на едно место е заедничкото верување дека социјалните промени се неопходни за изградба на општество каде секој ќе просперира. И како што технологијата и мислата напредуваат, се надеваме дека ќе дојде денот каде социјалниот бизнис нема да биде дискутиран како посебна категорија од другите форми на бизнис, бидејќи секој бизнис првенствено треба да создава вредност која ќе има влијание врз квалитетниот живот на луѓето во општествата.